Уште еден ден исполнет со школски маки е пред мене... Да станам да си каснам неш, кој го е*е школото Денес сабота сме бе какво школо... (*после 5 минути*) Ааааабе, четврток сме!! Ај ќе издржам рано станување, уште (број) дена има до петок, не е проблем...
мојата прва мисла е кога ке се разбудам да сварам кафе на срцето мое и на мене тоа ме прави најсрекна наутро кога ке се разбудам и така убаво ми поминува денот...
Ретко кој од нас кога ќе стане може да заклучи дали денот ќе биде убав или не...Но мојата прва мисла е леле колку убав ден.Сега ќе станам ќе правам ова она..вака па така..и се по ред планови.. ЕХ..секојдневие..
УТРЕ СИ КУПУВАМ ТАМПОНИ ЗА УШИИИИИИИИИИ.... И никако да си купам. Ова дека ги слушам сите аларми во зградава, а цврсто заспивам кога се е мирно, па испаѓа дека последна заспивам и прва се разбудувам. Прилично иритирачки. Ама прилично. Најново, слушам една фенси чивава како мјаучи од трети. Боже Господе, сабајле мислам дека ќе станев ферман да и напишам на фенси типката да си го прибере ГЛУШЕЦОТТТТТТТТТ оти ќе и го изедам за појадок! Само да се квичело, бреее.
„Лееееееле!“ Секој Божји ден ова е првото што си го помислувам кога ќе отворам очи, секогаш ми било мачно станување, без разлика дали во 7 саат сабајле или во 12 на пладне, дали има сонце или е облачно и така натаму...
-Едвај чекам да се вратам од школо и да си легнам пак...секогаш го велам тоа и нема ден да не сум го исполнила доаѓање дома и легнувам да спијам пак, а кога станам од 2рото спиење незнам на кој свет сум ни кој ден сме, ни дали сме на школо додека се свестам... -Абе аман, уште колку денови има до петок? И си ги бројам...си велам ќе издржам ај
И јас, слично, како и претходното... -Не ми се станува за во школо, па кој ќе иде, ај кога ќе се вратам ќе спијам. -А за викенди..ооо конечно се изнаспав.
А како тоа јас сум се разбудила без будилник во пристојно време и покрај тоа што си легнав пред 3-4 часа? Ова на арно ќе да е
Ar..ehmm..khhm...Le brain's not ready yet Мисла? Слаба е конекцијата рано утрински, не ми функционира мозочето од одма По некое време кога ќе се подизбистри - to be or not to be the question is now - да станам сега ..хмм... или не