Да ми го гледат сите прслукот ?!?! Секакви скитници и неранимајковци да ми го гледат долниот веш ? Тоа е мода ? Ај ве молам.. подобро излезете само на прслук, башка ако излезете на бина ке ви дадат и по некоја паричка... И ке ги извинете што ке ве наречат плесачица ! Зарем не ви е срам, да излезете така голи, и да сретнете некој постар што имате почит спрема него, буквално со циците на сите страни... Не сакат сите да ви го гледат долниот веш, ве молам приберете се, навистина сте одвратни !
Имам, си ја носам со маичка од доле... Зборувам за тие кои горди се шетат само на прслук ко проститутки.
Интересни се, навистина ми се допаѓаат и планирам да си купам но ќе ја носам со маичка под неа. Би ми било многу непријатно ако ја носам само така...
Значи ГИ ОБОЖАВАМ! Дома имам безброј такви кошули и воопшто не сметам дека се вулгарни, напротив.. модерни се и многу убаво стојат
Имам бела корална боја црна бела со бобици ментол Имаво стојат и не ги сметам за вулгарни..убаво стојат...
Многу ги сакам, ептен ми се фенси. Имам праска боја, розева, тиркизна и кремаста Ептен ми се убави, секако ги комбинирам и добивам различни комбинации, и денски и вечерни
Кошула имам само една, а блузички имам повеќе. Убави ми се, секси, но не вулгарно, напротив, многу елегантно. И не ми изгледа воопшто убаво ако има и маичка под нив...Која е поентата да носиш проѕирна кошула, а да ставиш маичка под неа? Не сфаќам, ако не сакаш да ја носиш само по прслуче тогаш купи си обична кошула, а не проѕирна.
Имам бела со црна јака и црвена. Ги сакам, но иако се проѕирни и кај нив многу ми значи кој материјал се. Црвената што ја имам е многу убава, не е многу тенка, што значи не е ни многу проѕирна, баш е културна Белата е потенка, градникот многу се познава и внимавам каде ја носам само со градник, каде ја носам со маичка под неа. Пред некое време видов девојка со бела кошула со црна јака и под неа црна маичка, изгледаше многу добро.
Немам ниту пак планирам да си купам, а гледам пола град ги има. Во таа кошула тоа едностано не сум јас. Несакам сите да ми го гледаат прслукот, како прво пред татко ми ќе ми е некако непријатно да се појавам облечена ваква, не па да излезам ваква.
Погрешно си ме сфатила. Сакав да кажам, која е поентата да купуваш и да носиш проѕирна кошула, ако планираш да ја носиш со маичка под неа, подобро купи си кошулче од обичен материјал, а не проѕирна. И не мислам дека проѕирните кошули праќаат некаква вулгарна порака. Провокативноста не е во проѕирната кошула, туку во начинот на кој се носи облеката. Некои луѓе и во ролки изгледаат провокативно и праќаат пораки.
^ Се носат проѕирни кошули бидејки се полесни од обичните, кои обично се од покрут материјал.. И штосно е, бела кошула одоздола сива маичка, или некоја друга боја корсетче. И каква порака се прака кога прслукот ти е на виделина, и што повулгарно од тоа освен и без прслук да почнат некој да ги носат веке.. Ова овде е навистина одвратно... Другата слика подоле е веке сосема друго нешто, иако и двете кошулки се проѕирни..