Исто и јас сметам дека 16 години е идеалната возраст за излегување по дискотеки. Помалите може да се задоволат и со едно сокче во кафич, а за луди журки по дискотеки малку нека почекаат.
16 / 17 и нагоре...многу ми е невкусно кога ќе ги видам тие седмо/осмоодделенките на штикла 100ка, тие боси не знаат да одат не па друго....
Според мене од 17 години па нагоре,што порано почнуваш да излагаш то поскоро ти се здосадуват.т.е кога навистина ќе ти дојде време да излагаш вдиско ке ти биде искулирано.Затоа се во свое време.
Од 18 години Кога ќе видам деца од 14-15 како се враќаат во 4 сабајле пијани ми се одмилува излегувањето. Се во свое време. Како на оние кои излегуваат по дискотеки од 14 години ко ќе направат 20 ќе им биде интересно
Мислам дека треба после 16 год. Значи јас сум осмо одд. и мојата генерација значи пола се откачени и мачки и женски.. Турата им е ваква -од 9 часот излегуваат во миничи, штикли 15 (едвај стојат) -до 11 се во Vogue, потоа одат во Select -таму се до 1 часот потоа одат во Platinum и таму се до сабајле во сабота вечер,а во петок се глупираат низ плоштад и 40 годишни мажи им свиркат. Се пијанчат (водки, разни алкохолни коктели..) по 10 пати имат паѓано на скали пред дискотеки или кафичи пошто одат на штикли од 15 цм .. Се занесуват си мислеш кој знае колкави се а народо им се смее..а јас до сега само еднаш сум излегувала и не ми се допадна друштвото бидејќи се се откачени и не излегувам во кафичи..само така може на кафе со поединци што не се како нив..
Со оглед на тоа дека веке нема џуниор ко порано што имаше по дискотекиве па децава да си одат дома во 11,а после тоа да настапат постарите за мене идеално е после 18год. Но со оглед на тоа дека почнуваат да излегуваат уште од 13 год ,ова мое размислување е помалку утопистичко. Невкусно и одвратно ми е кога ке ги видам распуштени ,благо кажано непристојоно облечени ДЕЦА ,рамо до рамо ви дискотека со повозрасни. И после Цацко им е крив кога чичковци им се пуштаат,дома пијани кога се вракаат и што ти уште не. Али од друга страна кога мајките и татковците дома не ги гледаат како излегуваат и кога се вракаат нивните деца џабе ние да дискутираме што и како чини или не. ПЕТИЦИЈА ДА СЕ ВРАТИ ЏУНИОР ПО ДИСКОТЕКИТЕ.
Абе родителите колку знаат толку и не знаат, излегувам во кафич, девојчиња не постари од 15 години (од око проценето, а можеби и помали, не знам мене сите ми изгледаат манекенкести) облечени во мини,со деколте, штикли на платформа, хулахопчиња тенки, ги гледам се шуткаат надвор внатре, после некое време стануваме да си одиме, истите од wc- облечени пристојно излегуваат и влегуваат во такси со една кеса. Или пак одат кај другарка, се пресоблекуваат и така успеваат да се сокријат. И јас сум за строгост на родителите, не велам не, додуша мене и како мала стилот не ми бил таков "на мегдан" ама мислењата за ова ми се поделени. Не ги оправдувам родителите воопшто и ја наоѓам вината во нив на оваа тема, но се обидувам и нив да ги разберам... Сметам дека проблемот е во односот родител-дете и потекнува од помала возраст. Инаку за темава, не е како често спомнуваното "во мое време" знам дека тоа го прават многу порано што не е во ред, ама па ќе им здосади, и така се поместува границата се понапред и понапред. Мене на 17 години ми викаа не може да одиш во диско после 12 и точка. Ќе дојде време, ќе ти здосади. Јас плачев, кукав, мислев дека само јас сум на светот што трпи неправда и што нема излез до покасно, одвај чекав да одам на роденден да останам пола саат плус, но сега ми е многу мило и знам дека биле во право.
И јас сум била дете,сум имала 15 години и сум искачала уште од тогаш по дискотеки, ама сега ова што го гледам ме запрепастува. ПОла и поише изгледаат повоздрасно и од мене на 22 години а ни 18 немаат. Се нарушија некои правила, незнам како да ги наречам кодекси за однесување, па и за изгледање. Нешто се сами криви, ама вината ја ставам кај родителите. Мене до 18 не ми даваа покасно од 2, и тоа во 4та средно со молење да останам до 2-3 преку сила, а иам дикотека преку улица буквално. Денешниве на 14 незнат ни сами до колку можат да седат, зашто немаат правила ни одредено време На 15-16 претежно одевме на џуниор од 9 до 12. Не се мешаваме со постари, прилично се идеше на места каде идат средношколци и само средношколци. Така да одговорор ми е, за секоја воздраст треба да си има соодветно место, клуб како сакате кажете го, каде ќе си се дружат врсници и приближно иста воздраст. И до кое време да се знае изречно. Тоа фали и те како, и родителите сериозно да си стаат прст на чело, и да отворат очи. Јас во нив првенствено ја гледам вината.
па искрено мене не ми се допајга ваква работа за деца мислам за мали деца кои се околу 14 ,15 години,е да де тие се усте деца али ете ги има таму и тоа до многу касно
Се сложувам делумно со другарка дека се преоблекуваат по вециња и кај другарки, ама сепак некој платил за таа гаредероба. Плус во собата на сопственото дете сигурно знаеш што се наоѓа во плакарот. Излегувам од 14 години, и излегував во патики. Си одев со цело друштво до дома. Излегував до 22, па до 23ипол, па до 00, до 1 и дури во 4та второ полугодие не бев ограничена. И тогаш се враќав во 3 пример. Секогаш ми било интересно таму кај што ми се врсниците, сум висела по клупи со сончоглед и кока кола, сум седела и во кафичи ама имав грижа на совеста цела недела после порачаното прво пиво на 15. Пубертетлија треба да има строго ограничен буџет зошто за да си платиш влез во дискотека и пијачки за да се начукаш и такси за дома, треба пари. Има време за се, камо сега да имам друштво време и воља и да ми личи да мрзнам во парк со гитара, чипс итн. Овде кај што студирам нема теоретски шанси да влезеш во дискотека без 18 и ми стана навика постојано да си ја носам личната карта и дома, иако никој не ми ја бара.
Ноеми памтам и јас едно време имав излез до 11-30 али дека диското преку улица па самоиницијативно си го напраив излезот до 12. Жива смешка кога ке ми текне на мојата еволуција во поглед на времето кога треба да се вратам дома. Почнав да излегувам во диско во 1ва средно.Нормално џуниор во Елемент. Аххх memories. Имав излез негде до 10:30-11:00 ако не се лажам. Многу поубави времиња него денес.Памтам кога ке влезев во диско секој со секој се знаевме.Сите бевме некоја екипа на иста бранова должина ,генерација.Деца од клас од средно или евенетуално од основно.Јас не помнам да имало чичиња како што има сега по дискотекиве и да се запуштаваат на малолетници. Едноставно се знаеше кои сме,што сме. Патики,мајца и фармерка. На 15 години ни на крај памет не ми биле штикли,а уште помалце штикли од 15 сантима на платформа. Кога ке ми текне на тоа време,памтам секоја година униформирани бевме.Кремците(од каде само го извадија тој израз не знам),носевме Дизел и Фарт.Сите девојчиња бевме во еден ист модел на патики од Оникс,а подоцна хитот беа патиките од Адидас со 3 ленти. На ниту еден штикли на памет не му пагаа. Во 12 саат сите Пепелашки. Џуниор по дома,во диско влага Сениор. Нема потреба да кажам која возбуда беше ако се знаеш со некој вратар и успееш да се шмугнеш на Сениор со возрасните. Со новиве напредни генерации можам во животот да се кладам дека нас во патика со излез до 11 ни било милион пати поубаво во град него нив денес што им е. Во животот се кладам. Нормално како што растев и излазот се зголемуваше. Така во 4та средно стигна до неверојатниот 3 часот по полнок. Жива срека. Сега на 25 год за мене жива срека е ако останам будна до 2 по полнок. Сфакам дека некој ке каже времиња се менуваат,не е како порано.Вистина не е како порано,но некои работи не треба да се брзаат. А тоа е младоста,детството. Не треба тие родители до толку да им допуштаат на младиве.Како што кажа некој пред мене,збориме деколтиња и допичњаци носеле.Па тие родители ја купуваат таа облека и тој допичњак. Тие родители даваат пари за пијандурење.Јас памтам искачав со 100 ден и најсрекна на свет бев.Пиво и алкохол не знаев што значи до 3та средно. После град бевме живи срекни ако ни останат пари за да јадеме у Попе или Аркадија а не дали ке имаме пари за вотки и вина да пиеме. Стојам на ставот дека децата треба да бидат деца а возрасните возрасни. Животот е пред нив.Има кога да глават во диско до сабајле и да се пијандурат. На 13 год доволно им е кафе со друштво во кафич,прошетка низ парк,или некоја забава во кафич организирана од нивните врсници.
Јас многу рано отидов, сега срам ме фаќа кога ќе ми текне Прв пат отидовме на 14 години, на џуниор, мада и другите беа тука некаде до 16-17 год. највеќе. Интересно ни беше нас, ама сега кога ќе размислам не било фер од наша страна да се мешаме со средношколци, затоа што претежно сите забави беа демек highschool, па можете да замислите колку им било интересно со помали. Еве сега воопшто не ни излегувам по дискотеки, ми здосади по 10 пати... Имаше право мајка ми кога ми викаше да не одам, дека ќе ми здосади брзо. Плус кај нас не се ни води сметка за тоа кој влегува, се мешаат 15 годишни со 20+. Мене тоа ми изгледа невкусно За атмосферата внатре па да не правиме муабет... Како приумрени дремат, мислиш на погреб отишле, девојчињава вртат по 20 круга во дискотеката, те буткаат, типците со кило злата око врата ќе земат една флаша пиво и ја лигават цела вечер, внатре како во сауна да си... ужас.
На 14 години, но во дискотеки каде што се на тие воздраст. Пример, тука кај нас, познавам. Ама секако да не се претерува. Секако, според мене поретко да се оди, а во никој случај алкохол Инаку во другите дискотеки, според мене од 17,18 нагоре.
Да ви кажам имам 17 години и 3-4 пати во живот сум отишла во дискотека и тоа не после 12 -.- ,и многу ми е смешно кога на 12 и 13 години облекле штикли на платформа огромни а незнаат ни да одат на нив,битно на плоштад да ги прошетаат,па јас бе сум облекла 4 пати штикли во живот еј! и тоа незнам ни зошто сум ги облекла,и јас едвај одам на нив -.- и коа сум била во дискотека сум носела балетанки.. како што доаѓаат генерацииве се полоши и полоши се,мислат дека цел свет е нивен -.-
И јас имам 15 год.,и јас полека-полека почнувам да излегувам.Имам една многу блиска другарка и нејзиниот татко и моите родители не пуштаат до 12 на полноќ и потоа они не зимаат.А за штикли носам.Зошто да не? Но штикли од 5 цм.Бидејки како прво ме болат нозете,а и не ми стојат на изглед.Во февруари прв пат излегов во дискотека,а тогаш сеуште имав 14.И за првиот пат си ги купив моите први штикли од 15 цм.Татко ми беше многу против,а јас не го слушав,бидејки мајка ми ми дозволи.И ги носев една вечер цели 3 саати и се разочарав.Сега тие штикли ми стојат во ќошот и за ништо не ми служат.Од тогаш се облекувам пристојно и убаво.Сега летово со другарка ми ке излегуваме секој четврток,петок и сабота во кафичи и дискотеки.А алкохол не пијам бидејки сеуште телото не ми е оформено и организмот не може лесно да го прими тоа уште на 15 год. да се опијанувам.Значи,да,може од 15 год. во дискотеки но не секој е за таму.На пример моја соученичка се облекува како 20 годишна,а јас исто така се дотерувам не дека не,но изгледам како права тинејџерка од 15 год. (според мене),а и многу постари,роднини секогаш кога ке ме видат ми викаат дека преубаво се облекувам.Значи,не е со до возраста.Туку и до самата личност.