Да е живо и здраво ☺️ можеш ли да споделиш дали го роди спонтато или царски, бидејки и моето ќе да е големко па ме фаќа страв
Xanty те молам за споделување како го роди бебчето природно или царски и на кратко искуство бидејќи и моето ќе биде најверојатно големко па ме фаќа страв
Lelee A kerkami ima 7 i pol i 23 kg e.. i toa do pred 1.mes bese 22 . Kako grisinka e slaba a visoka 124e visoka. Sinko ima 10 i pol 55 kg i 150visok. A jade kako da ne u davame po 2 nedeli hrana.. Razlicno e sekoe dete.
Ти благодарам Спонтано се породив. Имам пишано во породилни приказни поопширно. Но не се секирај ништо страшно, се се заборава, небитно дали царски или природно. Не се плаши
Вака или така, мора да се породиш. Нема правило, некои жени и со мало бебе се мачат, некои без проблем раѓаат бебе од 4500. Уживај и опушти се, болката од раѓањето поминува додека да трепнеш.
Здраво немој воопшто да се плашиш. И јас кога слушнав дека бебето е поголемо 2 недели и дека е големо се плашев мнооогу. Но кога дојде тој ден сфатив дека нема место за паника и дај боже да имаш пораѓај како мој Се разбудив и имав тапи болки во половината и кога болките биднаа на 5 мин отидов на цтг. Немав многу контракции и сакаа да ме вратат дома но среќа и текна да ме провери вагинално и виде дека сум 5-6 прста отворена и веднаш ме спремија за пороѓај. Кога ме качија на бокс по неколку обиди природно си излезе бебето Со лесно и само позитивни мисли