уфф.. ич не ми се станува зошто синоќа не си легнав порано ај уште 10 мин и ќе станам па уште 10 потоа... и така секој ден... џабе што сум втора смена кога станувам еден 40мин пред да одам на школо едвај успевам да се спремам
Нее, не се буди МА! Сакам уште да спијам, уште дооооолго, што побрзо да ми помине денов. Тоа го викам веќе две недели!
Па еве вака во викенд ништо посебно. Е коа ќе станам од кревет тогаш почнувам да мислам леле што имам за учење, колку иам за учење, па ќе фатам да ги барам низ куќа моите кај се итн. А преку неделаа остај ме бее уште 5 минутии, ми се спиеее
Лелеее па дали е нормален? Во ниедно време се уклучува ли компјутер бре? . . . Аларм? Во 7 часот? Леле нормална сум, како сум наместила аларм во 7 часот? . . . Аааа.... ај да станам. Да си се искапам. Мх мх мх...
Само пет саати, ама ако, убаво е сабајле, барем да не роскаше, само алармов да беше малку понежен во будењево.Само,само.само.
Чекај бе... ааа 12 часот. Леле телевизорот сум го заборавила. Море да си прилегнам. . . Мх... шо убаво си се наспав. Море ама гурелки ми се насобрале...
Ааа,кој зборува толку гласно на телефон ооо Не, ова сигурно е обид да ме разбудат, ама зошто не е толку касно - Што викате толку ,кој шлапотит толку гласно на телефон ? - АА сега ми е јасно. Станувај од кревет Лукс и право на миење