Мое мислење... Јас мислам дека тешко ја забораава онаа која била предобра со него,имале убави моменти,делеле заедно се ...... Ако толку ја сакале зашто сепак завршило и ако не ја заборават цел живот како ??? Би живеле со сечање на таа иако подоцна створат семејтво со која заслужуваат подобро
Девојка која што ќе ме освоии со нејзиниот шарм, женственост, интелегенција, девојка која знае да ме освои без да го покаже нејзиното длабоко декоте или голи нозе, девојка која искрено ќе ме сака, девојка со која што сум ги поминал најубавите моменти од мојот живот е таа девојка нема никогаш да ја заборавам, а не онаа која што не сум ја имал, девојки има многу во моите очи но само една во моето срце која никогаш нема да ја заборавам, таа вечно ќе ја сакам .
Лајк ииииииииииит. Не важи тоа за сите. Аплицира само за моделот на мажи познати како хартлесссссс и боллессс. Ако нема срце или јаја, удар у новчаник е единственото место каде што може да го заболи.
Господе Боже колку глупости се инзачитав . Како мажите не можат да ја заборават таа што не успеале да ја легнат? -Треба да има нешто со неа за да ја памти. Како мажите тешко ја забораваат првата љубов? -Тоа кај нив е пролазно. Заклучок: Мажите тешко ја забораваат таа што има цврст карактер,свое јас и што им пружила најдобар секс.Овие две заедно во комбинација .
Како што ми имаат кажувано другарите, вака испаѓа: Таа Силната, но со тешко минато. Првиот на којшто му се отвара е он, првпат плаче пред некого, а тоа е он; Убавата најдобра другарка која секогаш го разведрува и во којашто се заљубува кога првпат ќе ја види како плаче; Онаа на која и` бил прв, а го сакала; Првата во односи (ако иделе); Онаа на која родителите и бранеле да биде со него, ама она правела се за пак да го види; Онаа од која го одделиле (преселба, брак-еден дедо Албанец ми раскажуваше за негова бивша) Онаа со најинтересни спомени; Онаа која го сакала најмногу од сите што го сакале некат, он не ја сакал, ама кога се разубавела, пораснала, кога ја побарал, таа неутрално го одбивала и се понашала другарски. Па, според нив, колку повеќе ги комбинирате овие работи, толку сте се качиле погоре на листата на негови девојки, а само таа најгоре, не ја забораваат. Некат знаат да се повеќе, не знам. Важно е да биде посебна приказна.
Јас никогаш нема да го заборавам оној кој најмногу го сакав (и посакував), а никогаш го немав. И нема да го имам.
Јас мислам дека најтешко ја забораваат онаа која направила да ги почувствуваат „пеперутките“ во стомакот, не само шо ќе му ги здиви хормоните
Според мене мажите тешко ја забораваат онаа девојка која,му била прва.прва му се предала,му се доверила,и кога после сите падови и кавги се врајќала кај него,која се борела за него... А,девојките тешко го забораваат оној кој многу се трудел за нив,кој им посветил многу внимание,бил нежен со нив,оној кој секогаш ги потсетувал дека се посебни, и дури кога ќе се скараат тој што се понашал човечки и со мирен и убав начин да стават крај...Оној кој знае да го цени то што го имале оној кој сватил дека некогаш си биле се во животот,таа на него,тој на неа!
Мене никој не ме заборави од тие со кои бев претходно. А што е тоа посебно во мене не знам, најдобро знаат тие. Можеби мојата отвореност, позитивност, грижа, оригиналност... ми имаат кажано дека сум поинаква од другите девојки, со мене им било убаво, интересно, опуштено како со никоја. Ме опишале како единствена. А јас досега немам некој кој не можам да го заборавам. Штом некој замине и толку е, се насочувам кон иднината а не кон минатото. Некогаш ќе се потсетам што е сосема нормално кога ќе се најдам во некоја ситуација, па колку и да бил некој добар, го оставам таму каде што и му е местото.
Таа што ќе го освои срцето. Мене не ми треба прва, втора трета љубов. Треба да знае како да постапи во врска, да и значи врската и партнерот, убави моменти и тн.