Која ви е омилена раса на куче ? Еве една лепотица на моја другарка, срце е, ама за расата покасно ќе ви кажам, треба да ја прашам
Која ви е омилена раса на куче ? Кученцето е од расата Пудла И јас имам дома иста таква Пудла само што мојата е црна боја.
Која ви е омилена раса на куче ? Самојед ,хаска ,велики џукац ... Да е големо и да е мило! Да му се изнагушкам и пред се ,да има што да гушнам!
Која ви е омилена раса на куче ? Лабрадор, Самојед, Доберман,Акита,Хаски, Аљаски маламут, Пекинезер, пудла, чивава,ретриевер и дрн дрн дрн едноставно СИТЕ најјјмногу си ги сакам животните не кучиња не мачиња се живо и диво
Која ви е омилена раса на куче ? Хаска, самојед, и померијанец! Умирам да имам едно такво мало, слатко, бушавко кутре! И си ветив дека еден ден кога ќе имам пари, ќе си купам. 700 евра е
Која ви е омилена раса на куче ? Моја омилена раса е Кане Корсо, во план сум да си земам едно Иако изгледаат страшно се многу мирни кучиња, не се агресивни, верни се газдата, дури ни до вц не те оставаат сам, мрзливи се, скоро и да не лаат, доста се пасивни. Друга раса што многу ми се допаѓа е Дого Аргентино, само се многу скапи, неможам да си дозволам да купам такво
Која ви е омилена раса на куче ? Златен Ретривер Спојлер Потекло : Велика Британија Општ изглед : Симетричен,активен,снажен,со изедначено движење,мирен со добронамерен карактер. Карактеристики : Послушен,интелигентен,поседува вродена способност за работа. Темперамент : Добронамерен,дружељубив и доверлив. Глава : Пропорционална глава,со широка,лесно заоблена лобања,која е добро насадена на вратот.Муцка-моќна,широка и длабока.Должината на муцката е приближно еднаква на должината од добро изразениот стоп(дел од лобањата,кој почнува од крајот на муцката и се качува до почетокот на челото) до “точка на умот“ (лесно издигната коска помеѓу ушите).Пожелен е црн нос,но можно е носот да посветли во зимскиот период или кај женките за време на циклус и веќе никогаш да не ја поврати првобитната боја(што не е правило). Очи : Темно смеѓи, сразмерно широко поставени,средна величина. Уши : Средни , умерена величина.Всадени на , одприлика ,еднаква линија со очите. Уста : Силна вилица со совршено , правилно и комплетно забало(42 заба) , маказест загризок ( горните заби треба да поминуваат блиску преку долните право поставени во вилицата ) Врат : Добра должина,мускулест и чист (без обесена кожа). Преден дел на трупот : Предните нозе се рамни ,со добри коски , рамената лежат кон назад,лактите се поставени блиску.Лопатицата и надлактицата би требало да бидат еднаква должина (под агол од 90 степени ),така да нозете бидат поставени прилично длабоко под телото. Тело : Во рамнотежа,со силен граден кош.Ребрата се длабоки и добро заоблени.Грбната линија е рамна. Страничен дел од трупот : Шепите и нозете се цврсти и мускулести.Колената се добро свиткани,скочните зглобови(пети) се ниско сместени, не одат ниту кон внатре ниту кон надвор.Кравјиот став е непожелен. Шепи : Округли , како на мачка. Опаш : Поставен и носен во линија со грбот , треба да биде долг до скочите сглобови. Движење : Треба да биде силно , но лесно без никаков напор.Рамно и сигурно,гледајки и од страна и од напред.Чекорите треба да бидат долги и слободни без високо подигање на предните нозе. Влакно : Рамно или брановидно, со многу реси и густо водоотпорно подвлакно. Боја : Било која варијанта на златна или крем,никако црвена или махагони.Неколку бели влакна на градите се дозволени. Висина : Од гребенот (врвот на лопатките) до подот : мажјаци 56-61 cm. ; женки 51-56 cm. Грешки : Било какво одстапување од горенаведениот опис треба да се земе како грешка.Важноста која ке и се додели на грешката ќе биде еднаква на нејзината големина и степен и нејзиното влијание врз здравјето на кучето. Секое куче кое покажува физички или карактерни абнормалности треба да биде Дисквалификувано. Напомена : Мажјаците треба да имаат два нормални тестиси кои се спуштени во скротумот.
Која ви е омилена раса на куче ? Бигл... луда сум по оваа раса, или било кој нејзина варијанта. Обожавам загарчиња и сите врсти ловечки кутриња, ама биглот ми е во срцето! Се молам дома за едно вакво душиче со големи ушиња! Обожавам уши!
Која ви е омилена раса на куче ? Xаски ми се омилени,пекам за да купиме веке 3 години Bучјаци на второ месо ми се
Која ви е омилена раса на куче ? Ќе тргнам од малтезерите па, шткоски овчар и минијатурна кратковлакнеста чивава