Со сегашниот партнер ако некогаш раскинам, не би сакала да ме заборави. Не во смисла никогаш да не ме преболи туку, да не останам некој блед спомен "од младоста". Иако мислам дека не е можно тоа, затоа што од двете страни има премногу љубов и посветеност. Ама ете ако некогаш дојде до тоа, не би сакала да ме збрише од сеќавање.
Нема да го заборавам човекот што емоционално ме манипулираше да изгубам самодоверба, да не сум задоволна со мојот изглед, и кој правеше да се чувствувам како да не сум доволна. Никогаш не успеа да ме убеди да верувам во тоа, но се заморив од борба со него и неговата отровност. И покрај се, знам дека тој сеуште мисли на мене. И сум многу срќна за тоа, кармата мава кај што боли.
Има и термин за ова, кај жените т.н Femme Fatale, жени со некоја посебна харизма, веројатно и способност за манипулација. Се разбира, има и вакви мажи. Најчесто тоа се оние луѓе кои направиле да ни се тресе тлото под нозете, кои знаеле како да направат да се чувствуваме посебни, посакувани, единствени....а потоа ладен туш Не оставиле со мн неодговорени прашања, почнале да се оддалечуваат без објаснување, за потоа пак да се појават колку да ни го нарушат мирот, колку да се уверат дека дека не се заборавени, а не за да не сакаат. Мислам дека скоро секој налетал во животот на ваква особа, бил затрескан, но потоа сфатил дека тоа не е љубов. Барем не взаемна. Ова генерално. Јас лично немам некој бивши којшто не можам да го заборавам, но оние со коишто сум се смеела од срце и со коишто сум почувствувала некоја посебна блискост ми се останати како убави спомени од едно друго време
Обично убо ме држи меморијата што и кога се случило, па макар и да е за one night. Од страна на сериозни врски имам и позитивни и негативни работи... од страна на позитивни работи една од бившите ми рече "' ќе страдаш многу ако си емотивен и чувиствтелен секогаш, ние жените не сакаме да не почитувате и удоволувате толку ". друга бивша ја памтам по... стварно имаше многу материјал за нејзиниот факултет и испити, таа се запна да ми помага за мојот факултет пошто јас бев на крај и ми рече барем ти да завршиш, па после за мојот факс... јас никогаш од никого не сум се почувствувал толку убо некој за мене да се грижи за мене, значи се запна и стварно успеавме да го положиме тој испит, со нејзина помош никогаш нема да и го заборавам. Вака горе долу никоја не ми била посебна ептен, можеби една од трите што ми биле ама тоа испадна дека само јас сум ја идеализирал во мојата глава, за жал.
Исто, само што прекинав со врската. И не само тоа што не сум задоволна со својот изглед, туку се запуштив. Не сум тоа што бев и психички и физички. А најболно е што луѓето околу мене ми зборат дека сум комплетна девојка и двајца колеги се тотално затрескани у мене, ама џабе кога јас не се чувствувам убаво. едниот сирота ми збори зрачиш од посебна енергија... си викам у себе која црна енергија брате ...да знаеш што ми се дешавало цели 3 години
Имаше една изрека за ова: мажите не ја забораваат жената која сакале, но не можеле да ја имаат; додека жените не го забораваат тој што можеле да го имаат, но го немале. Во коментари прочитав доста се сложувате со првото, а јас се сложувам со двете
Јас неможам да ги заборавам тие девојки покрај кои сум се осеќал комотно и посакувано. За сите други не вреди да се сеќаваш. Што се тиче секс да памтам некои моменти нешто така различно што сум направил со некоја ама тоа не значи дека ја памтам девојката како особа туку само некој секс момент.
Онаа девојка со која можеле да имаат нешто повеќе, не му се погодило а искрено ја засакале или пак девојка со која доживеал многу убави моменти но сепак се скарале. Мора да биди искрена љубовво прашање небитно дали од машка или женска страна.