Многу ми се шик и ми преовладуваат низ гардеробата. Имам и подолги и кратки, стандард бела, розева и сива, карирани, со коцки и една со цветчиња. Ги комбинирам со фармерки и џемперче, во сукња и откопчени над рамбовка. Кога не знам што да облечам, а сакам да изгледам едноставно,а елегантно-ова ми е полн погодок. Најубава ми е тексасната, која ја носам со панталони во боја.
Кошулите може да се носат со здолништа, панталони, фармерки, хеланки, а нивната прилагодливост е нивна најдобра карактеристика. Оваа есен, кошулите се неопходни во секоја комбинација. Носите ли кошули, за секаква пригода или само кога треба свечено да сте облечени? Јас обожавам кошули, но немам многу парчиња во мојот плакар.
Имам многу кошули во најразлични бои и дезени. Таков ми е стилот и многу ги сакам бидејќи лесно се комбинираат - со џемперче, болеро, марама, некое парче накит, каиш... Имам кратки кошули, долги, со кратки ракави, со долги ракави, без ракави, симетрични, асиметрични, еднобојни, повеќебојни, карирани... Пред некој месец најдов пакет со стара облека од мајка ми во која имаше преубави кошули. И ниту една не беше обична, туку сите беа украсени со везени цветови, чипка и имаа „руски крагњи“. Душата им ја извадив од носење
Обожавам кошули од проста причина што можам да ги искомбинирам со било што. Имам најразлични кошули во секакви бои, е сеа проблемот е што сум мн зимурлива и нема да можам да ги носам овој период али ќе ја почекам пролетта
Ги обожавам Ептен се добри за есен-пролет т.е. меѓусезона ,многу се комотни,убави на изглед...Особено ми се допаѓаат карирани,тричетврт,со каиш на половината
Ги имам полно ,и брендирани и од анонимни марки . Најдрага ми е една долга сина,со каивче е и многу убави ми прилега. Ги сакам и карираните кошули ,имам три со кратки ракави и една со долги (оваа ми е шиена ).