Која книга не би ја читале по втор пат?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Magnolija, 20 декември 2011.

  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.619
    Јас по втор пат не би ги прочитала Странецот на Ками и Процес на Кафка!

    Секоја чест! но мене многу ме депримира таа бесмисленост и се чувствува некоја тежина меѓу страниците.
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.512
    Свила од Алесандро Барико.
    Уф, просто мачење ми беше таа мала книгичка.
    Очекував емоции, интрига, љубов и страст. Мислев дека ќе биде онака зачинета, експлозивна, постојано очекував солиден пресврт, кулминација.
    Наместо тоа, книгата за мене е иста како и корицата на изданието кое го поседувам - бледа.

    ПАЛП - Буковски.
    Не, не, не. :shake:
    Ја дочитав од инат, колку да си речам на крај на глас - колку не е оваа книга за тебе М.
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.543
    Јас па ретко која книга би ја читала по втор пат, некако ако почнам да ја читам по втор пат ми се губи смислата, веќе крајот се знае.
    Треба ептен голем впечаток да ми остави за да земам и да ја читам втор пат.
     
  4. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    626
    Баш овие две книги постојано ги мешам :D

    Го сфаќам апсурдот на Албер Ками,иако ми се по малку чудни и некои други негови дела,ама со задоволство би ја прочитала оваа книга пак. :)

    Инаку,незнам дали постои некоја книга што не би ја прочитала пак.Баш сега ме замисли ова прашање :?:
    Можеби не би посегнала пак по Робинзон Крусо :D Сега ми текна дека кога бев мала и ми беше лектира за читање многу се досадував додека ја читав, и најверојатно без да ја сфатам суштината ги минев страните.
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.770
    Гуливер и неговите патувања.
    Живо мачење!
     
  6. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    226
    Улис - Џејмс Џојс.
    Не можев да ја прочитам прв, а камоли втор пат :D
     
  7. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.619


    Убаво ги сфатив јас и добро ги разликувам :D Само апсурдноста на Мерсо и апсурдното општество во кое живее Јозеф лошо ми влијаат на психата!
     
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.259
    Јас ниедна книга не би ја прочитала по втор пат, не гледам поента во тоа да читам нешто за кое знам како ќе заврши.
    А ми се случувало додека читам онака да се навраќам уште еднаш на некој дел или да прочитам некоја мисла уште еднаш, ама да земам повторно да ја читам книгата, нема шанси.
    Исто како што ретко гледам некој филм повеќе пати, едноставно никогаш нема пак да ја/го доживееш книгата/филмот како првиот пат, никогаш не се толку силни емоциите, и неизвесноста до крајот.
     
    На Smell.Of.Wickedness и K.e.ll.y им се допаѓа ова.
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.812
    Пол:
    Женски
    Сребрените снегови :geek: подосадна немам читано
     
    На Muffin.Love му/ѝ се допаѓа ова.
  10. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Само што го погледнав насловот на темата сакав да го напишам истото што го напиша и Сесилија.
    Незнам дали би прочитала нешто по втор пат или не би. Еднаш веќе прочитаното ми е познато. Го знам крајот, ја знам содржината. Не е тоа тоа како кога ја читаш книгата по прв пат.
    Има едно во литературата вели кога еден збор го повторуваш повеќе пати го губи неговото значење (незнам како се викаше ова). Па така и книгата.
    Би забележала некои делови или фрази, би ги потцртала и би се навратила некогаш на нив.
    Но да ја прочитам повторно мислам дека тоа би го направила по неколку години доколку книгата била интересна, ми се избледила во меморијата па сакам да ја освежам.
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.174
    Пол:
    Женски
    Би требало да се наведе и која книга,како што е насловот :)

    Не би ги прочитала по втор пат Ана Каренина од Лав Николаевич Толстој и Мајсторот и Маргарита од Михаил Булгаков.Воопшто не ме воодушевиле. Би ја прочитала книгата по втор пат,доколку навистина ми оставила посебен впечаток, затоа што секако чим била интересна,дека и кога повторно би ја прочитала, би било истото доживување, без разлика што знам што пишува во неа, затоа што лично ако некоја книга не ми оставила посебен впечаток, нема да ја прочитам по вторпат, а најмалку би се сеќавала на неа,можеби само делумно/информативно.Мене не ми е само да прочитам нешто, туку и истото предобро да го разберам, сватам и извлечам некаква поука, затоа што впрочем човек може од се да научи, не е само книгата, а со тоа само добива повеќе, а не губи.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  12. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.729
    Допаѓања:
    5.142
    Па не знам која, веројатно тие школските :D
    Инаку и јас сакам да се изјаснам за ова читање по втор пат. Навистина не е интересно кога го знаеш крајот, но :!: книгите и се забораваат, еве јас тие книги што сум ги прочитала со некои факти во нив прикажани низ авантура на некои луѓе, знам како завршува авантурата на крај, но сум ги заборавила повеќето факти и корисни информации па затоа со задоволство би ги прочитала по втор пат во слободно време :)
     
  13. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    511
    Книгите од Шелдон, освен „Раскажи ми ги соништата“, "Опасна желба“- Аманда Квик и уште неколку од наведените автори. Не се вредни за читање, немаат баш некоја уметничка литературна вредност, повеќе личат на ефтини филмски крими и љубовни сценарија.
     
  14. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    158
    Дон Кихот на Сервантес, бљак :puke:
     
  15. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    226
    Не знам зошто не би ги читала тие книги по втор пат, па тоа се книги кои се сметаат за врв во книжевноста. Но не можеш никому да му судиш за стилот, нели? Ја имам читано Ана Каренина уште во средно, и фала ти што ме потсети, може да и се навратам уште еднаш бидејќи не се сеќавам на целата содржина од романот. Ете зошто се препрочитуваат книги. Една прочитана книга ако ја читаш после неколку години ја доживуваш сосема поинаку, како и воопшто да не си ја читала. Во тоа се состои дражта на книгите. Мајсторот и Маргарита ја читав на мои 17 години па кога студирав ми беше во програмата за читање и на 24 години ја доживеав сосема поинаку. Се е поинаку кога човек созрева :)
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.174
    Пол:
    Женски
    Па зарем ако се врв во книжевноста, треба по втор пат да ги прочитам? Незнам што е толку воодушевувачко во тие книги, а посебно во Мајсторот и Маргарита.Инаку да во право си дека се е поинаку кога човек созрева, само сосем доволно го имам сватено значењето на истите, така што не морам по втор пат да ги читам, не само што не морам, не ми се допаднале воопшто, впрочем се слични на останати книги, иста филозофија, не гледам ништо празлично.Секако дека секој различно размислува :)
     
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.958
    Допаѓања:
    52.043
    Пол:
    Женски
    Гордана не мора да се ограничува темава на наслови, впрочем може да се развие убава дискусија околу тоа дали вреди да се читаат некои книги повеќе пати.

    Јас мислам да, вреди, затоа што некои книги со секое ново читање даваат нов аспект и во различен период од животот поинаку ги сфаќаш.

    Сум читала многу книги по два пати, па и повеќе, а книги кои не би ги читала по втор пат се повеќето бестселери и викенд романчиња кои некогаш сум ги прочитала затоа што не сум имала што друго, и за да ми мине времето. Такви книги да, знаеш веќе што ќе се случи и не вреди пак да им посветуваш време. Но еден Достоевски на пример, вреди да го читаш повеќе пати затоа што со секое навраќање повторно те погодува точно во сржта како првиот пат, па и подлабоко, затоа што ти се јасни некои делови од почетокот кои си ги заборавил, а се разјаснети на крајот.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.174
    Пол:
    Женски
    Не реков дека треба да се ограничува на наслови, туку дека би можело и да се спомне, а секако дека може да се развие дискусија :)
     
  19. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.619
    Значи знаев дека ќе дојде до ова!

    Зошто таа книга да не ја прочиташ по втор пат? бреее.
    Ќе се караме за вредонста на книгата во темата за книги кои не ги препорачуваме! Не е проблем, ако треба и нека ме банираат таму оти се однесувам дрско и оти демек солам памет.

    Книга да се прочита по втор пат е работа на избор. Еве некој смета дека се губи магија доколку книгата повторно се прочита.
    Јас не мислам така зашто тоа е уметност! А јас можам иста театарска престава и филм да гледам повеќе пати, за повторно да ја почувствувам магијата.
    А за музиката да не зборам пак... На песните зарем не им го знаеме крајот каков е? А ги слушаме постојано и постојано, истите ноти и истите стихови.

    Една од книгите кои ги имам прочитано по втор пат е Источно од рајот( прв и втор дел) на Џон Стајнбек. И ќе ја читам по трет и по шести пат. Оти приказната за Каин и Авел ми е една од омилените, зборуваме за класика, за ликови чија приказна е развиена до крај, за еден живот кој е борба, за семејството, а да не го споменувам и оригиналниот стил на Стајнбек (некаде ќе се спомне како Штајнбек) и цитати кои вредат!
     
    На QueenElena и Gordana10 им се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.958
    Допаѓања:
    52.043
    Пол:
    Женски
    Се слагам Магнолија, штом се работи за личен вкус нема потреба од истите забелешки во секоја можна прилика.

    Но сакам само да те прашам Гордана: кои се слични книги на Ана Каренина и Мајсторот и Маргарита?
    Ако има слични на Мајсторот и Маргарита, која е една од моите омилени книги, би сакала да ги прочитам и да споредам.