Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Која е најчудната работа што некој гостин ја направил кај вас дома?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Ajronmen, 22 февруари 2022.

  1. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.320
    Допаѓања:
    3.330
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе. Секакви луѓе има по веков, па такви и шо веруваат и ги прават тие работи. На мој поранешен дечко, кога се вселиле во станот некој баба ли, стринка, тетка, шо и да била, им отишла таму им ги мачкала ѕидовите со вода од мртовец. Ништо не им е на луѓево, здрави, живи, ама не е болест се шо боли како викаат.
     
    На Limpan, Осе и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    1.187
    Пол:
    Женски
    Колешка на мм не вика кај нив на гости да се дружиме и ок ние отидовме, влагаме внатре маса поставена седевме мезевме, муабети и си отидовме. Не поминаа две недели колешкава на мм му рекла дома ли сте деновиве да дојдеме кафе да частите и ај се договориле ќе дојдат.
    Како што е редот и јас маса поставувам, си дојдоа овие двајца и почнаа да си мезат да си јадат, едно време ММ им кажува дека канта сирење купивме и типот ааааа мора да донесеш да го пробаме ако е добро и ние да земеме. ММ носи калап сирење и на маса го стави. Така си се најдоа се од масата маф направија, и калапот сирење може кило беше си го изедоа. И откако се живо и диво изедоа па уште викат уффф да знаете колку бевме гладни дома ништо немавме за јадење, типката не направила ручек зошто знаеле дека ќе дојдат кај нас. Ааа и, донесоа Атлантис демек за прв пат па и тоа го отворивме го изедоа на крај благо. Кафе не се напија касно било.
     
    На sweet&girl, MeowMeow, Aztec и 2 други им се допаѓа ова.
  3. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.803
    Допаѓања:
    3.087
    Пол:
    Женски
    Мене ми е мило кога се што ќе поставам на маса се изеде.
     
    На Lija.ska, Серотин, Stressed Out и 27 други им се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.632
    Допаѓања:
    18.949
    Пол:
    Машки
    Кај мене дома ко помали памтам, ги собрав за роденден другари, пијаме шо пијаме, сите 10 души се испрскале со мојот најскап парфем, и тоа не отворен и од сите 5, баш сите од него се испрскаа, пола ми го потрошија...


    Јас разбирам да се напрскаш итн, ама овие се искапија со парфемот.
     
  5. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    1.187
    Пол:
    Женски
    Прв пат одиш кај некого во домот не си ни близок пријател ни пак роднина, само колега па да седнеш да изедеш се и да кажеш дека дома не си направил ручек целта ти била тука да јадеш па на крај и чоколадните бонбони што ги донесе да си ги изедеш.
    Мене лично ми чудно, јас кај и да отидам првин дома си јадам, а таму од почит кон домаќините ќе пробаш ќе мезиш ама нема да изедеш се на маса па уште да им кажам немам ручек направено.
     
    На Limpan, Ouravanture, MeowMeow и 3 други им се допаѓа ова.
  6. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.803
    Допаѓања:
    3.087
    Пол:
    Женски
    Ти не кажа дека дека не сте блиски, и дека прв пат ви доаѓале дома.
    Јас да отидам кај некој, кој не ми е ептен близок (па и да ми е), ми е страм многу да јадам, ама обратно, ако некој дојде кај мене, макар ете и прв пат да доаѓа, се радувам ако се изеде сѐ што сме спремиле. На некој начин, ценам опуштеност на гостите кога се кај мене. Нормлано со некој граници.
     
    На Stressed Out, Осе и Bebulleee им се допаѓа ова.
  7. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    1.187
    Пол:
    Женски
    Незнаев дека треба да кажам одма дека прв пат доѓаат кај мене, ок еве сега дозна.
    Поентата ми беше да кажам дека мене најчудна работа што ја направил некој гостин е тоа што си дојдоа си седнаа си изедоа и тоа што си донесоа го изедоа и си отидоа.
    П.с ако очекуваш гостите да бидат опуштени кај тебе тогаш и ти треба да бидеш опуштена.
    Ако целата оваа дешавка тебе ти е во нормално на границите, на мене не ми е.
    Мене не ми е нормално да однесам чоколадни бомбони на некој и да си ги отворам и изедам. Без разлика колку ми се блиски личностите кога сум во нивниот дом, неможе да се однесувам како дома да сум. Треба да има почитување и начин на однесување во тој дом.
    Па и дома кога сме сите си имаме кодекс на однесување во домот.
     
    На Clear, Daniela93, Kaja991 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.803
    Допаѓања:
    3.087
    Пол:
    Женски
    Имам многу да пишувам во врска со ова, ама доволно е толку, да не одиме многу офф.
    Секој има право на свое мислење (се согласувам само за Атлантисот).
    Имај си убав ден :hai:
     
    На Stressed Out и Осе им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.814
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    А шо е најчудно нешто што вие сте направиле на гости?

    Еве моја исповед, да се надоврзам со муабетите за серење.

    Бев на кафе на гости, знаете кафе протерува, бев во вц, немаше тоалет. Јас срамежлива не можам да викнам да ми се донесе тоалет, а и далеку беше ВЦто, во куќа. Разгледував околу не можев да најдам никако. И во тоа плакарчето под лабаво кај шо отворив имаше улошки и фино лепо отворив две и со тоа се избришав. :$

    Јас сум гостинот за кој луѓето би пишале во ваква тема. :D
     
    На sweet&girl, Alm., Серотин и 19 други им се допаѓа ова.
  10. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Од темава научив дека не треба да одиш да какаш во туѓо вц пошо ќе те пишат на форум :D

    Иначе, немам дешавки за нешто чудно кај мене дома, не водам евиденција гостите дали ми какаат ама мајка ми имаше една вујна (сега покојна) и одиме таму на гости, најавени нормално, седнуваме и вади женава сок и кикирики и прашува: ќе се напиете од соков да го отворам?
    И мајка ми нормално вика не, по едно кафе свари ни, доста е.
    Ок, вари кафе женава, го носи и носи тањирче за кикириките и прашува: а од овие ќе јадете да ги отворам?
    Мислам нит за јадење нит за пиење отидовме ама или отвори шо си извадила или не ваѓај ич. Кој е тој што ќе рече отвори ќе јадам?!
     
    На sweet&girl, Clear, Alm. и 22 други им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.356
    Допаѓања:
    20.346
    Јас која исто така не ручам дома ако вечерта сум негде на гости додека ја читам темава
    [​IMG]

    Бтв кога викам некој на ручек или друг повод кај што ќе има мезе, сама му потенцирам да ми дојде гладен:rofl:
     
    Последна измена: 4 март 2022
    На Lija.ska, sweet&girl, Alm. и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    43.118
    Пол:
    Женски
    Ни да јадиш ни да какаш. Поврзано е то. :!:

    Јас не одам на гости кај луѓе кои не ми се мнооогу блиски па да се чувствувам како дома баш од овие причини. Да седам како на трња цело време и да пазам постапки. Нешто е смешно, ама нешто нема потреба да се забележува.
    А за кај мене забележувам само ако ми фаќаат лични работи. :@
     
    На Celltica, Bozica1980, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Јас на гости одам од што морам, никогаш не одам од што сакам. Тој саат што ќе го поседам на кафе, исто како на трње да седам, а ако се повеќе часа, мислам ќе збеснам. Единствено што ми е пријатно да седам на гости е кај другарка ми.
     
    На Ouravanture, Ljubova, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.091
    Допаѓања:
    26.927
    Мене пак ептен ми е мерак кога ќе дојде некој прв пат и ќе си земе од масата од се по нешто, ќе ме праша за рецепт и нема да се стега. Прави да се осеќам како домаќин кој е опуштен и дека гостинот се осеќа комфортно.
     
    На Unread, Bratot, Bella ••• и 24 други им се допаѓа ова.
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Би можело истото да се рече и со wc дешавките. :D
     
    На Celltica, GirlRose и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  16. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.091
    Допаѓања:
    26.927
    Па сега Доместос живи, здрави :D
    Комфорт да те тера на серка, показател дека имало одличен домаќин :D
     
    На sino.o.oka, The_Boss, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    2.682
    Пол:
    Женски
    Бев 2 или 3одд незнам па од школо не носеа на прошетка во Охрид. Јас си купив наочари за сунце 8) а другарка ми течен сјај за усни со некаков си вкус. Е сега она ги побара моите наочари да ги поноси малко, а јас паметна (facepalm) и кажав ај до дека ти ги носиш наочарите јас ќе си ставам сјај. И така пола сјај и истрошив ]:)
     
  18. Snow_King

    Snow_King Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Машки
    Доаѓаат гости од друга вера баш на денот Велигден.
    Си тргаат и мајка ми со кошничката ги нуди јајце... Бацето нема појма и си ја зеде целата кошничка. :D
    Едвај скрпивме јајца за уште една кошничка за други гости.
     
    На Puffy2019, Bananki023, Alm. и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Јас како што сфатив, @AneSk зборува за ненаситно јадење, значи и колку можеш и колку не можеш да изедеш само затоа што е муфте. Цел ден да не јадеш за да се чуваш за на гости да јадеш што е можно повеќе. |( Знаеш колку е количински килограм сирење да се изеде? А тие двајца го изеле.
    И тоа се најавиле за кафе, не за ручек. :)
     
    На sweet&girl, Clear, Guns N` Roses и 3 други им се допаѓа ова.
  20. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.803
    Допаѓања:
    3.087
    Пол:
    Женски
    Абе ако не сакала се да им изедат, зошто сето тоа го ставила на трпеза? За да се покаже што и колку има?
    Ако се најавиле за кафе, што им приготвувала цела трпеза?
    Нека ставеше толку и тоа што сметала дека гостите треба да јадат/мезат.
     
    На Ouravanture, Jana06, VDT2906 и 11 други им се допаѓа ова.