Јас сепак мислам дека не ја забораваат онаа која не успеале да ја имаат целосно, можеби онаа која си поиграла со нив мислам дека за таа таквата секогаш би имале ете некакви си чувства
Еднаш една моја тетка(братучеда на мајка ми ми рече): мажите тешко ја забораваат онаа која им оставила многу работи сокриени т.е онаа со која немале ништо, а требало да имаат односно таа која ги оставила. Колку е ова точно не знам треба да го прашате типот кој требаше да ми биде дечко, а не ми беше затоа што тогаш си фатив друг дечко. (иако беше додека бевме сеуште неискусни тинејџери сигурно ме памети како немоѓуќа мисија) Сакам да слушнам и машко мислење бе, машки активирајте се, интересна е многу темава.
Јас мислам дека онаа која неможеле да ја имаат но и онаа во која биле вистински вљубени и на која и се посветиле. Спојлер Машки каде сте??? - Чекаме мислење
И мажите а и ние жените си имаме по некој/а што цел живот ќе ја паметиме.Некоја подолга врска, нешто што не завршило добро.Некој/а што не натерал да помислиме дека е вистинскиот/та.Личност со која сме биле убедени дека ќе биде наш животен сопатник - засекогаш.И потоа настапува разочарување а и каење.Некој кој оставил толку длабоки лузни, тешко се искоренува од срцето и од мислите.Цела среќа имаат оние кои го задржале покрај себе.Им гарантира спокоен живот, совршен не, но правилен избор сигурно направиле.СИТЕ ама СИТЕ си имаме некој таков.
Се памти таа со која сме имале најсилни чувста и највеќе сме ја сакале без разлика дали се тоа една, две или неколку девојки во животот .
Јас не мислам дека онаа која ги оставила со прашалници повеке би ја паметеле, баш напротив така и би немало многу по што, би ја паметеле онаа со која доживеал многу случки, интересни моменти, убави моменти, онаа со која убаво се чувствувал, со која имал блискост, и најважното што се издвоила од сите други женски што ги имал во позитивна смисла.
Ма која и да е, важно има некоја која вечно ќе ја паметат! Но, мое лично мислење е првата љубов, онаа од првиот пат или онаа со која го поделил првиот бакнеж!
Се кладам дека не постои девојка која не мисли дека оставила траг ако не кај сите тогаш кај најголем дел од мажите со кои била...Дека ќе ја паметат фор евер енд евер како нешто најдобро што тие го имале, ама ете во моментот кога можеле да бидат заедно тој не бил свесен за тоа, па така таа станала само еден прекрасен спомен...Ви годи а? Им годи помислата на сите а колку е тоа точно не знаеме... Има личности кои често си ги спомнуваме но дека има едно универзално правило или модел по кој треба да се движиме за да станеме незаборавни-тешко. Секој си е приказна сама за себе, а неретко траг на нас оставаат некои навидум безначајни ситници или пак само нашата романтична природа која бара од нас да имаме еден перфектен лик во нашиот ум, како ангел чувар или придружник во осамени моменти, кој не би бил така перфектен да е тука до нас во реалноста пример...
Според мене , оние со кои сме можеле да имаме нешто повеќе , а сакајќи или можеби несакајќи сме изгубиле контакт. За мене лично, иако сум во врска скоро 4 години , не можам да заборавам една личност со која се мував 2 пати. Одредено време пишувавме, се слушавме а имавме можност и да излеземе. Вечерта кога ме покани,баш морав да си одам. Од тогаш ништо. Кога ќе го видам срцето ми престанува и со денови мислам како би било да би трајало.
Мислам дека она што потешко се добива повеќе се сака.Сигурна не некоја што успеале да ја смуваат уште првата вечер.
Па мене еден другар со кој се дружев неколку месеци, се запознавав , се трудеше многу околу мене и едвај дозволив да дојде до моментот да ме бакне ( пред неколку години), ми кажуваше скоро, дека јас сум била единствена девојка со која во младите години се гледал и смувал а немал нешто повеќе ( секс), и затоа не можел да ме заборави. Дури толку бев строга со него , што дечкото и ден денес кога ќе се видиме ме гледа со други очи, ми се воодушевува, чека само да му се јавам и све прави ко што сакам . Многу ме почитува и гледа поинаку затоа што имав огромна контрола во однесувањето, и иако сите девојчиња трчаа по него, јас не му дозволував многу работи, не се однесував како што беше навикнат, и секогаш ми идеше по ќеиф.
Jas ja pamtam taa sto mi ostavila najubav vpecatok vo sekoja smisla. Citam navodno taa sto ne sme ja imale najveke se pamti,kako e mozno takva licnost da pamtam koga nesum imal nisto so nea? Toa si e moe mislenje.
Таа која им оставила многу за паметење Таа која била секогаш праведна,полна со љубов и среќа,таа која успеала да го освои нивното срце,со која поминале преубави работи и со која имаат прекрасни спомени. И се согласувам со Cloee,тоа што тешко се добива повеќе се цени и сака,можеби и трчаат по некои девојки кои се лесни за да ги смуваат,но тие дефинитивно нема да ги памтат по убаво,а по едно 10 години воопшто и нема да ги памтат. Сите машки сакаат девојки кои тешко се добиваат,ама некои ги мрзи да се трудат. А такви мене воопшто и не ми требаат
Мислам дека тешко се заборава и преболува човек кој бил премногу добар и човечен. Денес таквите се реткост. Има премногу луѓе, ама малку човечност... Ако поради Х причини се разделиш од навистина добар човек, мислам дека тешко ќе го заборавиш и секогаш ќе се прашуваш: што би било, кога би биле сеуште заедно... Затоа, внимавајте што имате покрај себе. Можеби имате прав редок бисер кој е вреден за чување!!! Кој ако го изгубите, тешко му се наоѓа соодветна замена. Тоа беше моето мислење.
Според мене најтешко се заборава таа што искено ја сакал, ужувале заедно, се надополнувале али поради некоја причина не останале заедно.