Абе ја мислам обратно е - и двете страни нема да ги заборават оние кои најмногу ги повредиле! најголема лузна што оставиле, е тие!
Еден ми имa реченo декa никoгaш немa дa ме зaбoрaви.А не рaзбирaм кaкo кoгa секoгaш гo oдбивaв, ми пишувaше реткo некoгaш му врaќaв, oд 10 пoнуди зa нa кaфе јa сaмo еднa прифaтив, мoжеби зaтoa штo не дoзвoлив дa ме имa.Не знaм
Засекогаш се паметат оние со кои не сме се прегрнале, чиишто усни останале непознати, со коишто на сон си пишуваме писмо. Оние заради кои во срцето чувствуваме рана, но рана заради која вреди да се живее..
Платонска симпатија тешко дека памтам, памтам нешто ама и тоа слабо, се памтат оние кои предизвикале силни и длабоки емоции, колку емоциите се посилни толку потешко се заборава.
Таа што не можеле да ја имаат, таа што ја повредиле иако не заслужила, таа што си продолжила со животот и е среќна без нив. (Искрено и одговорно тврдам мене бивши ме немаат заборавено по лошо или по добро не е битно, важно ме памтат и не можат да ме заборават).
Таа што го напуштила. Или можеби некоја платонска љубов, ама мислам дека интензитетот не е толкав. Инаку, секој се преболува порано или подоцна. Најмногу ти се навраќа у спомени некој што бил добар со тебе и се грижел, уште повеќе ако ти немаш возвратено на истиот начин. Не за друго, тежи на совест. И не само во врските, општо, во меѓучовечките односи е така.
Мислам дека машките ќе ја памтат онаа девојка која ги сакала со целото срце, која се смеела и на нивните најглупи шеги, онаа на која можеле се да и кажат а знаеле дека притоа нема да бидат осудувани, онаа со која саатите се претварале во минути. Но, за жал често човек сфаќа дека имал бисер крај себе кога ќе го загуби.
Онаа која најдолго и искрено ја сакале . Имам два примери такви . Првиот е кога школски ме свиѓаше цели 4 години , и сигурна сум дека ме нема заборавено . Понекогаш ми доаѓа во сон , ми вели дека се пропил поради мене , дека не ме заборавил иако многу се трудел , плаче во сонот .. И да . Го повредив . Ама бев искрена . Ќе го повредев повеќе ако бев со него , а и двајцата знаевме дека тоа би била еднострана љубов . Втор пример : сакав едно дете , од основно школски ми беше . Го сакав од самиот почеток , од 6 години ( забавиште/предшколска ) до почетокот на прва средно . Не знам , можеби поради сличностите , или поради тоа што понекогаш го фаќав како се ѕвери во мене , иако веднаш го вртеше погледот , знаев , чувствував дека ме гледа . Ми помагаше кога имав некои тешкотии во учењето . Многу пати имам почувствувано дека има хемија меѓу нас , но ете тој не го направи првиот чекор , јас чекав на него . Годините минуваа , полу-матурата ни помина , уписите за средно беа во тек . Не се гледавме често ( различни училишта , различни смени ) и така се одеднаш исчезна . Нема да го заборавам бидејќи тој беше онаа прва искрена љубов , чиста и невина како солза . Убаво е кога ќе остаре човек , да може да се сети на една ваква љубов , наивна , детска
Јас па не мислам како вас. Машкото најтешко ја заборава онаа која најјако ќе го зафркне, а не онаа која најмногу ја сака. Во денешно време сакањето како да го изгуби значењето, се е навика. Најтешко да се заборави тој што најмногу се сака важи за женските, а не за машките.
Таа што му е недостижна, што не е лесно да се има. Што е дама, што има грациозност во неа, вродена, не силикони шминки и брендови. Таа што природно и е да е скромна, не да глуми. Таа што не бара многу а мисли и има се Таа што е воспитана, збори доволно мирно за да мора сите да ќутат ако сакат да ја чујат. Таа што знае од срце да се насмее и му пркоси на помодарството... едноставно таа што ќе е единствена таква во неговиот живот. А таква еднаш се случува. Зошто ретки се.
Јас никогаш нема да заборавам еден смеѓ дечко со допирливи сини очи. Не го заборавам поради вниманието и трпението кое го имаше и покрај мојот лош карактер упорно и неуморливо го негуваше. Јас му раскинав но подоцна многу се каеев.. Кога го изгубив сфатив колку само ми значел и бил дел од мене но прекасно. Не се забораваат оние што ги има на секаде.