Денес сум среќна затоа што , за прв пат по години и години кафе испиено од " на нога " , денес го испив раат како човек . Без дечиња-мечиња да ми скокаат врз глава ( сеуште спијат ) без муж да прави муабет ( го испратив на работа ) . Да не бидам погрешно разбрана , си го сакам семејството , ама има ретки моменти кога сакам мир и тишина околу себе . Е таков момент ми е денес . И среќна сум што го имам .