Здраво! Забележав дека многу од вас што сакаат да земат куче се во дилема која раса или од каде да го земат совршеното куче. Се што треба е да ги одговорите прашањава што ќе ги поставам и јас во ЛП или тука ќе ви одговорам. Прашањата ќе бидат со а, б, в, г, д или ѓ. Ќе бидат 10 прашања. Ок, почнуваме: 1. Која големина сакате да биде вашето идно куче? а)Многу мала б)Мала в)Средна г)Голема д)Многу голема ѓ)Не е важно 2.Колку енергично сакате да биде вашето куче? а)Спринтер(полно со енергија) б)Џогер(да сака да трча, но не премногу) в)Мрзливо г)Не е важно 3.Колку време ќе можете да посветите за шетање на вашето куче? а)30-45 минути б)20-30 минути в)малку до николку г)не е важно 4.Колку често ќе можете да играте со вашето куче? а)Цел ден б)Неколку пати на ден в)Можеби еднаш на ден г)Не е важно 5.Колку љубезно сакате вашето куче да биде со вас? а)Никогаш да не ја напушта мојата страна б)Да ми дава љубов кога се враќам дома, но да останува при себе повеќето од времето в)Повеќе гледам за цимер одколку пријател г)Не е важно 6.Имате ли други миленичиња? а)Да, па важно е дека кучето треба да се сложува со другите миленици во куќата б)Не, но планирам кучето да се дружи со други видови на миленици и кучиња. в)Не, сакам куче кое ќе биде научено на лов г)Не е важно 7.Колку подучливо сакате да биде вашето куче? а)Многу, сакам да ги научи основните и некои бонус трикови б)Не баш, сакам кучето да знае седи, лежи, остани тука, фуј(пушти долу), уз нога в)Не многу, немам време за да го учам трикови г) Не е важно 8.Колку заштитнички сакате вашето куче да биде настроено? а)Многу заштитнички настроено, јас барам куче чувар б)Прилично заштитнички настроено, барам заштитник, но не куче чувар в)Малку до николку, не ми е потребно куче чувар г)Не е важно 9.Колку време можете да посветите на нега на крзното на вашето куче? а)5-7 пати неделно б)3-5 пати неделно в)Сакам куче кое што нема да му треба многу нега на крзното г)Не е важно 10.Во каква клима ќе живее идното куче? а)Живеам во топол крај, па моето куче ќе треба да толерира топла клима б)Живеам во ладен крај, па моето куче ќе треба да толерира ландна клима г)Живеам во крај каде е топлдо преку лето, а ладно преку зима, па кучето ќе треба да ги толерира и двете температури. Тоа е тоа девојки! Резултатите ќе ги добиете по ЛП. Гледам да ви најдам некое куче што може да биде во Македонија и да не се мачите со увезување на куче од странска земја. Резултатите ги довивате за најмалку 1 -3 дена, а може и истиот ден од објавување на резултатот. Бонус Совет: Се одговара со 1-а 2-б 3-а итн.(бројот на прашањето и буквата на одговорот) Благодарам на вниманието!
Сите се совршени Ама зависи од условите за чување и тоа какви сакаат Иначе добар е тестот. Само штом веќе ја направи темата,можи и овде да пишуваш одговори,можи да се тоа и предлози повеќе
Твојата совршена раса е Англиски Кокер Шпаниел. Тие се многу мили и лојални кон своето семејство. Во Македонија нивните цени се движат од 300 до 100 евра. Еве слика:
Пишував одговор. И, да знам дека сите се совршени но има некои луѓе кои немаат толку време и незнаат толку за одржување на кучето. Па затоа има и кучиња кои се за почетници како Лабрадорот, Кокерот или Златниот Ретривер, а некои се по комплицирани како Шиба Ину или Акита Ину.
Твојата раса е Златен Ретривер. Тие се мирни и дружељубиви со секој. Сакаат да бидат повеќето време со нивните господари или семејство. Ги сакаат малите деца па не би им било проблем да живеат во околина со мали деца. Еве слика(За секој случај ):
Оф бе па јас се надевав на Германски Овчар. Омилен ми е. Сакам да си земам. Ај ако не ти е тешко, пиши ми ги маните и предностите на овчаров. Ќе ми значи многу. Јас додуша го познавам кучево, но може нешто не знам. Ептен ми е убаво и мило и лојално. Поздрав.
Па да и германски овчар е добро, но не е најдобар за почетници. Со не редовно тренирање може да стане агресивен кон другите, а и кон вас. Секогаш кога се одбираат Германски овчар не смее да се одбере најтивкото или најенергичното куче. Тоа е тоа со што не се сложувам кај Германските Овчари, но ако не ти се допаѓаат Златните Ретривери, немам тука што да ти се мешам земи си го Германското Овчарче и тие се слатки.
1. Која големина сакате да биде вашето идно куче? а)Многу мала 2.Колку енергично сакате да биде вашето куче? в)Мрзливо 3.Колку време ќе можете да посветите за шетање на вашето куче? в)малку до николку 4.Колку често ќе можете да играте со вашето куче? в)Можеби еднаш на ден 5.Колку љубезно сакате вашето куче да биде со вас? а)Никогаш да не ја напушта мојата страна 6.Имате ли други миленичиња? а)Да, па важно е дека кучето треба да се сложува со другите миленици во куќата 7.Колку подучливо сакате да биде вашето куче? б)Не баш, сакам кучето да знае седи, лежи, остани тука, фуј(пушти долу), уз нога 8.Колку заштитнички сакате вашето куче да биде настроено? б)Прилично заштитнички настроено, барам заштитник, но не куче чувар 9.Колку време можете да посветите на нега на крзното на вашето куче? в)Сакам куче кое што нема да му треба многу нега на крзното 10.Во каква клима ќе живее идното куче? г)Живеам во крај каде е топлдо преку лето, а ладно преку зима, па кучето ќе треба да ги толерира и двете температури.
Твојата совршена раса е кралски пекинезер. Кралските пекинезери се често мешани со обичните пекинезери, но единствената разлика кај кралските пекинезери е тоа што не им расте толку долго крзното како на обичите. Оваа раса е многу мила, се преферира за семејства со стари луѓе и поголеми деца. Не ги копирав можете да забележите дека има и некои кои што сум ги измислувала(украсувала), го преведував за оние кои не се толку запознаени со англискиот јазик. Планирав да ја кажам страната, но сега ти ми смали работа. Фала!
Баш е добро,продолжи си,убави совети даваш Јас иначе не се побунив,туку сакав да кажам сите се срцки убави,сите се мили,а за тоа спрема условите едно друго и според личноста (од одговорите на тестот) добро е да се знае која раса е најпогодна за таа личност Супер е се
Tвојата совршена раса е West Highland Terrier. Тие се полни со енергија и позитивност кон вас. Тие имаат многу цврсти опаши, па ако се заглави во некоја дупка можете да го потегнете од коренот на опашот, но тоа само за озбилни работи. Вест Хајланд Териер или Вести, порано работеле како кучиња за ловење на стаорци, па ако се заглавело кучето во цевката, го ваделе со помош на неговиот опаш. Без тоа тие се мирни и лојални кучиња кон газдата, но рамнодушни кон странци. Еве слика:
Tвојата совршена раса е Минијатурен Шнауцер. За Мини Шнауцерите може да се каже дека се кловнови во кучешкиот свет. Тие се би направила само за да те видат дека се смееш. Радосни се и мироњубиви кон познати луѓе, но кога се работи за безбедноста на сопственикот би го ризикувале животот за да бидете добро. Многу се лојални и приврзани кон сопственикот, но кога се работи за потрчковци тие си ја гледаат нивната работа. Лесни се за оддржување и за шетање. Па би можело да се каже дека не се лоши за почетници. Еве слика:
Се мислев околу Германски Кратковлакнест Поентер, Ирски Сетер и Златен Ретривер. Ти можеш да одбереш една од нив. Сите се добри, но јас најмногу би ти препорачала Кретковлакнестиот Поентер поради тоа што е малку помал од Златниот Ретривер и тоа што има помалце за чешлање. Тие имаат сличен карактер на Златниот Ретривер, па дури и се помирни од него. Еве слики од сите запишани раси погоре, па која ќе ти се допадне ја има во Македонија. Сите се мили! Дечкото на братучедка ми имаше ирски сетер, беше многу сладок, и висок. Како мал му давале многу витамини и пораснал огромен! Но, сега веќе го нема, си почина. Се забоде на орада изгуби многу крв и си отиде. Но сега имаат едно мало Златно Ретриверче па ги мотка на една шепа!