Детето треба да слуша, малолетни се, родителот треба да е и пријател ама и да се почитува неговиот збор. Ако се кажало излез до 12, до 12 ќе биде и крај. Во дискотеки не треба да има малолетни. Што ќе прават 16 годишни со 30 годишни мажи и жени на исто место? Дрога има на велико, во алкохолизирана состојба се може да им се случи, тепачки, пример дечкото што умре неодамна после тепачка пред дискотека. Деца се, уште им лета паметот и не се зрели за такви средини. Законот постои со право. Џуниор журки се друго, таму се сите на тие исти години и после полноќ не траат журките. Веќе не сум слушнала дека има такво нешто, дискотеките секако полека пропаднаа кај нас.
Цело друштво ми одеше во дискотека кога имав 17. Малолетни бевме сите. Не знам шо ни се чинеше дека во тој сат+ дека ќе се случи Дрога немаше тогаш. Алкохол точеа секому. На 15 бев 2-3 пати на џуниор забава. Не знаев што да правам со себе си... ко изгубен германец бев. Штета што пропаднаа дискотеките. Таа во која одев, одамна е затворена во Битола. Свинг се викаше. Ах... како би пак...