Самиот наслов кажува.... Па да подускутираме Што мислите вие? Како би го објасниле едноиот поим, а како другиот?
Ајде што е со темава бе ? Какво прашање еј .. хахаха Мувач е оној со кого се муваш Дечко е оној со кого идеш Еве вака прост пример
Со мувачот се гледаш чат-пат, немаш обврски спрема него, не се слушаш постојано. Плус можеш да се муваш со повеќе во исто време. Дечкото е веќе некој на кој треба да си му верна, да се гледаш почесто, имаш некои обврски спрема него итн.
ДА глупаво е прашањето ама ај да пробам да ти објаснам. Мувач е некој со кој се муваш, што ти се допаѓа, искачате заедно се додека тој на било кој начин не ти укаже дека сака да му бидеш девојка или на било кој начин не те праша за истото. Од тогаш (секако ако ти му прифатиш) тој тебе повеќе не ти е муватор туку официјално ти е дечко кој со текот на времето можеби ке го засакаш а најверојатно и тој тебе и од вас зависи како ке ја одржувате и градите врската. Со мувачот не си обврзана, можеш и ти а и он да имате други во вашиот живот без да се правдате пред некого и да имате грижа на совест дали некој сте изневериле и сл. Исфилозофирав, знам, а не требаше Едит: Додека го пишував постот се осеќав како да и објаснувам на помала сестра, братучетка, другарка која сеуште не пропловила во воие води
Мувач е некој со кој се муваш и немаш некоја обврска а на дечкото треба да му си верна, значи ако се муваш со еден не е ништо ако се смуваш и со друг али ако ти е дечко подруго е.
како што кажаа,разликата е во ексклузивитет-дечкото е за водење под рака секаде,а мувачот само некаде..некоја темница
Во притисокот .Со дечкото може и да немаш нормален да не речам покачен , а мувачот и нема некое јако влијание врз него
Разликата е многу голема. Сум имала мувач до сега и се чувстував многу глупаво и не го практикувам тоа повеќе. Немаш некоја обврска,правиш што сакаш,може да одиш со уште колку сакаш.Но,тоа не е за мене! Јас не сум таква личност, сакам да одам и да се гледам со некој од љубов,а не поради задоволство. Зошто ми е мувач кога можам да се чувстувам сакано и задоволно со дечко. Како што реков разликата е голема.Ако отидеш со друг тој што ти е мувач уво нема да го боли,а ти нема да чувстуваш грижа на совест,додека пак со дечкото е друга работа љубомора,изневерување никако.
Битно сите кажавте колку е голема и проста разликата, а никој не успеа убаво да објасни. Мувач е open relationship. Врска без обврска, фаза на состанување/дејтинг, меѓусебно запознавање (реално повеќе од физички аспект отколку од ментален) кое може да има три исходи: 1. врска 2. сексуална врска (да бидат fuck buddies,friends with benefits) 3. да прекинат да се гледаат и ништо од претходнонаведеното. Генерален принцип во мувањето е don't ask, don't tell. Не сте ексклузивни, па секој има право да се гледа/се мува со друг партнер/и. Нема потреба од секојдневно слушање/контактирање, оправдување за денес, вчера, некни, нема обврска за секојдневно гледање и поминување време заедно. Врска е обврска. Ексклузивни сте, нема слобода (други партнери). Се гледате и слушате редовно, планирате активности во пар, имате обврски еден спрема друг: верност, лојалност, искреност. Инвестирате труд, време и емоции во градењето на врската и ускладувањето на карактерите. Се трудите да останете заедно, да изградите однос, да го одржите на подолг рок. И ова е релативно, бидејќи партнерите влегуваат во врска со различни интереси. Емоциите и во двата односи се релативна работа.
Мувач е fuck buddy само (може но и не мора секс). Најчесто само физички те привлекува и го претставуваш пред другите како пријател и немате некоја (голема) емотивна поврзаност. И како што кажаа можеш да имаш повеќе мувачи, а дечко е оној кон кого имаш обврски, официјално е твој партнер пред сите, мораш да бидеш само со него и него го сакаш.
јас тоа го сфаќам како официјално и неофициално коа имаш мувач можеш уште сто поред тебе да водиш и никому ништо нема обврски, нема плачки додека дечко е нешто посериозно официално знаеш на што си( мада денес мувач и дечко исто поими се ) тој се грижи за тебе ти за него итн итн
Мувачот е за несозреани женски кои сакаат само да им биде забавно, без никаква обврска. Дечкото е одговорност. Во врска, две личности стануваат едно. Нема веќе грижа само за себе, туку и за другата страна (дечкото). Тој е потенцијален сопруг.
Со мувачот не си на озбилно, искачате кога-како се лапате и со други и обично е за забава.Додека дечко ти е некој со кој си во врска и би требало да е поозбилно него со лапаторите
Многу ви се комплицирани врските Во мое време (како бабите), ако те залапаше некој, толку.. дечко ти е и крај на муабетот... Денес ве гледам/читам, па мувач, па сериозна врска, па врска без обврска, па фак-бади, па не знам што... Мислам.. не ми е мене проблем тоа како си ги дефинирате врските пред светот, но како вие знаете кога, во каква врска сте? Се договарате со партнерот? И има ли граници во врските? Гледам, девојки се плашат да кажат 'те сакам', калкулираат кога/како/кому... Дали и машките го прават тоа? Како знаете на што сте? Збунета сум Помогнете и' на една возрасна жена да ве разбере Имам ќерка, и кај да е.. и таа ќе се најде во иста ситуација како вас.. па ме интересира типс енд трикс.. Да си знам што и како да мислам