Кошмари

Дискусија во 'Психологија' започната од FroggyLover, 15 март 2022.

  1. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Дали често имате кошмари? Мене последниве 2 години многу ми зачестија. Ептен е чудно затоа што немам некои страшни помисли или грижи кои ме мачат подолго време туку онака рандом доаѓаат. Можам да сум среќна и весела тој ден и потоа ноќта да сонувам нешто страшно. Читав на интернет дека може да значи многу нешта, дури и дека пореметени хормони влијаеле! Со заспивање си немам проблем, станувам од 6:30 сабајле и вечерта сум уморна па успевам да спијам. Исто имам и месечарено, сум се тресела во сон но поретко, такви некои немирни начини на спиење.
     
    На Волкот и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  2. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    12.238
    Пол:
    Женски
    Јас има периоди кога многу сонувам во ПМС или овулација. Не е страшно што сонувам туку како реагирам на сонот. Во обични денови ќе станам и ни не мислам на сонот, ама во такви денови и истиот сон претходно да сум го сонувала се будам со тахикардии и паники, едвај се смирувам. Чувството во такви денови ми е ужасно, и ден ми расипе, цела сум после испаничена.
    Како ноќеска, буквално цела ноќ сонував војна. Се будев на секој саат и пак продолжував со тој сон. Сабајле не знаев кај ми е главата :doh:
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.389
    Пол:
    Женски
    Еднаш имам сонувано комшар апла онака кошмар.Ме бркаше еден човек и сум се дерела дури во сон.А иначе редовно сонувам како колам некој или како ме колат, или како ме мава кола.Ама ништо страшно не ми е.
    А и да лани, кога рипнаа бројките, додуша и октомври таму 2020.Значи две години во ист период нели рипаат, ама 2020 поготово дека ново нѝ беше сѐ.Сум сонувала како го заразувам татко ми со корона и починува..па рипав од кревет му идев во спална да видам дали дише.Не можев еден период така месец дена да спијам од грижа на совест, јас да не ги заразам и да не им се деси нешто.А вака пример да сонувам нешто, да станам препотена и да продужам да спијам-не.За себеси не се плашам.Ама пандемијава ми влијаеше на психата.
    А и еднаш, ова е смешно, сонував како ми паднал таблетот и сум го скршила, и знам дека тогаш стварно рипнав ХСХАХАХСХСХА и видов дека уствари е сон.
     
    На Cosmic Girl и FroggyLover им се допаѓа ова.
  4. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Јас многу често имам кошмари.
    Последен беше па нема ни недела дена сањав како избегало од куќата спроти на таа што бев јас некакво животно бесно што гризело се дури и човекот што го чуваше беше без раце нозе и пола лице и двајцата рипаат и се касаат. Избегав внатре и од никад емногу луѓе влагаат внатре бегаат и рипнав низ прозор и тука се разбудив. Срцето мислам дека 20 минути брзо ми чукаше. Ама навикната сум па се свртев на Др страна и можев и дишев да се стабилизирам. :D
     
    На Волкот, nevermet18 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  5. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.308
    Допаѓања:
    9.357
    Пол:
    Женски
    Сега син ми од кога почна да ги отвора вратите сам и да излегува, ноќе почнав кошмари да имам од ова, цело време сонувам како станал од спиење и излегол низ врата, среде ноќ се будам преплашена и одма одам до креветчето да видам дали спие.

    А синоќа го оставив со мене на спална да спие, ама едно време многу клоцаше и го преместив во креветчето, и стандард си сонувам како отвора врата и излегува.
    Кога се разбудив и видов дека не е до мене, толкава паника и страв ме фати, срцето мислам дека ми излезе, и одма рипнав од кревет, кога го видов во креветчето се сетив дека јас го преместив. (facepalm)
     
    На Ljubova и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  6. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш сонував како некоја жена гори и како кога пробав да и го изгаснам пожарот и мене ми се пренесе пламенот. Се такви некои чудни.
    Имаш среќа што уште е мало. Јас месечарев на 7-8 години и моите ме наоѓаа во други соби, ходници чак дури еднаш и по скали надолу сум се симнала :D
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.203
    Допаѓања:
    57.057
    Пол:
    Женски
    Кога имам кошмари најчесто вклучува крај на светот, некој се обидува да ме убие мене или сите околу мене и најчестиот кошмар огромни бранови како ме потопуваат и се давам. Како кошмар можам да ги сместам и соновите како сум бремена, не дека тоа е лошо според мене, ама во сонот секогаш ми изгледа престрашно и му се случува нешто лошо на бебето.

    А имам и таканаречени "убави кошмари" кога сонувам неостварени и потиснати желби, односно кога сонот е подобар од реалноста и тоа повеќе ме тепа на психа отколку овие првите што ги спомнав. :smirk:
    Утрово така порано се разбудив ради ваков сон и не можев да презаспијам.
     
    На Ljubova, Cosmic Girl, nevermet18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    16.980
    Пол:
    Женски
    Кошмари секогаш имам кога сум под стрес, тоа ми е аларм дека треба да превземам нешто во врска со стресот.
    Кошмарите ми се ужасни, филмови цели. Најчесто сонувам војни, елементарни непогоди како земјотреси, урагани, демони, ѓаволи, се и сешто. Имаше период кога сонувам како умирам, и во сонот како полека умирам и си ги спомнувам фазите, умрена сум и си викам, значи вака било кога ќе умреш и наеднаш ги отворам очите (facepalm). Сонувам најчесто како имам некоја болест. Во последно сонував како сум имала голема бенка, и си викам леле имам меланом, па после не е меланом. Сонував како ногата ми помодрела и се гледам под јорган и другата нога џигер модра, па требало да ми ги сечат нозете, абе ужасиии :worried:.
     
    На Cosmic Girl и Angie1432 им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.907
    Допаѓања:
    130.110
    Пол:
    Женски
    Имам кошмари како некој ме брка или некаква катастрофа. (facepalm):rofl:
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Имам повремено, а најчестите кошмари ми се поврзани со лифт. Ме брка некој, влагам во лифт; се возам во лифт, ко да сум влегла во пеколот, стравувам на кој спрат ќе застанам и што ќе ме дочека; се возам во лифт и свесна сум дека на крајниот спрат ме чека тој/тоа од што бегам; се возам во лифт, почнува да паѓа; искачам од лифт и бегам низ спратови, ме брка некој; и скоро секогаш е лифтот и зградата од пред 20 години кај што живеев.
    А немам страв од лифтови, ниту пак нешто лошо ми се има десено со/во лифт. Немам појма зошто кошмарите ми се поврзани со лифт. :D
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.206
    Пол:
    Женски
    Скоро секоја вечер имам кошмари. Насабајле место одморена ја станам уште поизморена од вечерта.
    Најчесто сонувам војна, дека некој сака да ме убие мене или некој мој близок, дека некој сакал да ме силува... Некогаш дури и ме нема во соновите, некој друг гледам како убиваат итн итн. И многу често истите сонови ми се повторуваат. |(
    Пред некој ден сонував дека сум била на нива и имало многу коњи во близина и иделе право накај мене, и дури збореа: "Ај мори бегај од нашата нива, ако не се тргнеш одма ќе те згазиме". Сабајлето ми беше смешно, ама во сонот ќе се покакав од страв дека ќе ме прегазат. :D
     
    На Волкот и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  12. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.083
    Не можам да кажам дека немам кошмари од време на време но значително поретко сонувам страшни сонови за ралика од порано, а парализа во сон немам веќе долг период. :)
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    @Amellie13
    Единствен кошмар што ми се повторувал подолго време е баш сличен како твојот -со брановите.
    Стојам на брег, на плажа или на пристаниште и гледам огромен бран вода како се приближува со голема брзина кон брегот. Висок како облакодер, долг од едниот до другиот крај на брегот, малтене не му се гледа крајот од никаде. Најстрашниот момент е сознанието кога сфаќаш дека нема да можам да го избегнам ударот:worried:.
    Ако бегаш, не можеш да му избегаш доволно брзо, ако сакаш да го заобиколиш не можеш.

    Многу е битно како се разрешува кошмарот во сонот.
    Ти велиш дека те поклопува или се давиш.

    Да, на почетокот кога почнав за првпат да ги имам овие кошмари, така се завршуваа исто како кај тебе- со импакт, хаос, давење и ужас и се будев нагло.
    Ама потоа читав за луцидни сонови каде што си свесен дека сонуваш и имаш некоја повеќе или помалку ограничена контрола врз содржината на сонот, ама сепак е контрола некаква.
    Читав дека за тоа да е можно такво сонување, битно е поставувањето намера да сонуваш таков сон однапред, т.е. пред да заспиеш. Односно пред да заспиеш си ставаш сам на себе мисловен потсетник дека ако сонувам таа вечер, сонот ќе биде под моја контрола или некоја слична намера (на пример да сонуваш за одредена работа). Така подоцна почнаа овие кошмари да ми имаат поинаков исход, односно секој од нив завршуваше со барање излез и справување со ситуацијата и избегнување на опасноста наместо со давење.
    Во многу мал број од случаите кога го имав овој сон се решаваше со тоа што сум одела кон него (не од него) и сум се нурнувала под бранот да поминам под него. Ама ова обично не ми беше омилена опција, зошто знаев дека контактот би бил пресилен и фатален (логика во сон, бе! :D).
    Обично сонот ми завршувал со тоа што успевав да избегам на нешто повисоко или подалеку од брегот. Парадоксално, со оглед на тоа дека знаеш дека не си побрз од водата, ама ете магично успевав некако. Трчаш, се качуваш, бегаш, а водата секогаш зад петици и се во брзање. Дури и луѓе среќавав попатно по скали па ги спасуваш и нив, им викаш нагоре не надоле! Абе цепки! Холивудски ептен! :D
    Ама како и да е кога ќе се разбудев после таков сон утрото чувство не беше баш исто како првите пати (во терор се будиш). Имав чувство на поголема самодоверба и некоја попозитивна слика за себе, зошто сепак си се спасил со свои сили.
    Не се осеќав толку уплашено и стресено...само уморно од бегање :D

    Траеа истите кошмари, со истата содржина се додека ги оставав неразрешени. Значи некаде околу година- две ми се повторуваа, на неколку недели, некогаш после поголема пауза, некогаш почесто.

    А и се менуваа и стануваа со тек на време се посимболични и побизарни. Така прво беше вода, бран и цунами. Ама во последните сонови веќе не беше ни вода тоа што иде кон мене туку само дводимензионална црвена рамна површина, како платно...и движењето не и беше рамномерно како на бран, туку во брзи нагли скокови (како со ефекти на хорор филм -бам, бам, бам!). И што е најчудно овој сон ми беше дури и пострашен од тие претходните со вода.:D(facepalm) Хичкок мислиш ги режирал! :D

    Тогаш седнав со една пријателка психолог и заедно го анализиравме и успеав да го разрешам. Со нејзина помош, открив некое за мене многу логично објаснување. Таа ми помогна да ги освестам некои мои лични стравови и од тогаш не сонував веќе ваков сон. Просто престанаа.
    Ја расклопивме симболиката на она што го сонував и што за мене лично значат нештата што ги сонувам. Не баравме универзални толкувања на симболите, како на пример од соновници, прирачници или од толкувања на некој психолог што ги истражувал симболите во сонот, туку баравме што мене лично ми симболизираат тие нешта. По пат на асоцијација би можела да кажам: на пр. што ти симболизира на тебе црвената боја, што пак водата и сл. Потоа одиш понатаму: која емоција ти ја предизвикува нештото што се крие зад тој симбол, страв, анксиозност, ужас..
    И конечно зошто ти ги предизвикува тие емоции нештото со што доаѓаш до маката што те мачи. Проблемот што најверојатно не си бил свесен дека го имаш, не па да си работел на него.

    Штом веќе се освести проблемот, потоа можеш да работиш на негово решавање и надминување, многу јасно. Со тоа мозокот веќе нема потреба да те потсетува со кошмари дека имаш некој потсвесни неразјаснети прашања. И кошмарите исчезнуваат.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.812
    Допаѓања:
    80.622
    Пол:
    Женски
    Ретко се случува. Ако имам кошмар, тоа се духови и природни катастрофи. :D
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.203
    Допаѓања:
    57.057
    Пол:
    Женски
    Има смисла сето ова што го пиша.
    Денес исто сонував бран, но овој пат беше помал и не доволно голем за да ме поклопи. Водата ми дојде само до глуждови. :)
    Мислам дека е ради тоа што одреден дел од психата успеав да смирам.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.725
    Пол:
    Женски
    Како се справувате со овие сонови? Имав кошмар на попладневна дремка, се разбудив исплашена, уште не можам да се приберам.
     
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.342
    Пол:
    Женски
    Обичен сон. Не му придавај значење и ќе го заборавиш за брзо.
     
    На Snowflake99 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.725
    Пол:
    Женски
    Се немам вака преплашено со години. Ужасно чувство. :(
     
  19. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    16.980
    Пол:
    Женски
    Јас секој втор ден имам кошмар, навикната сум веќе. Најверојатно нешто си под стрес, па имаш кошмари.
     
    На Snowflake99 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. metallicaAa

    metallicaAa Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2022
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    467
    Пол:
    Машки
    od so?