Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Која е најчудната работа што некој гостин ја направил кај вас дома?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Ajronmen, 22 февруари 2022.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    6.508
    Абе ептен нормално ручече, нит беше нешто луто ни премногу зачинето.. До стресот ќе да било изгледа. :D
     
    На Ajronmen, The_Boss, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Си сѐ изнасмеав за сите пари поштено.
    Алал да ви е на сите :rofl::rofl::rofl:
     
    На Feminka22, The_Boss, My litle pony и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Ladyinblackkk

    Ladyinblackkk Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2020
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Ова беше пред 6-7 години сигурно, јас бев уште во средно школо. Се враќам дома после школо моите на работа, а гледам вратат отклучена и си викам ајде ваљда мајка ми има дојдено порано дома, или пак нешто има заборавено. Влечувам во дневна има што да видам, комшијата си влегол кај нас дома и си пуштил тв да гледа. Кога го прашав што прави зошто е кај нас, ми рече дома немале они Мах тв, па дошол да си ја изгледа епизодата од вчера кај нас ( нели на маџ тв има видеотека). Јас бев во шок. ИНаку клучот од дома, верувам и многу од вас порано си ги чувале под чергичка или на некое скришно место, па така и ние, он знае кај ни стои. Ептен блиски пријатели се со татко ми и ден денска, али после ова го имаа спиздено скроз.Истиот комшија многу често знаеше да дојде за време на ручек на "кафе" и да ни се придружи, без осет.
    ПС: се згазив од смеење на случките во вц :rofl:
     
    На Ivan4e04, FridaodaMk, Ajronmen и 12 други им се допаѓа ова.
  4. My litle pony

    My litle pony Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    853
    Пол:
    Женски
    Ова беше кога со малава дојдовме од болница,дојде брат ми со детето и се поздравивме здраво,здраво и седна и јас ги послужив со сок,и он да се напие му паѓа цел сок на маицата.Жива вода беше:rofl::rofl::rofl:
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. wildqueen

    wildqueen Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2022
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    417
    Пол:
    Женски
    :tmi:

    најтрагично е што ми е другарка,и не само кај мене,туку и кај останатите другарки се случува истото.Станува да оди во тоалет,ја нема некои 10 мин,се враќа,се однесува нормално,си одат и кога ќе провериш наредниот ден секогаш од несесерот нешто фали,дали кармин,дали сјај,дали молив за уста...

    и мене вака ми е незгодно за некој друг што ќе направи (fingers)

    си имал мака човекот хахаха ]:)

    и кај него во двор ќе се стопи СНЕГ Е :D

    хахахахахахахахахахаха
    леле крај хахаххаха (fingers)

    Боже,ова е веќе болест |(

    потполно се согласувам

    отвори хахахахаха

    woow .. искрено немам зборови :shake:

    еј ме потсети ова на мене..
    некаде 1ва година на факс,ама јас запишана вонредно,дека работев,собрани кај мене друштво за време на викенд(за нив,за мене секој ден работен),седиме,се смееме,сите опуштени,мене ми се приспива,си одам си легнувам,станувам во 6 сабајле да се спремам за на работа,мајка ми кафе направила за сите,они накај дома,јас на работа :D и се навикнаа да седат со моите,јас да си легнам кога и да ми се приспие и сабајле сите си одиме кој дома кој на работа(fingers)

    хахахаха а ќе речеш стари се не " прават " такви работи
     
    Последна измена од модератор: 27 февруари 2022
    На tamche995, Mongolka, Ena05 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    За свадбата на брат ми, се вратив дома од црква и матично, за да земам нешто од соба имав заборавено, сега не ми текнува што, се фаќам за рачка, оп собата заклучена, чукам, и од внатре излегува една роднина заедно со снаата нејзина, што кур бараа да се заклучуваат во мојата соба, еве не знам|( во брзањето не ги ни прашав, ама типките дојдоа пред да заминеме во црква и матично и си останаа уствари дома кај нас, и после фино лепо си дојдоа во кафана|( и не само тие, многу роднини останаа кај нас дома сами, наместо да дојдат на венчавката, поарно дома да отидеа, ама ај, секој со својот ум:devil:
     
    На Arjanit2021, Ajronmen, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Сестрата на мојата баба секогаш кога ќе дојде кај нас се шета по сите соби. 8-|
     
    На simoncelicius и Ajronmen им се допаѓа ова.
  8. The_Boss

    The_Boss Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    1.857
    Пол:
    Машки

    Запршката поќе на кромид беше а? :rofl::rofl:( се шалам,се изнасмеав,замирам,срце јуначко:rofl::rofl::whew:)
     
  9. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Единствено сега што ми текнува е кога една роднина со синот на гости, детето мислам 2 години имаше тогаш. Зборуваме ние она ова муабети, детето си играше, гледаше нешто на телевизорот и одеднаш зеде си се слече гол. Ај што се слече туку и си се помоча на тепих. :lol::lol::headbang: Беше лето и тогаш го одвикнувале од памперси, ама на гости ли така го донесе... Не беше страшно, ама можеше барем да го искара. Ај што се слече, и ку*ето си го креваше. :lol:

    Инаку ве читав до сега. Алал да ви е, ме изнасмеавте. Баш ова смеење ми требеше во моментов. Ама сите серковци биле некако. :rofl::rofl:(mooning)

    Едит: Сега си ги поврзав работите. И дечко ми е голем серко, ОГРОМЕН. Ако еден ден живееме заедно, хаос ќе биде тоа. :?:
     
    На sino.o.oka, FridaodaMk, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.593
    Допаѓања:
    39.623
    Пол:
    Женски
    Ми дојдеа братучедите со децата на гости и деца ко деца сакаа да скокат врз спалната, им дозволив и отидеа да скокат. Кога си заминаа отварам наткасните во спална и гледам презервативите извадени од кутиичката и расфрлани во двете наткасни. :$ Ваљда си играле со нив
     
    На CareTee, Billy Idol, Ajronmen и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Седам читам, се газам од смеење и мајка ми ме гледа ко да ми фали нешто
    :rofl::rofl::rofl::rofl: Абе не сте нормални
    Мора почесто вакви теми да се отвараат.
    Следна да е што сме направиле ние кај некој на гости
     
    На wildqueen, VDT2906, Осе и 7 други им се допаѓа ова.
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.405
    Допаѓања:
    38.336
    Пол:
    Женски
    Се изнасмеав со темава. :D

    Имам и јас неколку случки со другарки од многу одамна, ама ова ми е попресно. Ко се зедовме со мм првата година живеевме кај свекрва ми. После свадба доаѓаа уште гости, па дојде и братучед нејзин со помалечки деца (5-6 години имаа девојчињата). Изгледа досадно им беше со нас да седат во дневна, па се пикнаа в спална кај нас да играат и нормално по фиоки да гибаат. По некое време идат двете со облечени прслуци и гаќи мои на глава :D (и тоа од чипканите што не ми беа за пред луѓе баш). Се изнасмеаа сите, ама јас в земја пропаднав. :$
     
    На sweet&girl, Alm., Waverly Raven и 19 други им се допаѓа ова.
  13. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.601
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Само шо се преселивме со маж ми во куќата, идат гости, нели така да видат каде живееме.
    Доаѓаат блиски пријатели, пар, и си фаќа другаркава отвара фрижидер.
    Му падна глупо на дечко и и изреагира, шо праиш, не си дома!? Оваа мртва ладна одговара: Абе да видам шо јадете вообичаено.
     
    На sweet&girl, VDT2906, _Monroe и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    39.741
    Пол:
    Машки
    Одев еднаш кај другар кој живее во едно околна населба и по патот ме фати големиот ѓавол. Со судни маки стискав додека да стигнам кај него. И така му ѕвонам на врата, овој отвора, иде да се поздрави со мене, а ја само му викам: "тргни се, морам да одам во вц", и со трчање влегов. Може пола саат се заборавив внатре.

    После ме зезаше дека 2 дена проветрувале. :D

    Имав уште една оваква ситуација кога ми беше на гости братучеда ми и живееше со мене еден период.

    Пак ме фати големиот ѓавол додека си доаѓав. Со трчање се качував по скали, тупкав со нозете додека го барав клучот, влегов дома, расфрлав се од мене, влегов во ВЦ, смкнав гаштите и осетив нешто мокро на капакот... Кога што ќе видам, мочка. :envy:
     
    Последна измена: 28 февруари 2022
    На VDT2906, cresa-jagoda, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.208
    Пол:
    Женски
    Некој си роднини далечни од Австралија баба ми ги имаше собрано на улица ги нашла и ај кафе да пијат да се видат. :D
    Маж и жена ама мажот скроз ретардиран. Сварив кафе само што го кладов на маса кафето на екс го мана турско јас :o во шок, на екс луѓе, мала јас тогаш кафе не пиев, овие двете расприкажвани овај стана да сјодва и седеше простум во двор, ја чекаше јас по него тргнав незнаев што ме снашло, не можел да седи и стана и таа сјојдоја, најчудниот гостин на цел свет.:D

    Внука ми 3 години има, отвора фрижидер кај ќе стигни, кока колата ја вика Каурски сок го зема шишето и вика за мене од ова, ова ќе го пијам :D ни срам ни перде чупето, а тетиче ела вели од горе дај нешто благо тука стојат видов:rofl:
     
    На Ajronmen, Ljubova и The_Boss им се допаѓа ова.
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    6.508
    Сега ми текна еднаш другарка ми беше кај мене, уште средно бевме мислам. Дали сакавме цигара да запалиме, не се сеќавам, а татко ми не знае дека јас пушам и ај ми вика другаркава ќе заклучиме врата да не ни влезе во соба а вратава од оние старите, тешки врати, со стар клуч, комплицирана беше малце, и ретко кога таа врата сме ја заклучувале. Заклучивме што заклучивме, испушивме цигара и ајде после да отклучиме, се заглави клучот не сака да се отклучи, другаркава запнува и татко ми од таму абе што правите вие, ние ништо, ништо, и наеднаш клучов се скрши на пола и остана пола у бравата. Пробуваме да го извадиме, неќе, другаркава испаничи од татко ми и падна страв и излезе низ другата врата кај што се влагаше во другиот дел од куќата и избега од тој влез. :rofl: Татко ми збесна, кружеше од другиот влез да влезе во собата и на крај не знам како ја одглавија вратата. :D

    Друга случка со истава другарка, ова во новата куќа, се симнува по скали од втор спрат со кафе во рака, нешто се заниша и цело кафе по белиот ѕид од страна, од горе до доле, а мислам скоро беше кречено. :D И тогаш мислам дека за брзо избега од татко ми. :rofl:
     
    На wildqueen, VDT2906, Ajronmen и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.229
    Допаѓања:
    1.638
    Леле се изнасмеав од вас :clap::clap::clap:, дома мајка ми се чуде јас на цел глас се газам, ми го продолживте животот. Не ми текнува моментално некоја случка, ама ви должам, кога ќе ми текне ќе ви пишам, затоа време чекам други ваши да се посмеам.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Maгии Рама.
    Темјан, крст и Оче наш.
     
    На kikkki, cresa-jagoda, Stark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Сериозна си сесре, или саркастична? Видиш, не дека не верувам во магии, ама не мислам дека магионичарки биле овие, се си мислам дека имаат роварено низ соба од досада што дремеа два-три саати, или пак мислеле ќе најдат нешто, како и да е, некултурно беше и од такт ме извадоа, ама не реков ништо, се воздржав:D
     
  20. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Не се шалам.
    Патологии има насекаде.
    Зошто инаку би се заклучувале во соба и би ровареле да ти ги гледаат гаќите? :?:
    It doesn't make sense.
    Ај да се мажи па иде некако, ќе сфатиш, ама вака?
    Инаку, јас не верувам дека они тебе нешто ти можат со тие нивни чирибу - чириба ствари, само ти кажувам од искуство дека има секакви психи, кои нормално не ти можат ништо.
    Да можеа јас и ти сега немаше да се допишуваме на форум и тебе немаше да ти биде здравствена состојба под контрола.
    Затоа уживај.
     
    Последна измена: 3 март 2022
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.