Леле, уште малку има до школо. ( И тука ме гледаш си се вратам на другата страна од креветот и продолжувам со спиење независно колку е саат. )
'Леле, каков сон' 'Јес, имам време уште 10минути' 'Хм, ајде стани, ајде собери сила и стани, ајде денеска е среда, уште два дена и викенд, па ќе се наспиеш тогаш' 'Ау, ама сум гладна'
„Лелееееее, ич не ми се оди на работа.....а да се јавам дека не ми е добро? Ај не, можда некој друг ден....“
Во последно време мака мачам со некои страшни мисли Се плашам некоја беља да не направам со бабичкана под мене. Ме буди бре миризбата од тие недефинирани мучканици што ги пржи уште во 6 саат насабајле на тераса, а терасата и е под мој прозор кој е ширум отворен, пошто инаку не се дише. Ме убива!!!
Кога и да станам најпрво го проверувам телефонот да проверам колку е часот а со тоа проверувам и дали имам пропуштен повик и порака.. И постојано дури и во сред ноќ кога ке се разбудам го изговарам неговото име..