Мм после долго време конечно се разбудив наспана(колку ми е убаво топличко под ќебе) па го зедов огледалцето при рака што ми беше и си реков во себе со насмевка: Колку сум убава ко ќе сум свежа и наспана ѓоа некое бебенце Spoiler дека вечерта со бекутан се мачкав и со пунџа спиев
Уште еден ден,морам да го искористам со позитивни нешта до максимум-фала му на животот што сум се разбудила уште еден ден здрава,жива и весела
Е денеска баш кога станав прва мисла ми беше „оо боже колку имам за учење и одма го гледам распоредот“
Да си ги завршам обврските и да се вратам што побрзо дома и да си го искористам слободното време најмаксимално што можам
во последно време првата помисла ми е он кога станувам прво помислувам дека пак ке ми помине цел ден без него и одма ме стега срцето ....
Деновиве станувам рано и цело време си викам, „Леле алармов во најслаткиот сон ме буди.“ После тоа си викам, дај да се уклучам на фемина да видам дали СДП ја отвориле... Шала мала, дека тоа актуелно е деновиве ништо чудно и со таа помисла да почнам да се будам
Кога преспивам,првата мисла кога ќе се разбудам ми е пцуење..првен ќе опцујам 2-3 пати да не сум го испуштила Бекство од затворот,а тек после тоа гледам колку е саатот (и да не се подречам до сега,кога преспивам без аларм ми се нема случено да го испуштам..изгледа и телевизорот и телефонот се плашат оти знаат што следува )