Лелее греота пудлава во средина..Да се прашував јас тој што и го направил ова кје го осудам на доживотна смрт.. Па ова е мачење.
Како прво Еским е човек, а кучево е Самојед. Како второ би ги казнила луѓето што ги фарбаат животните и се изиграваат со нив. Живо суштество е, не е кукла, ебаве луѓето
Случајно наидов на темава.. Мопс е мојата омилена раса на куче а воедно од оваа раса е и домашно милениче
Само да добијам дозвола од мојата докторка и одма едно малецко Шар Пеи ќе се всели кај мене дома... едвај чекам да си имам гужвано куче.
Шар пеи се топ кученца само мнооогу мирисаат лошо, ама ептен, другарка ми има и цел стан и мириса од кучево, а го носи на бањања редовно, го средуваат, ама џабе е се... :/ иначе мое омилено, златен ретривер, имам ретриверче ама го чувам надвор, пошто е многу несмасен и дома додека беше лом правеше, лудница ми беше секој ден
омилена раса на куче ми е самојед и го имам 6 години и го сакам најмногу,а исто така ги сакам и џукелите т.е улицните кучиња без раса оти се многу мили и исто така имам посвоено едно скитниче веке неколку години и тоа ми е верно другарче
Сакам мали раси на кучиња, онака да се слатки целите рунтави како мали мечиња. Но не значи дека не ги сакам големите раси на кучиња, само некако малите раси ми се ептен срцкасти. Минијатурен германски шпиц познат како Померанец Малтезер Јоркширски териер Од поголемите раси сум заљубена во самојед, прекрасни се.