Според вас, која е најдобрата возраст за излегување по дискотеки и разни клубови.Во денешно време можат да се видат и девојчиња и момчиња од 14 години по дискотеките, но колку е тоа прикладно на годините?
Идеалната возраст е околу 16-17 години за започнување со излегување по дискотеки. Воопшто не е пријатно за очите кога ќе видиш некои 14-15 годишни се пијанчат по барови и тн. Оваа Нова година, мојата помала сестра, која е 7 одд (13 год.) нејзините другари и другарки се собрале на некое запуштено место (секако, нашите родители не ја пуштија да оди) и се пијанчеле, пијанчеле до бесвест, во болница однесоа момче, кое било на забавата, поради труење со алкохол и отежнато дишење со оштетени бели дробови од големо количество испушени цигари. Па ај сега кажете убаво ли е што пуштаат 13 годишни деца на такви ‘‘забави‘‘??
По дискотеки секако дека 18+ И како што кажа Emma89 обавезно со лична карта... Не е убаво кога ќе забележиш деца од 14-15 години...со штикли 12ка и едвај стојат и демек се веќе возрасни...Од една чаша се пијанат и припаѓаат на сите страни...Би рекла дека во тој момент и дискотеката не личи на дискотека туку на...градинка?
Се согласувам со Emma89, 18+ и обавезно со лична карта. Не дека личната карта гарантира дека некој е созреан доволно за да оди по дискотеки, туку ете ако се деси нешто сам да сноси одговорност
Не греши душа, можда младолики биле Шалата на страна, не гледам зошто малолетни тинејџери би излегувале каде било после полноќ, да се трескаат, пијанчат, и наредниот ден да се самовозвеличуваат зашто биле најпијани на журката и не можеле да стојат на штикли Нели е противзаконски?
Јас лично почнав многу ама мнооогу рано да излегувам што дури ми е срам да кажам на колку години прв пат стапнав во дискотека. Се дружев со постари и сеуште се дружам бидеќи секогаш бев понапред од врсниците. Моите секогаш има доверба во мене и не згрешија бидејќи не ги разочарав во тој поглед ама сега ми е криво зошто ме пуштале тогаш и дозволие така брзо да го поминам детството и да пораснам. Сега моите врсници излегуваат а јас си дремам зашо мене веќе ми е досадно да излегувам по дискотеки.. Ретко идам, и тоа за да направам кејф на некоја другарка. Се каам што сум брзала да пораснам ама тоа е нема назад. И јас мислам дека во дискотеките треба да се пуштаат лица над 18. За помалите има кафичи и јуниор забави кои траат до 12 /1.
Јас мислам дека така во мали дискотеки каде што не влегуваат многу постари и каде што нема секакви.. Од 16+ а такаа во поголемите мислам 18+..
Па јас почнав од 13+ ама излегував таму каде што имаше мои врсници. А инаку сметам дека треба да има дискотеки за тие ДО 18год., за 18+ и 21+.
Мислам дека треба да се излегува по дискотеки накај 17,18 години,а не сега видов во 69 деца од 14 год, се пијанат и глумат нешто демек се.
Стварно иритира кога на едно место гледаш луѓе од сите генерации , од 13 па до 45 години. Едноставно не оди. Сметам дека не треба да се дозволува влез на малолетни по дискотекиве, невкусно е. Не викам дека и јас не сум излегувала на 17 години, ама ајде оди друштвото ќе одиш и ти нормално, ама знам дека и тогаш си викав дека треба да се воведе над 18 години да пуштаат. Вака ќе проживееш излегувања уште од порано и потоа кога баш треба да се забавуваш нема да ти биде интересно, си поминал.
Мислам дека најдобрата возраст за да се почне да се излегува по дискотеки е околу 14 години, кога се почнува со средно школо. Да не бидам лошо сфатена, во Скопјево по дискотеките си има Junior и Senior забави и се знае, средношколците треба да си одат на оние Junior, а лицата со +18 на Senior, само ретко кој го почитува тоа. Кога ми се оди во диско одам на места каде што има мои врсници, мислам не ми е пријатно да седам во иста просторија со лица со +18 кои имаат потполно други муабети и да речам погледи кон животот. Убаво е сите да си одат по дискотеки, ама на забави соодветни за нивната возраст.
Да,треба да има дискотеки за тие што се средно (од 14 до 1 и за тие што се 18+.Па неможе 14-годишни да одат во дискотеки со 20 годишни.Ама кај нас не е така (не знам за др. земји),иако така би било најдобро.