Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Која е најчудната работа што некој гостин ја направил кај вас дома?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Ajronmen, 22 февруари 2022.

  1. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Ми текна уште едно.
    Бевме искочени, за занесовме и заборавивме колку е саат, а му избегал автобусот па си реков ај ќе останеш една вечер, далеку живееше.
    Епа арно, идеме дома и му викам не влагај у спална, само шо ја средив и несакам никој да ми ја чепне.
    Додека вадев шминка во ВЦ типот си се разшетал низ собите, влегол во спална и разгледувал и превртувал низ плакарите со облека, па си се испружил на кревет, и на крај си се вратил на кауч у дневна.
    Ми пукна филмот кога ми кажа и си спиеше на улица таа вечер :D
     
    На Che Guevara, cresa-jagoda, macor24 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.320
    Допаѓања:
    3.330
    Пол:
    Женски
    Најчудната случка, онлајн се запознав со еден дечко и веќе долго време зборувавме и се одеше океј. Решивме да се запознаеме во живо нели и јас го поканив кај мене дома на кафе, он прифати. Беше многу фин и културен, но некако чуден. Како и да е, дојде кај мене дома, пиевме кафе си поразговаравме, но јас сфатив дека во живо воопшто не ми се допаѓа и не би можела да направам ништо повеќе. Пуштивме некој филм и он лагано си заспа како да е дома. Мене ми беше многу срам да го разбудам и решив да го оставам така на каучот. Утредента стана, ми побара кафе, повторно како да е дома или се знаеме со години. Испивме на брзина кафе и му кажав дека имам работа за да си оди.Откако си отиде продолжи да ми пишува на инста за тоа колку бил хорни.... виде не виде, се откажа (facepalm)
     
    На sweet&girl, Che Guevara, Ajronmen и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Dudo

    Dudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Машки
    Јак на рука.
     
  4. Dudo

    Dudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Машки
    Како си направив филм у глава...
    Сега ќе мислам два пати кога ќе ме праша чистачката дали сакам со политура да ми го помине паркетот.
    This stays in my mind forever.
     
    На kikkki, teressa, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Кога мм ми беше дечко,за прв пат дојде дома да се запознае со мајка ми. Таа па направи ручек 300 чуда . По некое време мм праша каде е тоалетот и отиде. Се задржа пола саат. И се чудевме јас и мајка ми па слушнавме како се пушта тушот. Посегнав по телефонот и видов дека ми пишал 10 пати за тоалет хартија да му однесам и сироти чекал пола саат ,видел не видел влегол во када да се мие.
     
    На sweet&girl, Alm., Anomys и 39 други им се допаѓа ова.
  6. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Сум немала било каква чудна случка.
     
  7. Dudo

    Dudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Машки
    Се надевам пешкир добил кутриот.
    Не се бришел со она крпчето за раце..
     
    На Anomys, Ajronmen, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Ќути ,дојде облечен, што направил не знам, баш ќе го прашам :rofl::rofl::rofl:
     
    На Ajronmen, cresa-jagoda, Peanut Butter и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Затоа кога влегувам во туѓо wc гледам прво дали има оставено тоалет :lol:. Се пресмеав на темава, хахаха стомакот ме заболе.

    Кај нас стандард тие што ни се поблиски си одат по голема, се чувствуваат удобно исто како дома кој по пола саат, кој по саат, гајле си немаат за таа работа :x.
    Тетка ми еднаш, нервозна го окорна цел штек во соба само што реновирана и не ни кажа, се чудевме како успеа да го откорне :whew:.
    Ова малце језивко е, кога почина баба ми, дојдоа тетки нели идат дома поблиски, не знам како во тој момент не им беше срам да гледаат што сме си реновирале дома и како ни е средено :tmi:.
     
    На cresa-jagoda, Peanut Butter, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Со ова умирачкава ме потсети, дедо ми кога умре пред едно 10 години, и дома по 20 луѓе во сите соби собрани.. и додека ја тешев баба ми, една комшивка почна да плачи и рече - еххх душата ме боли, идаше секој ден ,ми велеше дека сум како газелаа ме штипкаше ах лелеее.... настана молк од 10 секунди па баба ми се возбуди почна да ја брка, јас вземји потонав :rofl::rofl::rofl:
     
    На Clear, Munchmallow20, butterfly6223 и 44 други им се допаѓа ова.
  11. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Како газела :rofl:
     
    На Bananki023, teressa, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl: леле бее.
     
    На Billy Idol и NewMama им се допаѓа ова.
  13. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    КАКО ГАЗЕЛА :rofl::rofl::rofl:
     
    На teressa, Snowflake97, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Mongolka

    Mongolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2021
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    574
    Пол:
    Женски
    Јас имам уште една...
    Ни доаѓаат роднини со детето на гости, не сме некои ептен блиски, да речеме се гледаме 5-6 пати во годината.
    Тогаш детето им имаше околу 3 години. Кога фино лепо госпожата си отиде во кујна, си извади брокули, компири, тенџере да правела каша за детето. Па после и еден блендер се фино лепо и на крај цела кујна во хаос ја остави. Си го нахрани детето и си заминаа.:D
     
    На sweet&girl, Alm., simoncelicius и 14 други им се допаѓа ова.
  15. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.755
    Sorry дечки, неам дешавка, ама заоѓам од смеење
     
    На sino.o.oka, mssuniquee, Ajronmen и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Lady17

    Lady17 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    Се сетив на случка во прва година средно славиме нова година кај мене дома. Доаѓаат машко друштво од соседниот град, еден од нив се гледаше со моја другарка, а другите не ги познавав. Играме, пиеме и еден од нив исчезнува. Одам јас до WC и типот лабаво пијан си лежи во кадата.:D:D:D
     
    На kikkki, FridaodaMk, Ajronmen и 5 други им се допаѓа ова.
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    6.508
    Не се сеќавам на дешавка некој што ја направил кај мене дома, ама се сеќавам јас и бившиот што направивме кај татко му во странција. Ако има тема и за тоа, кажете.

    Прво, да подобјаснам. Татко му и мајка му на бившиот беа разведени, и татко му беше преженет за странкиња. Јас отидов кај бившиот таму да го видам, и татко му и жена му не викнаа на ручек кај нив прв пат, и тоа на жената беше станов. Ние се успавме и ајде набрзина отидовме, и ручавме што ручавме, мене ко за беља наеднаш ми се прикака, ама до степен да не можам да издржам, викам ај ќе излезам на тераса, малку воздух да ме фати, ќе ми пројде така, аха да. Коа фатив да се препотувам, збор не можам да кажам, бившиов ме прашува добра ли си, се ли е океј, јас му викам да, да, а рачунај ептен бевме на почеток на врската, срам ми беше да му кажам. Пусто срце јуначко не издржа, викам чекај само да одам до вц. Одење во вц, дали некој пролив ме стегна, и тоа измеѓу си потпрднував ама така убаво, звучно, а се се слушаше надвор. Подотворив прозор, испрскав со се могуче што најдов во вцто, мислам дека дури почнав да прскам од купките и шампоните у шоља да не мириса толку - џабе! Излегов препотена, кај од зорт, кај од срам и ако се сеќавам и бившиот после мене отиде во вц.. И он им го испосра.. :rofl:

    За кратко станавме и си отидовме, и покасно дента или утредента татко му му рекол, аман бе на ручек ми дојдовте, цело веце ми го испосравте, што напраивте, цел ден не можевме да излуфтираме. :D А за воља на вистината, стварно бевме големи серковци и двајцата. :D
     
    На sweet&girl, honey.11, Alm. и 23 други им се допаѓа ова.
  18. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    ШТО ЈАДЕВТЕ???:rofl::rofl::rofl:
     
    На cresa-jagoda, Amelia, Aztec и 2 други им се допаѓа ова.
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Затоа на времето си имаа луѓето надвор вециња... полски. Паметни биле!!! Сега на сред куќи си сериме, хахахаха
     
    На Ajronmen, Amelia, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Значи урламм крај! На работа сум сама у канцеларија, ќе ме гледаат ко мрдната колегите после на излегување. :D:D:D
    Инаку памтам една дешавка од пред многу години. Иде на гости една пријателка на мајка ми. И како седеа така типкава ја снемува. Кога гледаме после дваесетина минути, она си влегла у спална, си легнала и си пуштила тв. :D Ама имајќи во предвид дека е скроз откачена и од неа може да се очекуваат секакви глупости, воопшто не бевме изненадени.
    Друг пат, средно памтам бевме. Ми беше роденден и викнав 3-4 соученици на торта. Имаше еден тип со кој се меркавме и овие бидејќи го познаваа го викнале да ме изненадат. Ок, седевме, гледавме филм, јадевме... Си испозаминаа сите, типов нема абер. Седи уште саат, два, три...Више од четири саати окапа, по дома се зачудија што е работата. И на крај ајде конечно реши да иде, пројде низ дневна покрај присутните ни чао ни пријатно си отиде ко никој да нема. :D:D:D
     
    На Ajronmen, Feminka22, The_Boss и 6 други им се допаѓа ова.