Сум имал на периоди, денес се потсеќам многу ретко на некој од нив и со насмевка. Да ми останат живи и здрави, јас ќе сум им благодарен долги години што ми го направиле животот поинтересен. Особено на оние од првата категорија. Погрешно мислење имаш. What about you?
Онаа која била најпогодна како жена за дома, ама ја пропуштил. И после сите други му се гледаат дека и не се баш како жена за в куќи. Народски речено. И обратно.
Онаа која никогаш не успеал да ја освои а се потрудил од петни жили и онаа која ја имал па ја изгубил, сеедно дали поради што ја повредил тој неа или таа му го скршила срцето.
Не ми е јасно кога ќе кажат за машките и за женските обратно,не можат да ја заборават онаа или оној што ја немал,или го немала Тоа ми е најглупо нешто. Според мое мислење ни едните ни другите неможат да ги заборават тие што ги сакале искрено и што секогаш биле тука за нив.Што си знаат се едни за други,што нема тајни меѓу нив.Што поминале све и свашта заедно.Е тие не се заборават.
1. Онаа која никогаш не можеле да ја имаат. 2. Онаа која била секогаш тука за него,но он отпосле скопчал,кога било касно. 3. Онаа која што ќе му ја исчука несакајќи колата враќајки во рикверц.
Па реално у денешно време тешко може да ја заборави само таа со која му било интересно и успеала да допре до него преку муабет на различни теми, и, едноставно имало хемија, разбирање и добар секс. И не толку тешко, не се залажувајте, покрај толку опции и никакви правила помеѓу машко-женските односи последниве неколку години сите полесно се забораваат. Истото важи и за женските. Ова од моја гледна точка, искуство и муабет со блиски.
Е како пак се заборава некој? Јас никако не можам да заборавам, а многу сакам. По лошо ги паметам, не сакам очи да им видам, сакам да си ја избришам меморијата бидејќи кога ми текнува ми доаѓа шамар да си залепам и да потонам во земја да пропаднам. Баш и психологот ми имаше кажано дека е најтешко да го заборавиш тоа што најмногу сакаш да го избришеш. Ми даде домашна задача да го заборавам бројот 108. И јас после толку години уште го паметам. Кога прашав зошто е тоа така ми рече дека она кое треба да биде заборавено и кое сакаме да го заборавиме е невозможно бидејќи постојано мислиме на тоа. Не дека јас мислам на бившите. Воопшто не. Ама ете се случува да се присетам некогаш каква будала сум била, или некој нешто кога ќе каже и ќе ме врати назад... Абе збеснувам. Збеснувам и се нервирам, сакам да сум била полоша..
Не се обвинувај себеси,олабави се. Сите ние во некој период од животот сме биле ајде да речам ,,будали,,. Сето тоа е дел од нашиот живот и ние мораме да го прифатиме онака како е. Затоа постои подобро утре. Од грешките учиме,а на некои богами по време и ќе се смееме. Поздрав
Не дека сум преоптеретена. Не сум. Само си дадов пример дека тешко се забораваат луѓето. Сите тешко се забораваат, а прашањето овде е кој најтешко се заборава. Па мислам дека сите кои нанеле болка тешко е да се заборават.
Колку повеќе се форсираш да заборавиш, толку поневозможно станува. Затоа не треба да се нервираш, туку присеќавањето на тој човек да го прифатиш како дел од личноста која си денес, дел од купот искуства кои те изградиле. Само тогаш ќе бидеш во хармонија со себе и ќе бидеш океј дури и кога ќе ти прелета мисла за него.