Порано ги играв: FarmVille, PetVille, CityVille, Happy pets, Happy island, Mall World, Pet Society итн, а сега понекогаш ја играм Totally spies.
Ја играв Restaurant city и прва бев од сите пријатели што ја играа, ама ми се здосади многу играта, се отворив, се направив немаше веќе никаков напредок само поени се собираа и ја избришав. И она миленичето го играв ама и тоа го избришав.
До пред година ипол се живо што имаше таму... и тоа активен играч што се само не сум напраила за тие јагоди да не ми се исушат само за да земам левел и да си бидам прва ... ептен натпреварувачку дух ама срека се отргнав од се. Сега Покер од време на време онака за досада и една игра Океј турска ќе да е ништо не ја рабирав.. ама се снајдов па добро тепам досада летово
Smurfs, почнав да ја играм пред некој ден и 12 левел сум, интересна ми е Mall World, ме зарази една другарка, ама досадна игра.
Играм Малл ворлд и мн е интересна...! Си купуваш алишта, си правиш комбинации... сеа најново можеш да се натпреваруваш со други играчи !
Покер, најмногу. Тексас Холд`ем. Го обожавам покерот на фб, а богами и доста е заразен, некогаш ме нервира ќе напраам многу пари и од што ќе ми се смачи од досада одма ќе ги спискам. ПетСосајати демек почнав нешто сестра ми ме натера, ама не играм баш, ме мрзи, не ми е интересна толку. Порано играв Фарма, ТрежрАјл, СитиВил, КрејзиТакси... и прекинав да ги играм. А покерот го играв уште од пред 2 години, па паузирав зошто ми го кочеше компјутерот може цела година паузирав, и ете ме пак. Се навлеков пак на него
Поактивно ги играм Fashion Designer и Mall World ете можам да ја вбројам и Happy Hospital макар што таа ја играм се поретко и поретко
Ниедна моментално. Ја вклучив таа Симс вчера, ама тапа ми е. Моментално играм само еРепублик(click) и ЦС, што не се на ФБ, а може и да ја преименувам темава...општо, која игра ја играте, хм.
Sorority life е единствена игра која ја играм веќе долго време ..а сега почнав и Sims за да сум во шемата на фб