Која ви е омилена раса на куче ? -Сибирска хаска,црно бела,по можност со бело над очите(налик на веѓи) и плави очи. -Маламут -Златен ретривер -Тибетски мастиф(црн,и огромен) -Сибирски амојед Ова би ми биле моите топ 5,у принцип големи кучиња.
авДруги раси на кучиња кои што во последно време ми станаа омилени се: Шнауцер, има мали средни и големи, јас ги претпочитам големите и тоа во црна боја Исто многу ми се допаѓа и Данската дога. Обожавам големи и налик страшни кучиња
Обожавам малтешка пудлица. Толку се убави и мали. Повеќето раси што ги сакам се со мал раст. Не сакам големии миленици.
Мимс, тоа е Германска дога, а не Данска дога На англиски се пишува Great Dane, во превод Great Dane значи голема (во смисол на величевствена, моќна ...) и потекнува од Германија. Инаку и на мене исто така освен Доберманот, и Германската Дога ми е една од омилените раси.
Доберман, јас баш затоа се бунев. Баш гледав на Анимал Планет и беше преведено како Данска Дога, а на интернет читав дека потекнува од Германија.
^ Ова на сликата е златен ретривер. Инаку имам повеќе раси кои ми го освоиле срцето. Иако не сум фан на помали кучиња, сепак како најомилена раса ми се корги.
Огромен љубител сум на кучиња, а најмногу сакам големи кучиња со долги влакна: самојед, хаски, шкотски овчат, шарпланинец, колку поголемо - толку подобро. Од друга страна и малите се слатки. Јоркширскиот териер е толку срцкасто кученце, со толку сјајно и меко крзно да едноставно не можеш а да не го сакаш. Никогаш не сум сакала мали кучиња со кратко крзно, како глувци ми биле, ама сега миленик ми е кучето на братучед ми, џуџест пинч. И заклучок за на крај полесно ќе најдеш игла во сноп сено отколку куче што јас не го сакам , само да е добро воспитано, де.