Толку им е гајле на родителите, ги пуштаат децата да скитаат по цели ноќи малолетни. На деца не им е место во дискотеки, не за џабе постои закон 18+, во нашава држава што ништо не се почитува тоа е друго.
Така било отсекогаш. Ќе ми речеа да се вратам во 12, јас ќе си дојдев во 1. И мислам дека дискотека треба да е за секоја возраст. Како ми се рипа на техно журка некогаш... ми се пука! 44 имам.
Според мене 17-18 али без претерување, да внимаваат со какво друштво се дружат, без разлика дали е машко или женско... Да не се претерува во ништо, денеска идат и на 15 години, само не треба да брза никој да порасне за толку брзо време <3
Имам одено 2-3 пати во дискотека, на 15. Иначе, на повеќето им се брза да пораснат. Ко ќе пораснат, пишман ќе се прат. Ама ... то е...
Нели имаше порано по дискотеки ко јуниор журки, до 12, па се остануваше и до подоцна. Пред 18г сигурно беше.
Да бе... имаше журки за средношколци... и по кафичи и по дискотеки. Ама колку шо памтам, во 12 завршува...
Имаше до пред некое време во Привилиџ. Од 8-12 После беа сениор.Јас последно у 9то иам отидено на џуниор.После сите се буткавме кај шо не ни е место. Ама сега ко маалце поголема сфаќам дека е глупо кај шо идат 25-30+ да идат дечишта од 16-17 години А на џуниор што е најјако идат до 15 години, а другиве на сениор
Даа Од 20-00 и после се спремаше диското за сениор, да почне накај 12ипол И тоа Два Бона знам им ги носеа бе. На 15 години слушаат ,,од кока трнат нозе” и после зашо шмрка на казанче на 17 години ко клошар/ка. И помали чув летово шо слушат песни ја што ги слушам, а немаат ни 10 годни Пее за дрога и пиштоли а везе си немаат… Ние растевме со звуците од џамлии, од сакате ли војска, дерење кога сме се бркале по улици
Нема врска. И во наше време имаше песни за наркоманија, алкохолизам, насилство. И не се 'клошари', туку се зависници. Зависноста е болест. Ќе ми се фали онде полицијата, како фаќале секој ден, некое тинејџерче со 2гр марихуана. Најди кој им продава! Сенкир не знат. Секој втор ден има предозирање во парко... шо се вели...
Добро да. Пример Рибља Чорба Не мора да се зависници сите може рекреативно се дрогираат Па МВР се најсмешни.Знаат кој ја дава дрогата и сѐ тоа, а замараат дечишта и народ за 2грама Пошто испод 5 грама казна е јас како што знам по ново 250€ а порано и повеќе беше.И го пунат буџетот, овај пратениците де. Истите кои ја пуштаат дрогата во етер