Летната сум по сите кучиња и расни и уличари ама куче за кое се надевам дека ке е моја сопственост еден ден - Француски булдог па и не мора да е француски ама тие се најслатки ( булдог да е битно !! )
и мене сите !!! само поради просторни услови преферирам да е од малите ...сепак живеам во стан и нема услови за големо куче..
Шнауцер! Доберман каде исчезна од форумов да кажеш некој збор за расава и дали може од кај нас да се набави квалитетен шнауцер, среден или голем?
Самојад и лабрадор, посебно кога лабрадорот е уште бебуле. Малку ме фаќа страв од оние грамадните лабрадори, а самојaдите ми се некако што знам, ми делуваат послатко иако се огромни кога ќе пораснат.
Мене хаските и самоједите ми делуваат некако многу интелигентно и многу ми се раскошни. Ги обожавам. Сепак не сакам да ги делам кучињата на расни и останати. Имам дома мешанче од малтезер, таткото е непознат, но сепак за мене е најубавото кученце на свет. Толку е мило, што секој што го видел, го засакал. Не ми менува ништо, ама апсолутно ништо податокот што не е расно.
Куче како куче, какво и да е ја ќе го сакам. Ама омилено лабрадор и крај. Особено кога е маленко, оваа слика си ја ставив кога ми се вклучува телефонот, душиче
Хали е преубава,и истотака се согласувам дека нема врска со раста,секое кутре си е убаво на свој начин,секое заслужува љубов и дом. Оф-топик сум ама да ми ја изгушкаш Хали од мене