Единствено парче што го немам во плакарот а сметам дека добро ке ми стои. Во овие кошули гледам елеганција доколку се искомбинира како што треба. Многу ми се допагаат и што побрзо сакам да си купам
Немам купено, бидејки лошо ми стојат, имам стомаче. Но на лето кога ќе ослабнам обавезно ќе купам, многу ми се убави.
Се уште немам а ќе си набавам. Многу ми се елегантни и кога не знаеш што да облечеш мислам дека се прав избор и за миничи пример сукњи со висок струк па дури и обични фармерки
И јас ги сакам, за жал имам само една сега за сега, ама планирам да набавам уште некоја.За лето имам и 2-3 маички свилени и малку проѕирни и ги обожавам.Кошулчето си го купив за нова година, јас си сакам такви работи, со нитни ау, па ептен ми се погоди. Мене не ми изгледа вилгарно, туку напротив елегантно и женствено. Eве јас мојата како ја носам и комбинирам и сметам дека воопшто не личам на проститутка, барем досега не ме прашале колку барам за вечер
Сметам дека се чиста глупост. Па поготово кога ќе видам некоја облекла проѕирна кошула, а одоздоле боди... ужас! Сакам полупроѕирни маици, малку од малку да се просветлува само, а не се да биде на видик.
Имам две, една шарена со кратки ракави и една класична бела со долги ракави. Ги комбинирам со фармерки, навистина добро стојат. Морам да си купам повеќе.
голем љубител сум на кошули ги имам во мојот плакар многу исто така ги комбинирам со се имам секакви бои едноставо ги обожавам
Имам црна проѕирна, често ја носам ама многу многу е проѕирна и не е баш за секаде. Инаку зависно од приликата некогаш ја носам со градник одоздола а некогаш со корсет. Зависи.
Полно имам во плакарот,оваа што ја купив пред некој ден едноставно ја обожавам премн е убава а и материјалот е ептен пријатен
Каде можам да најдам добри брендирани кошули и сакоа за женски? Нешто помеѓу класика и кежуал ми е потребно со оглед на тоа што имам 22 години.