Или стандардната леле ајде уште 5 минути, или најчесто размислувам што сум сонувала, па да отворам одма соновник на фемина да видам што значи
Лелееееее ме изеде ова станвењево рано,ко ќе дојдам после ко ќе му ја легнам има пет саати да спијам.
Мојата прва мисла пред да заспјам, и от кога ке се разбудам е што се треба да средам за тој ден, и како да го претерам денот со што помалку трошоци, како би можеле да истераме до први. За жал моите мисли се поврзани за егистенцијата за разлика од повекето од вас кои ве мачат проблеи од типот како поубаво да си поминам денес, каде да одам на шопинг итн.
Во последно време единствената мисла кога ќе се разбудам ми е дали ќе ги положам испитите и дали ќе се запишам во 4та година (ама во мој случај подобро би ми било да мислам и да речам денеска да фатам книга и да научам нешто) Инаку се знае која е првата мисла што треба сите да ја поседуваме ,,Леле колку сум убава" хахахах
Аууу fuck зар е веќе време за станување; Уф телефонче што те мразам насабајле? Па трепнувам два три пати за да видам дали сум наспиена, ако ми теќат очите лошо е, ако не свежа сум и одма рипам од кревет. Втората мисла ми е: Што ќе носам денес ?
Стандардната: Уште 5 минути А кога веќе ќе станам на нозе помислувам: Ај кога ќе си дојдам дома ќе се изнаспијам
Ти благодарам Господе за новиот ден што ми го подари. Ќе направам се за да го исполнам со многу среќа и радости.
Уште колку дена има до Сабота си бројам за да се изнаспијам, и си се тешам, еее што се 3-4 уште да станам прерано и готово )