Во моментов имам мешанче од хаска, но доколку би се одлучила да купам би било или Германска Дога или Шарпланинец.
Ахх, германските доги, особено крем со црна маска ми се прекрасни, летаат кога се движат... ама па ептен се скапи за одржување...
Haski i mali pufkasti mi se nekako dragi no zemavme mal staford od pred nekolku dena. Ne mi e omilen bas ama maz mi dusa dava za nego. Vo stanot go cuvame. Jas imam malku strav poso rastat vo silni i muskulesti kucinja a iznenadena sum od negovata inteligencija...taka da ostavam prostor da se privrzam i jas za nego. A ako ima nekoj iskustva so staford da mi spodeli dobro ke mi dojde
Американскиот стафорд е најмилото суштество кое некогаш сум го сретнала. Другар имаше 2, брат и сестра. Многу стабилни кучиња, за разлика од расите со мал раст. Гушкај го, гњави го колку сакаш, тој си трпи, па и ќе почне да те бацува по некое време. Моментално имам хаванезерче на гости и цело време треба да пазам да не го потфати друго куче (тој само се сили, не напаѓа). И многу често се случува да ми заржи, дури и за најмала ситница. Ама пак, голема маза е и само внимание сака... Ах, и колку бакнежи дава.
Кокерче, пекинезерче (многу се смешни фаци и нервозни и ги сакам, имам дома едно 7 годишно ), а од поголемите раси ми се свиѓаат лабрадор и доберман. Може и далматинец.
Имаше и една раса,ситна ама не знам како се викаше хх. Пекинезеров ми е убав,симпатичен. kokerite isto se ubavi
Од малечка сакав златен ретривер и до ден денес ми остана број еден, заради тоа што се гушкаат и се другарчиња. Но, баба ми имаше куче од расата Бордер Коли со кое пораснав, и верувајте, нема попаметно куче. Кога бев мала секаде одеше со мене и ме бранеше од другите кучиња, а кога си одевме дома, мораше да не испрати до станица и секогаш трпеливо чекаше додека не се качиме во возот па да се врати дома. Многу беше толерантен, мил и мислам дека мене најмногу ме сакаше