Кое будење бре? За да се разбуди човек, прво треба да заспие, нели? А јас тоа не го направив затоа што мислите цело време ми беа насочени кон... ...и вредеше. Секоја минута без сон вредеше
Доколку сум се разбудила сама, размислувам за сонот. Доколку ме разбудил некој, или алармот, лошо ми почнува денот.. со мисли за обврските, училиште..
Секое сабајле се будам со еден специјален да не кажам злобен осмех...повеќето викаат дека е страшен..ама во тој момент мислам на се што сум направила сосема без врска и се гордеам со тоа..
Кога ќе станам пак си прилегнувам и чудна работа ама си го довршувам сонот таму каде што ме прекинал некој редовно
мм кај најде аларму еден сега баш во најубавото да ме разбудиш?! Зошто? А и топло си ми е под ќебе, посебно кога надвор врне, зошто ми го расипуваш меракот и ме тераш да се разбудам за на чколија?! Е ова го помислив денес..