Саманта, по сообраќајна несреќа паѓа во кома. Се буди по осум дена, но диајгнозата е ретроградна амнезија - нормално функционирање, но без спомени од минатото. Кога ја почнува потрагата која е всушност таа, дознава дека била ужасна личност, вообразена, себична и опкружена со многу непријатели. Затоа сега тргнува во нов живот, од почеток... премиера - 17:35 реприза - 22:50 На Фокс Лајф. Автори: Cecelia Ahern и Donald Todd Улоги: Christina Applegate, Jennifer Esposito и Kevin Dunn Дали ја гледате оваа серија?
И Фокс Лајф зезаат, ова им е втор пат да ја почнат од почеток Јас ја почнав со гледање уште минатиот пат не е лоша но набргу ја прекинаа (не сум баш сигурна ама повеќе од две сезони сигурно не дадоа) ајде можеби овој пат ќе бидат подоследни па ќе може да видиме дали Саманта ќе се трансформира од во
Еј, да. Ми текнува дека ја имаше едно време серијава и исчезна. Ама не ја загледав тогаш. И не ми е интересно кога не гледам некоја серија од почеток. Но овој пат ја фатив од почеток и сега ќе ја следам, веројатно до крај ако не ја прекинат пак
Интересна е серијава, ја имам цела изгледано. Има две сезони, ваљда не била гледана, па ја прекинале. Ама Саманта ми е многу симпатичен лик, а и Кристина Апелгејт ми е добра како актерка
И јас ја гледам серијава. Сакам да знам што ќе се случи на крајот. Дали ќе се сети на своето минато, дали ќе остане со Тед... Вака ја отупеа Фокс Лајф, секогаш да ја повторуваат првата сезона. Но добро, за смеење, за релаксирање, би ја препорачала. :up:
Eве ќе го ставам крајот во спојлер, па кој сака нека прочита. Инаку, не верувам дека ќе ја дадат втората сезона до крај на фокс. Спојлер На Саманта нема цело паметење да и се врати одеднаш, така ќе си остане. СО Тод ќе остане, ќе се свршат, арно ама мајка и и татко и ќе се разделат и мајка и ќе остане да живее во станот со нив. Андреа ќе треба да се омажи со геј кошаркар, ама на денот на свадбата ќе избега со пријателот на Тод. Другата, Дејна мислам дека се викаше ќе си остане со тој шефот на Сем и Андреа, Чејс. И толку е, хепи енд.
Овие од Фокс да не ја немаат купено втората сезона од серијава, па затоа не зафркаваат?! Ама затоа постои нетов, ќе си ја спуштам
Почнав да ја гледам, некаде при крај на прва сезона сум и баш ми е мила и весела, а и траењето на епизодите е таман погодено, повеќе би било досадно
Мене ми е интересна, ја сакам Кристина Еплгејт, само се нервирам тамам ке наидам на некоја добра серија и да побарам нешто на нет за неа, гледам после 1/2 сезони укината.
Забавна серија, ама едно од многуте серии кои ги прекинуваат после 2та сезона. Кристина е феноменална глумица и серијата ми беше мн забавна и смешна! Имаше прилично добра хемија меѓу неа и Тод, но мене neпотребна ми беше дебелата другарка. Требаше повеќе да се заадржат на Андрија. И двете сезони беа смешни, но искрено не гледам причина да ја продолжеа за уште некоја сезона. Добра идеа, но немаше со што дополнително да ја заджеа гледаноста и што ќе се продлжеше сезоната! Штета имаат доста добри иновативни серии, но скоро секогаш на пола започнува клишето и ја затупуваат.