Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Која е најчудната работа што некој гостин ја направил кај вас дома?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Ajronmen, 22 февруари 2022.

  1. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Мене не ми пречи да изедат се за тоа е ставено. Ситуација за која не е чудна ама ме има ставено во непријатна ситуација. На слава сите биле барем еднаш и се знае што се нуди и има зборам за повеќето слави. Елем се знае пример што се пие на слава ( пак ќе кажам кај повеќето) пиво, ракија, вино, сокови....Бар кај мене на слава. Имаме слава и ни доаѓаат поприлично многу гости и јатрвица моја да се направи паметна кога ја прашавме што ќе пие од понуденото си кажа виски...( не беше понудено). Имаме ние дома виски ама не во количини за на слава да нудам не можам да си дозволам за толку луѓе да купувам ( скапо е) Прво што е некултурно да бараш нешто што домаќинот не ти го понудил, второ не стави во непријатна ситуација зошто кога слушнаа и други побараа, а немаше доволно за сите. А и да имаше ќе имаше пример за една чаша и нема да му кажам на гостинот доста ти е една не барај повеќе...На славата имаше пријатели кој прв пат ни доаѓаа и уште повеќе ни беше непријатно...Морав да си дадам "на гладно што се вика" 4000 илјади за да земеме уште едно шише. Многу е некултурно да бараш нешто на гости што не ти е понудено. Пример јас не пијам газирано многу ретко ептен заради притисок ако ми падне или мачнини да имам од стомакот. Ако ми понудат сок и не ми понудат опција и ми донесат газиран не викам дека не пијам туку од култура ќе го прифатам, можеби домаќините само тоа имаат. Јас дома може Дон Перињон пијам ама не очекувам кога одам на гости со тоа да ме послужат...
     
    На Снегулк@23, Limpan, zemzela91 и 41 други им се допаѓа ова.
  2. Maaaaaaaaar1

    Maaaaaaaaar1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2022
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    357
    Пол:
    Женски
    Една поранешна другарка.Украде лабело и слушалки од мојата соба.И згора на се негираше.
     
  3. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    И не ми е толку чудно колку што ми падна незгодно во моментот.
    Ми дојдоа гости, ненајавени. Мајка и дечиња. Беше околу пладне, па нормално служиш со сокче и грицки, кога мајката ми вика ние сме гладни, ај пренеси нешто да јадеме, немавме време да јадеме дома.А ручек нема спремно, не беше време за ручек, а и да имаше немаше да има за нив бидејќи не беа најавени. И викам добро, шо ви се јаде? Епа за мене ќе донесеш ајварче и сиренце, ама децата тоа не јадат, за нив донеси тоа и тоа (не ми текнува што беше). Ајде, донесов. Откако го изедеа целото ми вика ама нас ова не ни стигна, ај донеси уште. Викам нема, сето ви го принесов... Епа тогаш крем донеси. Среќа имаше дома неотворено, па им однесов кутија крем.
     
    На sweet&girl, Clear, Fraxinus и 11 други им се допаѓа ова.
  4. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.320
    Допаѓања:
    3.330
    Пол:
    Женски
    За мене ова е стварно безобразие, невоспитаност и некултура. Секогаш кога ќе ми дојдат гостиставам на маса. Другарки кога ќе ми дојдат ги прашувам дали се гладни и ќе им дадам тоа што имам. Ама ова е претерзам. Еве кај мене дома никогаш нема крем, можам да замислам што гомна ќе изеле ако им кажам нема
     
    На Limpan, sweet&girl, simoncelicius и 8 други им се допаѓа ова.
  5. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Не е срамота да побараш леб ако си гладен ама пребирање од типот донеси ова донеси она е сварно безобразно. Пребирање што ќе јадат се прави дома или во ресторан на гости тоа што ќе ти понудат и има домаќинот. Секакви луѓе постојат.
     
    На Снегулк@23, simoncelicius, Indiegurl и 5 други им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Мнооогу одамна ми беше украдено минијатурно украсче од масичката. (facepalm)

    Кажи многу е убаво, каде да земам и јас, па ако не знаеш ќе ти дадам чоек, што е ова без прашање...

    Ни ти побогата ни ја посиромашна за едно порцеланско минијатуриче шо можда беше 30 денари или 50 не паметам.

    Многу распространета навика, а никој не сфаќа озбилно за жал.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Истите тие кога и да дојдат наоѓаат маани, дури ми е смачено да пренесувам оти секогаш нешто ќе искоментираат.
    Еднаш бевме договорени да правиме пастрмајлии. Ги направивме, пренесовме, кога вика аа моите деца не јадат тоа. Среќа имавме готово тесто за пица, викам пици ќе им направам. Е тоа можело. Ги направивме пиците, им ги пренесам, лелее кечап и печурки ли им стави (кај се видело пица без кечап??)? Они не ги јадат такви. Преку онаквото од такви гости.
     
    На sweet&girl, Clear, simoncelicius и 3 други им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.215
    Допаѓања:
    111.956
    Пол:
    Женски
    Роднини ти се?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.929
    Пол:
    Женски
    Прво ќе речев ајде греота се може немаат пари, ама ова е врв на безобразлук. Не знам дали ти се блиски, ама јас уште еднаш не би ги викнала.
     
    На Снегулк@23, simoncelicius, VDT2906 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    И да не ги викнеш, тие пак сами ќе си дојдат :rofl:
     
    На Снегулк@23, Ouravanture, VDT2906 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Не сме крвно поврзани, ама ги сметаме за фамилија. :D
     
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.157
    Допаѓања:
    125.016
    Пол:
    Женски
    И фамилија да се, пак нема да е во ред тоа.
    Кај им дала, па уште таа пребирала и барала уште... |(
    Јас да бев, ќе ѝ речев да не ми доаѓаат повеќе.
     
    На Fraxinus, MeowMeow, VDT2906 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.354
    Допаѓања:
    20.328
    Аман па вакви што мора копито од еднорог да ги послужиш оти се до немајкаде пребирливи. Особено за деца. Ако више ти е толку пребирливо детето, не го рани по гости, сам спреми му дома што си јаде.

    Ако нешто од било каква причина не (смеам да) јадам, ќе одбијам само и толку.
     
    На FridaodaMk, MeowMeow, VDT2906 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.354
    Допаѓања:
    20.328
    Сакав само да додадам дека ние што какаме на гости и не сме биле толку лоши како овие:D
     
    На Amelia, Bananki023 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Реално ова е големо безобразие. Ти не си црвен крст,направи си услуга сама на себе и повеќе не се дружи со нив.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.379
    Пол:
    Женски
    Во средно другар кај мене на роденден ми го украде дневникот и си го прочитал :punch: од толку книги нз како го нашол превртувал по приватни работи, после ме уценуваше дека ќе раскажувал! :punch:
     
    На FridaodaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bananki023

    Bananki023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Имав другар на гости и оди во вц, океј. После време одам и јас и гледам крпата за глава шо ми е за после капење на друго место. излагам и го прашувам со која крпа се избришал раце и ми вика со таа шарената(таа за глава, а стоеше на парното во вц) а таа за раце пред очи му беше...(facepalm)(facepalm)
     
  18. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    10.523
    Пол:
    Женски
    Woooww :whew: големо чудо.
     
    На Lija.ska, Waverly Raven, simoncelicius и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Adorabela

    Adorabela Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    2.070
    Пол:
    Женски
    Da mu dadeshe I cicka da pocicaa malce:envy:....strashna rabota....vo restoran e sramota da pribirash tolku iako plakjash a ne pa na gosti....I Kakov primer mu dava taa majka na decata za kultura:puke:?Posle se chudime zoshto se decava nikakvi Kako idat generacii I generacii.
     
    На GirlLove, MeowMeow, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  20. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Абе само со исто да им враќаш. За нив специјално си имам сокриено испразарувано оти секогаш доаѓаат во недела, ненајавени, а ништо живо не работи да идеш да купиш, па и уште маани да ми наоѓаат, ќе им го нацртам по нивен избор. Па и само такво и такво сокче пиеле, само такви и такви чоколатца, абе ужас. Ако не ги научиш децата нема сами да им текне на такви глупости.
    А истата за 8 души гости (договорени, тие нѐ викнаа на ручек) беше испекла едно пиле. Гладни останавме. :rofl: Требаше да ѝ речам дај донеси ми нешто да намачкам, или да побарам и десерт.
     
    На sweet&girl, simoncelicius, GirlLove и 3 други им се допаѓа ова.