Pet Society,Mall World,Geo Chalenge има една Who has the biggest brain и то.. Фармата ја играв порано ама ми се здосади..
It girl и fashion world. Не сум зависна, ги играм кога чекам некој да се уклучи на chat или кога ми е ептен досадно по дома а немам концентрација да читам некоја книга
Ангелче направи го саат на твојот компјутер еден саат понапред пример ако е моментално 12.00 направи го 13.00 и цело време ќе имаш максимална енергија и самодоверба, значи нема да мора да чекаш за да играш. Јас случајно го открив ова и еве веќе 2 недели си играм така Функционира на сите комјутери баш намерно се логирав и од кај цимерката за да проверам само немој повеќе од 1 саат да менуваш оти не се отвара играта ако е повеќе.
уф.. многу игри играм и тоа ги играм еден месец два и потоа престанувам досадни ми се некои и само по една недела ги играм и толку
Скоро сите игри ги имам почнато, имам направено човече на сите, само многу малку од нив играм. Најмногу ја играм Pet Society. Едно време многу ја играв и FarmVille, но сега ми се здосади. Моментално ги играм и Happy Pets, It Girl, Sorority Life (мада малку не сфаќам што е целта), PetVille, Happy Aquarium и Fish World и FishVille многу ретко, кога ми е досадно.
Доста игри играв се додека не ми здосадиле,во последно време ја играв fashion world но и на таа и дојде крајот,најнова шема ми е да си ги играм оние online games на нет
Оболев по CityVille, осеќам дека нема лесно да се откажам од оваа. Фармата ја баталив едвај некако, бев до 52 ниво стигната и не продолжив да ја играм. Многу нови и скапи работи изнаставаа и ми беше криво оти неможев да си ги купам.
Cafe World најмногу...дефинитивно. Само на таа игра стигнав до 92 ниво и сеуште не ми е здосадена Потоа Mall World, чат пат Sorority Life, а Pet Society и фармата, онака...ко ќе ме стрефи носталгија
Јас најчесто на фб играм Cafe world и It girl Интересни се меѓутоа не се притресува многу многу тоа ми е онака ради забава и релаксација.