1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кошарка

Дискусија во 'Спорт' започната од Angelche, 22 мај 2011.

  1. Gi.ir.ll

    Gi.ir.ll Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    60
    Еден од омилените спортови ми е кошарка :D
     
  2. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    :clap: :clap:

    Тренирам кошарка.
    Кошарката многу ја сакам како спорт, за да извишам и за рекреација, и ќе кажам дека ќе ми треба многу работа за да се занимавам професионално со ова.
    Не дека не сум ја сфатила сериозно работата, ама некако како отфрлена сум со сите поголеми, иако јас имам предност, затоа што сум помала, имам можности да трчам побрзо да ја крадам топката како најниска и сето тоа, иако има и маани. На пример дека сум најмалечка од тие се чувствувам како отфрлена, во некои моменти и многу грдо ми е па затоа денеска не појдов.

    Пред некое време мислев дека спортот не е за мене, пробав со се и сешто, ама искрено нема да се откажам, не ми е за тоа што сум плаќала пари, најмалку за тоа.
    Едноставно убаво е да се спортува, ме влече нешто кон кошарката, а и плус се извишува од неа.
    Се надевам дека ќе бидам поуспешна па ќе дојдат да ме гледаат на натпревари, а да не зборувам за уште нешто повеќе... како на пример да ја претставувам Македонија на Олимпијада иако тоа е голем чекор, а може и да остане само еден неостварен сон, но јас да не мечтаам напразно.
    Со работа и со пот.
    Се се сака ако се може, само уште малку мотивација и желба за тренинзиве што следат.
    И секако како доказ на „нашата љубов“ мојата торта ќе биде со баскет. :l:
     
    На Shpagetta, Anna-Banana и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  3. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Тренирам уште од 5 години,а сега имам 15,тренирам веќе 10 години.
    Татко ми бил кошаркар,мислам дека од него го наследив тоа :) И знам дека сега се гордее со мене,иако замина прерано и неможеше да ги види сите мои успеси,за жал :(
    Кошарката е мојата најголема љубов,одсекогаш сум ја сакала,секогаш само со баскетот под рака и се ми е подобро.
    И во најтешките денови,наместо да плачам,сум била на игралиште,сум постигнувала поени и сум се радувала.
    Тоа ме прави среќна,тоа е мојата најголема љубов.
    Уште од мала бев многу амбициозна :D И сега сум,колку и да сум добра,сакам уште подобро.
    Постигнував и до 100 поени на утакмица,сега постигнувам уште повеќе,и секогаш се трудам,на секоја утакмица го оставам срцето на терен. :)
    Тоа е мојата љубов,мојата радост.
    Знам дека тато се гордее со мене :l: :l:
     
    На QueenElena, Shpagetta, Anna-Banana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Floyd12

    Floyd12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    110
    Обожавам кошаркааа .... :inlove:
     
  5. vale.96

    vale.96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    10
    тренирав кошарка порано ама заради некои незнам кои причини престанав. и сега сакам пак да се запишам на кошарка некаде за да извишам бидејќи сум многу ниска. на мои 16 години сум само 150. и многу имам желба да извишам. е сега ќе ве прашам дали знај некој на форумот каде има за почетници пошто од порано не играм и све заборајв. иначе јас сум од Битола и ако некој знае каде можам да се запишам, го молам да ми пиши или тука или во лп. фала однапред. :D :*
     
  6. Moretti

    Moretti Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    1.051
    Тренирав кочарка 1 ипол година и се повредив и морава 3 месеци да одмарам па потоа се растури групата и престанав а многу сакам пак да почнам ама не ми одговараат термините :doh: И да гледам кошарка :P одам и на натпревари
     
  7. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Ја сакам кошарката! Поретко играм! :)
     
  8. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    после тенисот ми е кошарката ;)
     
  9. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    У а, кошарка.. :roll:
    Без навреда на баскет-фанатиците, али не ја сакам кошарката. Само еден допир и фаул? Ма немој?! :^) На пример, во ракомет носот си го кршат, па нема фаул, а овие кошаркариве нежни, нежни, чиниш ке се скршат.. За женска кошарка, ај пак и пак, али за машкиве.. НЕ!
     
  10. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Јас тренирам кошарка :inlove: И тоа тренирам со огромен мерак, ја обожавамм :)
     
  11. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    Многу сакам кошарка :!: Играм за школо :angel: и во академја
     
    На grobarka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Мене па воопшто не ми е исклучиво машки спорт.Не тренирам,ама следам натпревари (претежно NBA) и на физичко често си играм.Брат ми ми ги наметна Miami Heat,па ете,се радувам за секоја нивна победа :)
     
  13. grobarka91

    grobarka91 Активен член

    Се зачлени на:
    17 март 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    treniram kosharka od 12 godini...od 5 godini navivam za Partizan i seushte sum verna grobarka..pochnav za niv da navivam kako za inaet na tatkomi poshto toj e za Zvezda :P ama so vreme gi zasakav..A od NBA sum za Lejkersi :D
     
  14. Zaljubena11

    Zaljubena11 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Девојќи утре одам за СК преку кошарката со училиштето. Таму ќе седиме кај деца и што е нормално, но јас малку се плашам, што ако не ми се допадне семејството или пак ако татко/брат е манијак ? Некако се плашам дека нешто лошо ќе ми се случи па дај ако може малце помогнете ми само побрзо. Поздрав ;( ;(
     
  15. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Па ако е манијак ти сигурно нема да седиш кај него ;) Ќе бараш да се преместиш во друг дом ;)
     
  16. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Тренирав кошарка 3 ипол години ама за жал се отпишав,тренинзите ми беа од 17 30 до 19 30 а јас 2ра смена часовите до 18 30 дур стигнам 30 мин и отиде скоро цел тренинг,и морав да се отпишам :| А бев многу добра :!: (особено за 3ки),ама пак си играм кошарка за школо :)
     
  17. Anastasija245

    Anastasija245 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Следам НБА веќе 2 години, омилен клуб ми е Бостон уште од самиот почеток.
    Омилени нормално ми беа Гарнет и Пирс,Рондо е тука но бидејки Гарнет и Пирс со Тери заминаа кај Нетс валјда преминуваат во непријатели :D Останува да ја видиме следната сезона
     
  18. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Ја сакам кошарката и тренирам кошарка веќе една година.
     
  19. Macedonian08

    Macedonian08 Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    И јас тренирам, веќе 3 години :) Многу ја сакам, имам постигнато многу успеси, освоено имам 2 пехари и 7 медали (4 злато, 1 сребро и 2 бронза), и многу сум горда на себе :) Го обожавам спортов, многу, најмногу :D Немам омилен тим, ама затоа пак навивам кога игра Македонија :D
     
  20. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.353
    Пол:
    Женски
    Кошарка..уживам кога гледам кошарка...омилен кошаркар ми е Коби Брајант,а омилен кошаркарски клуб ми се Лејкерси..дури и нацртав карикатура на Коби и си ја закачив в соба и си напишав на листот:
    Basketball is wild.Basketball makes you stronger.
    He plays in purple and wins for gold.He's on the top.
    One legend.One power.One love and sport spirit.
    SIMPLE THE BEST!
    Better than all the rest!

    [​IMG]
    :$