One and Only ... Доберман. Или како што би рекле ние Доберманџиите во наш стил ... Doberman - Other's envy, owner's pride
Отсекогаш сум сакала кучиња со голем раст, ама поради тоа што живеам во стан сметам дека не е изводливо да чувам, мислам дека нему ќе му биде малку простор.Во иднина ако живеам во куќа сакам да имам еден питбул.Многу луѓе знам дека ги сметаат за агресивни, ама јас сметам дека доколку ја има потребната дресура, нега, грижа и љубов ни едно куче не е агресивно.Посебно откако комшијата под мене зеде и тој многу ми се радува и се гали, ептен ми станаа мили. Сакам бел, посебни ми се. Исто и германски овчар. Мајка ми како млада чувала, преубав, дресиран, донесен од редовите на гранична полиција.Црни се викал, имаме слики, преубав бил, за жал некој упорен дечко 2-3 пати и го крадел од двор, 2 пати го вратиле со полиција, трет пат го однел некаде и не можеле да го најдат, после месец дена се сретнале и ја викнале мајка ми да дојде да го види зошто бил болен и не можеле да сфатат што му е, починал после неколку дена, ветеринарите рекле дека најверојатно од преголема тага по мајка ми, таа не успеала да го види последен пат.Поради приказнава која мајка ми ми ја кажува често, ептен сакам да чувам и јас.
Би сакала Шарпланинец, али многу храна бара за јадење, а секако и голем простор за движење. Тоа куче не е за во двор, туку за во планина
^ Имам слушнато дека некој човек од мк чувал шарпланинец во стан. Мислам дека беше од Скопје, не знам. Ама не се сомневам дека со правосмукалката трчал по кучето да му ги собира влакната.
Ирски Сетер: Ми се допаѓа тоа што секогаш се расположени за игра, активни се 24 часа, не се мрзливи, со деца се одлични и како чувари не се лоши . Јас имам црвен ама сакам и ваков Сетер, е многу е убав!
По не знам кој пат менувам омилени раси, ама тоа е, кога си ептен залетан по расите и се' за нив те интересира. Вака: 1. Ердел териер (да не беше Беки, ќе останеше Папилонот) 2. Гордон сетер (и англискиот го сакам, ама Гордон ми е нешто посебно) 3. Папилон (иако не сум обожавател на џуџести и мимијатурни раси, Папилонот ми е во срце со години) 4.Оштровлакнест Фокс Териер (јас да можам сите териери ќе ги набројам во омилени. Фокс териерот ми е од поомилените) 5. Стафордшир бул териер (кога ги гледам на слика, ме асоцираат на самоувереност, храброст и моќ. Иако се мал раст, карактерот и интелигемцијата на оваа раса изненадува)
Многу сакам Боб Тејл, преубави ми се. Уфф да си спиеш со него, мекано Како може бре да е пола бело, пола сиво . Смешни ми се многу и да, очите кај им сеее?
Комондор е бетер. Како јамболија да гледаш, не куче. Ваквите раси имаат проблеми со очите, затоа им се врзуваат во репче шишките додека се дома, а за во ринг им ги пуштаат, зашто, нели, таков им е стандардот. А, оние кои ги чуваат како миленици, ги стрижат кратко.
Иако е толку честа раса, златниот ретривер ми е сеуште посебен. Од сите раси тој ми има најмила фацичка, изгледа како верно, добродушно, весело суштество а притоа знае да се постави заштитнички кога треба... Истовремено се неодоливи кога се мали... абее