Mимс еве јас ќе ти кажам од лично искуство.Имавме женка црн шнауцер,голем.Го чувавме 15 години но моравме да го успиеме бидејќи имаше тумор кој не се лечеше. Многу паметно и интелигентно куче,секогаш не слушаше а не беше тренирана.Јас со неа дури и проодив.Многу беше поврзана за нас и според мене е совршено куче.
Боксер,англиски и француски булдог,кане-корсо,булмастив,бордошка дога и мопс=се со сплескани фаце,бре и исклучок златен ретривер
Моето сонце најсакано, мојата најголема љубов, живееме заедно веќе десет години и не можам да си го замислам животот без него. Ми го разубавува денот, животот... Звучи лудо, ама тој што чува куче си знае....
Мислам дека само едно легло има кај нас, ветеринарот Хари кај Броз Кафе имаше легло до пред некое време и ги продаваше по 400 евра. Имам видено на пазар3 пред некое време за 600 евра.
Мене омилена раса на кучиња ми е пекинезер (ама да е оригинал). И јас имам дома пекинезер. Имам поставено слика во друга тема. Пекинезерите се многу слатки и паметни. Разбираат се а кога сум тажна моето куче веднаш доаѓа до мене и се задева сака да си игра.