Прво ме буди едниот мобилен телефон, го местам алармот на уште 9 мин. , после ми ѕвони другиот мобилен (кога сум по свесна и тој го местам да ѕвони покасно) и најпосле ми ѕвони саатот , а ова со повторното местење на алармот на мобилните ми е како осигурување дека некој од тие аларми кога тогаш ќе ме разбуди, што си е сигурно сигурно си е. И пак каснам за автобус, или ми бега или трчам по него и после такси-то скапо ми било Во тој период помеѓу алармите, јас сум преокупирана со мислата дека кога тогаш морам да станам да се истуширам и освестам конечно.
Па зависи од тоа што сонувам и како спијам. "Добро е сон било", "Аман бе само што легнав треба да станувам", "А зошто сум го навила алармот"
Си викам леле ми се спие а морам да станам, а кога ке се расонам веднаш помислувам на обврските кои ме чекаат.