1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Која девојка мажите тешко ја забораваат и обратно?

Дискусија во 'Сингл' започната од m.m.5, 28 мај 2012.

  1. m.m.5

    m.m.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Сите ке речете оние кои најмногу сме ги сакале…
    Но,споделете ги вашите мислења, лични искуства ,туѓи искуства на оваа тема.
    Дали ви оставаат подлабока трага оние кои ви удоволуваат,ве опсипуваат со љубов и внимание, или можеби оние поладните, кои ве повредиле или воопшто не сте можеле да ги имате …
     
  2. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    5.525
    онаа која не можеле да ја имаат а ја посакувале
     
    На lothen, Писана, Limpan и 10 други им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Онаа/оној кој што го има токму тоа што и е’/му е’ потребно на другиот.
    Баш таа енергија да го живне што би се рекло човека. Или имал потреба од неа и бил свесен или воопшто немал поима дека има потреба, ама му се појавила за да го разбуди де - му требала. :D
    Не е до повредувањето. Повредувањето е само дел од сета таа енергија што постои меѓу двајцата и не може без неа, без тоа. Однапред е некако определено дека со одреден тип на луѓе, човек ќе се поврзе далеку повеќе одошто со други. Некои ќе се спојат за да се разделат и да научат,некои ќе се спојат за да останат еден покрај друг, некои никогаш нема да научат, а сосем десети ќе си се затворат, дал сами со себе и во себе или сами, а покрај некого.. жално. Али не само тоа, како завршуваат некои од таквите „љубави“, но пожалното е што се некако ко, однапред програмирани :D
    Да објаснувам подетално би ме помислиле за луда. ]:) :P :emo:
    И, богами не сте далеку од вистината де. цц
    Таков шаманизам ме има фатено што да правам.. цц
     
    На do-re-mi, thelittle17, srcekrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Leika

    Leika Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    49
    Онаа со која никогаш не знаат на што се ... уште подобро ако таа игра топло-ладно ама не се форсира туку тоа и е вродено, едноставно некогаш е слаба и прави нешто што во моментот му представува задоволство во друг пак му се спротиставува и воопшто не и е гајле дали ке го изгуби битно ке си тера по нејзино бидејки знае дека е во право ... иако тоа е релативно и зависи од машкото, иако звучи клише, сепак самодовербата кај една девојка е нејзиното најсилно оружје (да биде нежна да дава љубов, да знае што сака но и да каже НЕ ако тоа го сака, со кратко објаснување за да не го повреди ) а стравот и слабоста се забележуваат на километар, затоа и најчесто девојките се искористувани, а вредностите на жената денес се намалени .... ако некоја има цврст став, тоа држи и следи :inlove: секако :D
     
    На Писана, soffce, enca.69 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    па судејќи по мажите, онаа што добро ги обработила :lol: :lol: :lol:
     
    На lothen, thelittle17, COollLady и 10 други им се допаѓа ова.
  6. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Сами си прашувате сами си одговарате што сакаат мажите, браво бе сѐ знаете :D
     
    На SexyDecko, MeAfterYou, Maya the bee и 22 други им се допаѓа ова.
  7. duduk

    duduk Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    ц ц ц :D па индивидуално е тоа кај секого темите во оваа категорија ви се јооој :D a одговорите тек ајме мени xD
     
    На Maya the bee и TheIdealMe им се допаѓа ова.
  8. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    5.525
    девојката треба да има цврст карактер за друг да ја почитува.ако плаче и го моли тој ќе ја шутне како да не ни постоела.сум слушнала мислење дека ако била добра во кревет не можел да ја заборави.е како не ќе си поигра некоја вечер со неа а потоа ќе си најде подобра.треба да знае добро да го изигра и да не мисли дали ќе ја остави или не па тогаш да видам дали ке ја заборави.
     
    На Kiki1808 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Секој/а кој не е повеќе дел од животот, се заборава со тек на време и други луѓе... само, некои си ласкаат дека се незаборавни. Колку побргу се сретне партнер кој ќе го засени претходниот, побргу и понеповратно се паѓа во заборав.

    И ако нечија најголема желба и амбиција е да изгради бесмртност во нечии спомени (без разлика дали како кучка или светица), наместо да ја гради врската, алал да и‘ е на паметот...
     
    На stejsi2005, kjukli, thelittle17 и 14 други им се допаѓа ова.
  10. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Јас мислам дека на ова прашање треба да одговорат машките :D да не си даваме само претпоставки.
     
    На New York13, LiLPixiEe, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Машки
    Јас сакам да прашам која е целта на прашањето ?
    Што одкако ке го дознаеш одговорот ?
    :^)

    И ке пробам да ти одговорам со првото што ми падна на памет... таа со која имаат поминато многу убави моменти заедно.
     
    На Вештица©, Maya the bee, strawberry06 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. trtla

    trtla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    71
    премногу добро за да биде вистинито!!!!не верувам во машка искреност!!!
     
  13. m.m.5

    m.m.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Ја видов темава на странски форум имаше интересни мислења, па ете ми текна тука да ја отворам... таму никој не се побунил ама еве кај нас мора.
    Пишав секој да си каже негово искуство, форумов служи за разменување мислења , не побарав јас совет за моја ситуацијаа,не ми менуваат мене одговорите ништо ;)
     
  14. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Машки
    :D
    Напротив, јас мислам дека е многу логичен одговор... а мене немора да ми веруваш затоа што не ме ни познаваш ама еден ден сигурно ке најдеш некој на кого би му верувала :wasntme:

    Немав намера да се бунам, само прашањето ми се виде многу безцелно некако :?:
     
    На Maya the bee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Интересен факт, ама според моето искуство, онаа која им покажала дека и те како може и без нив. Ниедно машко не сака очајна плачка која ќе го моли да не раскинат. Кога жените ќе покажат дека можат без мажите, тогаш тие сфаќаат што и колку изгубиле.

    За жените - оној кој им пружил многу убави спомени, кој бил внимателен и грижлив. Дел од женската психологија (барем од мојата) покажува силна желба да се биде пазен и тинтран од мажот како да си му капка вода на дланка. Е јас и повеќето жени од моето опкружување, таков маж не забораваме лесно.

    Е заради овие работи јас не ја почитувам голем дел од американската филмска продукција (со исклучоци на навистина квалитетни филмови за кои сум дала и рецензија на форумов). Во повеќето од нив, мажите не можат да заборават некоја тешка к**ва што си поиграла со нив, ги изневерила, а сепак ја оставаат сегашната супер девојка за да и` се вратат нејзе. Фините девојки вака лесно се разочаруваат и мислат дека го немаат она што им треба за да останат подолго во мозокот и срцето на еден мажи и тука почнува скршнувањето од добриот пат.
     
    На thelittle17, srcekrsacka, Lux и 2 други им се допаѓа ова.
  16. jonnyo

    jonnyo Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    15
    Онаа која стварно ми значела. Нема врска дали била плачка, ваква таква онаква.
     
    На New York13, Vladus, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Бидејќи темава е -и обратно- па валјда може и ние жените да си кажеме :wasntme:
    Нема врска каков бил човекот, карактерно и физички. Она што нема да го заборавам е како некој направил да се чувствувам. Нема да го заборавам оној покрај кој сум се чувствувала неповторливо, преубаво, единствено. Зад себе имам само долги врски, па некако тешко му доаѓа да кажам дека не се сеќавам на луѓето, сепак сум била подолго со нив.
    Но, она што никогаш нема да го заборавам, се моментите, чувствата. Па пример, она што нема да го заборавам не е поврзано со дечко, туку со другар. Нема да заборавам како се чувствував додека игравме весело цела ноќ и скроивме филм за другарка ми. Нема да заборавам, како во првото најголемо пијанство, се смеевме и ја исмевавме мојата најголема симпатија од средно, а и муваторот на другарка ми :wasntme: . И нема да заборавам како се чувствував тогаш, повеќе од тоа што нема да го заборавам него. Ако не го видам цел живот, ќе избледат сеќавата за него, каков бил, каков е, но ќе остане чуството од убавите моменти, кога сум се осеќала баш незаборавно :)
     
    На Naked Gun, thelittle17, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Не сум компетентна да зборувам од машка гледна точка, па затоа ќе си кажам за мене. Сето она што поминало, низ кое јас сум поминала со мажите, ми останало во спомените - ама сигурно не до тој степен да не можам да заборавам некого или она што сме го поминале - таков нема, ако имало, сигурно уште ќе сум била со него. И најнежен, и најдобар, и најмногу да ме сакал, и сексот да ни бил одличен - штом поминало и веќе не сме заедно, имало сигурно силна причина за тоа, посилна од сето она што го набројав претходно, односно, од сето она што ми е важно кај мојот партнер. Што значи - нема зошто посебно да го паметам и да си го комплицирам животот со тоа.
    Да расчистиме - не е дека не се сеќавам на бившите - секој од нив оставил трага во мојот живот, искуството со нив придонело да се изградам како личност и да осознаам што сакам, ама да не можам да ги заборавам и да ми влијаат на сегашноста - до толку не :!: Барем ниеден посебно не се истакнал.
     
    На srcekrsacka, babybelle, Theodora и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Предлагам персоната да си направи листа со критериуми, да ја пополни и да гласа ако веќе се двоуми и таа со највеќе штикли да биде таа :rofl: шала на страна, според мене таа што му оставила наааајголем впечаток од повеќе аспекти, од убавина, сексапил до карактер, однесување, односот што се изградил меѓу него и неа...абе како и да гледаш колку и да вртиш-сучиш пак една ќе биде.
     
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Во машка искреност, во женска искреност, во кучешка, во мачешка искреност... |( Човечка искреност? :?:

    Не знам за момците, а искрено, мислам дека потешко ги забораваме оние со кои сме поминале повеќе време.. :)