Јас по втор пат не би ги прочитала Странецот на Ками и Процес на Кафка! Секоја чест! но мене многу ме депримира таа бесмисленост и се чувствува некоја тежина меѓу страниците.
Свила од Алесандро Барико. Уф, просто мачење ми беше таа мала книгичка. Очекував емоции, интрига, љубов и страст. Мислев дека ќе биде онака зачинета, експлозивна, постојано очекував солиден пресврт, кулминација. Наместо тоа, книгата за мене е иста како и корицата на изданието кое го поседувам - бледа. ПАЛП - Буковски. Не, не, не. Ја дочитав од инат, колку да си речам на крај на глас - колку не е оваа книга за тебе М.
Јас па ретко која книга би ја читала по втор пат, некако ако почнам да ја читам по втор пат ми се губи смислата, веќе крајот се знае. Треба ептен голем впечаток да ми остави за да земам и да ја читам втор пат.
Баш овие две книги постојано ги мешам Го сфаќам апсурдот на Албер Ками,иако ми се по малку чудни и некои други негови дела,ама со задоволство би ја прочитала оваа книга пак. Инаку,незнам дали постои некоја книга што не би ја прочитала пак.Баш сега ме замисли ова прашање Можеби не би посегнала пак по Робинзон Крусо Сега ми текна дека кога бев мала и ми беше лектира за читање многу се досадував додека ја читав, и најверојатно без да ја сфатам суштината ги минев страните.
Убаво ги сфатив јас и добро ги разликувам Само апсурдноста на Мерсо и апсурдното општество во кое живее Јозеф лошо ми влијаат на психата!
Јас ниедна книга не би ја прочитала по втор пат, не гледам поента во тоа да читам нешто за кое знам како ќе заврши. А ми се случувало додека читам онака да се навраќам уште еднаш на некој дел или да прочитам некоја мисла уште еднаш, ама да земам повторно да ја читам книгата, нема шанси. Исто како што ретко гледам некој филм повеќе пати, едноставно никогаш нема пак да ја/го доживееш книгата/филмот како првиот пат, никогаш не се толку силни емоциите, и неизвесноста до крајот.
Само што го погледнав насловот на темата сакав да го напишам истото што го напиша и Сесилија. Незнам дали би прочитала нешто по втор пат или не би. Еднаш веќе прочитаното ми е познато. Го знам крајот, ја знам содржината. Не е тоа тоа како кога ја читаш книгата по прв пат. Има едно во литературата вели кога еден збор го повторуваш повеќе пати го губи неговото значење (незнам како се викаше ова). Па така и книгата. Би забележала некои делови или фрази, би ги потцртала и би се навратила некогаш на нив. Но да ја прочитам повторно мислам дека тоа би го направила по неколку години доколку книгата била интересна, ми се избледила во меморијата па сакам да ја освежам.
Би требало да се наведе и која книга,како што е насловот Не би ги прочитала по втор пат Ана Каренина од Лав Николаевич Толстој и Мајсторот и Маргарита од Михаил Булгаков.Воопшто не ме воодушевиле. Би ја прочитала книгата по втор пат,доколку навистина ми оставила посебен впечаток, затоа што секако чим била интересна,дека и кога повторно би ја прочитала, би било истото доживување, без разлика што знам што пишува во неа, затоа што лично ако некоја книга не ми оставила посебен впечаток, нема да ја прочитам по вторпат, а најмалку би се сеќавала на неа,можеби само делумно/информативно.Мене не ми е само да прочитам нешто, туку и истото предобро да го разберам, сватам и извлечам некаква поука, затоа што впрочем човек може од се да научи, не е само книгата, а со тоа само добива повеќе, а не губи.
Па не знам која, веројатно тие школските Инаку и јас сакам да се изјаснам за ова читање по втор пат. Навистина не е интересно кога го знаеш крајот, но книгите и се забораваат, еве јас тие книги што сум ги прочитала со некои факти во нив прикажани низ авантура на некои луѓе, знам како завршува авантурата на крај, но сум ги заборавила повеќето факти и корисни информации па затоа со задоволство би ги прочитала по втор пат во слободно време
Книгите од Шелдон, освен „Раскажи ми ги соништата“, "Опасна желба“- Аманда Квик и уште неколку од наведените автори. Не се вредни за читање, немаат баш некоја уметничка литературна вредност, повеќе личат на ефтини филмски крими и љубовни сценарија.
Не знам зошто не би ги читала тие книги по втор пат, па тоа се книги кои се сметаат за врв во книжевноста. Но не можеш никому да му судиш за стилот, нели? Ја имам читано Ана Каренина уште во средно, и фала ти што ме потсети, може да и се навратам уште еднаш бидејќи не се сеќавам на целата содржина од романот. Ете зошто се препрочитуваат книги. Една прочитана книга ако ја читаш после неколку години ја доживуваш сосема поинаку, како и воопшто да не си ја читала. Во тоа се состои дражта на книгите. Мајсторот и Маргарита ја читав на мои 17 години па кога студирав ми беше во програмата за читање и на 24 години ја доживеав сосема поинаку. Се е поинаку кога човек созрева
Па зарем ако се врв во книжевноста, треба по втор пат да ги прочитам? Незнам што е толку воодушевувачко во тие книги, а посебно во Мајсторот и Маргарита.Инаку да во право си дека се е поинаку кога човек созрева, само сосем доволно го имам сватено значењето на истите, така што не морам по втор пат да ги читам, не само што не морам, не ми се допаднале воопшто, впрочем се слични на останати книги, иста филозофија, не гледам ништо празлично.Секако дека секој различно размислува
Гордана не мора да се ограничува темава на наслови, впрочем може да се развие убава дискусија околу тоа дали вреди да се читаат некои книги повеќе пати. Јас мислам да, вреди, затоа што некои книги со секое ново читање даваат нов аспект и во различен период од животот поинаку ги сфаќаш. Сум читала многу книги по два пати, па и повеќе, а книги кои не би ги читала по втор пат се повеќето бестселери и викенд романчиња кои некогаш сум ги прочитала затоа што не сум имала што друго, и за да ми мине времето. Такви книги да, знаеш веќе што ќе се случи и не вреди пак да им посветуваш време. Но еден Достоевски на пример, вреди да го читаш повеќе пати затоа што со секое навраќање повторно те погодува точно во сржта како првиот пат, па и подлабоко, затоа што ти се јасни некои делови од почетокот кои си ги заборавил, а се разјаснети на крајот.
Не реков дека треба да се ограничува на наслови, туку дека би можело и да се спомне, а секако дека може да се развие дискусија
Значи знаев дека ќе дојде до ова! Зошто таа книга да не ја прочиташ по втор пат? бреее. Ќе се караме за вредонста на книгата во темата за книги кои не ги препорачуваме! Не е проблем, ако треба и нека ме банираат таму оти се однесувам дрско и оти демек солам памет. Книга да се прочита по втор пат е работа на избор. Еве некој смета дека се губи магија доколку книгата повторно се прочита. Јас не мислам така зашто тоа е уметност! А јас можам иста театарска престава и филм да гледам повеќе пати, за повторно да ја почувствувам магијата. А за музиката да не зборам пак... На песните зарем не им го знаеме крајот каков е? А ги слушаме постојано и постојано, истите ноти и истите стихови. Една од книгите кои ги имам прочитано по втор пат е Источно од рајот( прв и втор дел) на Џон Стајнбек. И ќе ја читам по трет и по шести пат. Оти приказната за Каин и Авел ми е една од омилените, зборуваме за класика, за ликови чија приказна е развиена до крај, за еден живот кој е борба, за семејството, а да не го споменувам и оригиналниот стил на Стајнбек (некаде ќе се спомне како Штајнбек) и цитати кои вредат!
Се слагам Магнолија, штом се работи за личен вкус нема потреба од истите забелешки во секоја можна прилика. Но сакам само да те прашам Гордана: кои се слични книги на Ана Каренина и Мајсторот и Маргарита? Ако има слични на Мајсторот и Маргарита, која е една од моите омилени книги, би сакала да ги прочитам и да споредам.