Цигарите каде ми се....чекај требаше да се јавам да разбудам некој (10 минути си го барам тел околу мене) не свестена како што треба палам цигара и ѕвонам.....
Лелеее бе 6 часот а компјутеров уште работи. УФ! Грдо будење. Ај уште малце да дремнам и да станувам.
Денеска се разбудив среќна си помислив колку е убаво и сончево надвор- ваквите денови ме полнат со позитивна енергија (иако е ладно, бар не е тмурно) Обично прва мисла ми е-кој ми беше распоредот на обврски за денес ?? Но баш во периодов сум слободна и не се тревожам за ништо
^^ Исто, се разбудив среќна, со насмевка (и покрај тоа што утре имам испит и имам куп материјал за учење), едно зракче ми ѕиркаше низ прозор. Без мисли си се истегнав низ креветов и после секако следеше дневен план што и кога да се прави
У п.м. да иде и аларм и се живо! (следуваат 300 мисли во секунда) Да поспијам уште малку?....Не, кој ќе ми научи ако не станам...едно кафе, релаксација со музика и четките, боите, платното...па после на учење, а да ја средам собава...лелеее луѓево не се гледаат на телевизорот од прашина СТАНУВАЈ!!!
Денес прва мисла ми беше ај да си исклучам алармот пред да почне да ми свири уште рано сабајле,да станам и да идам на пракса,и што побргу дома да си дојдам...
Леле бе до кого со несоницава? Три пати со ред заспивам во 7 наутро, а пред тоа неколку часа се превртувам низ креветов! Иди, иди несанице! Да не видим твоје лице!
Благодарам....што се будам покрај овој човек ....(освен нормално кога не сум му накурчена и спијам на другиот кревет, тогаш првата мисла ми е, ќе му го сјебам и овој ден....со тоа и мојот нормално...ама.... )
Дали да одам во теретана прво па после сауна па џакузи или да го сменам редоследот денес....ццццц цел ден и денес така џаболебарски ќе го поминам дремејки на машините или играјќи покер !!!! До кога а и до каде вака со ова темпо?!! Од викенд на викенд,од патување на патување......уморна сумммммм од ваков живот веќе,се зситив доста ми е патување може време е да се приберам дома?!!