1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Која е најдобрата возраст за излегување по дискотеки?

Дискусија во 'Слободно време' започната од Tearful, 17 јануари 2013.

  1. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    72
    Според вас, која е најдобрата возраст за излегување по дискотеки и разни клубови.Во денешно време можат да се видат и девојчиња и момчиња од 14 години по дискотеките, но колку е тоа прикладно на годините?
     
  2. Liebe.Love

    Liebe.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    24
    Идеалната возраст е околу 16-17 години за започнување со излегување по дискотеки. Воопшто не е пријатно за очите кога ќе видиш некои 14-15 годишни се пијанчат по барови и тн.
    Оваа Нова година, мојата помала сестра, која е 7 одд (13 год.) нејзините другари и другарки се собрале на некое запуштено место (секако, нашите родители не ја пуштија да оди) и се пијанчеле, пијанчеле до бесвест, во болница однесоа момче, кое било на забавата, поради труење со алкохол и отежнато дишење со оштетени бели дробови од големо количество испушени цигари. Па ај сега кажете убаво ли е што пуштаат 13 годишни деца на такви ‘‘забави‘‘??
     
  3. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    ^Се согласувам!

    И јас мислам соодветна воздраст е 16+. :)
     
  4. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    +18
    И тоа со лична карта.
     
    На angelche16, mileystar, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    По дискотеки секако дека 18+
    И како што кажа Emma89 обавезно со лична карта...
    Не е убаво кога ќе забележиш деца од 14-15 години...со штикли 12ка и едвај стојат и демек се веќе возрасни...Од една чаша се пијанат и припаѓаат на сите страни...Би рекла дека во тој момент и дискотеката не личи на дискотека туку на...градинка? :?:
     
  6. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Се согласувам со Emma89, 18+ и обавезно со лична карта. Не дека личната карта гарантира дека некој е созреан доволно за да оди по дискотеки, туку ете ако се деси нешто сам да сноси одговорност :lol:
     
  7. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    55
    Над 18 секако...вчера во Сектор ко фосил се осеќав :D
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Не греши душа, можда младолики биле :D

    Шалата на страна, не гледам зошто малолетни тинејџери би излегувале каде било после полноќ, да се трескаат, пијанчат, и наредниот ден да се самовозвеличуваат зашто биле најпијани на журката и не можеле да стојат на штикли |( Нели е противзаконски?
     
  9. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    За мене најсоодветна возраст е 17+ :)
     
    На Tara12 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Morti27

    Morti27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    11
    Јас лично почнав многу ама мнооогу рано да излегувам што дури ми е срам да кажам на колку години прв пат стапнав во дискотека. :$ Се дружев со постари и сеуште се дружам бидеќи секогаш бев понапред од врсниците. Моите секогаш има доверба во мене и не згрешија бидејќи не ги разочарав во тој поглед ама сега ми е криво зошто ме пуштале тогаш и дозволие така брзо да го поминам детството и да пораснам. Сега моите врсници излегуваат а јас си дремам зашо мене веќе ми е досадно да излегувам по дискотеки.. Ретко идам, и тоа за да направам кејф на некоја другарка. Се каам што сум брзала да пораснам ама тоа е нема назад. :)
    И јас мислам дека во дискотеките треба да се пуштаат лица над 18. :)
    За помалите има кафичи и јуниор забави кои траат до 12 /1. :)
     
  11. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
  12. Lavica01

    Lavica01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Стојам позади сите мислења дека за во дискотека треба +18 :)
     
  13. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    Јас мислам дека така во мали дискотеки каде што не влегуваат многу постари и каде што нема секакви..
    Од 16+ а такаа во поголемите мислам 18+..
     
  14. Ani.cka

    Ani.cka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    26
  15. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Девојки +16 момци +18 според мене
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Па јас почнав од 13+ ама излегував таму каде што имаше мои врсници. А инаку сметам дека треба да има дискотеки за тие ДО 18год., за 18+ и 21+.
     
  17. Ilina.I

    Ilina.I Активен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Мислам дека треба да се излегува по дискотеки накај 17,18 години,а не сега видов во 69 деца од 14 год, се пијанат и глумат нешто демек се.
     
  18. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Стварно иритира кога на едно место гледаш луѓе од сите генерации , од 13 па до 45 години. Едноставно не оди.
    Сметам дека не треба да се дозволува влез на малолетни по дискотекиве, невкусно е. Не викам дека и јас не сум излегувала на 17 години, ама ајде оди друштвото ќе одиш и ти нормално, ама знам дека и тогаш си викав дека треба да се воведе над 18 години да пуштаат. Вака ќе проживееш излегувања уште од порано и потоа кога баш треба да се забавуваш нема да ти биде интересно, си поминал. :)
     
  19. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Мислам дека најдобрата возраст за да се почне да се излегува по дискотеки е околу 14 години, кога се почнува со средно школо.
    Да не бидам лошо сфатена, во Скопјево по дискотеките си има Junior и Senior забави и се знае, средношколците треба да си одат на оние Junior, а лицата со +18 на Senior, само ретко кој го почитува тоа. Кога ми се оди во диско одам на места каде што има мои врсници, мислам не ми е пријатно да седам во иста просторија со лица со +18 кои имаат потполно други муабети и да речам погледи кон животот.
    Убаво е сите да си одат по дискотеки, ама на забави соодветни за нивната возраст.
     
  20. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Да,треба да има дискотеки за тие што се средно (од 14 до 18) и за тие што се 18+.Па неможе 14-годишни да одат во дискотеки со 20 годишни.Ама кај нас не е така (не знам за др. земји),иако така би било најдобро. :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.