1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Која книга не би ја читале по втор пат?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Magnolija, 20 декември 2011.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Јас скоро ниедна книга не ја читам два пати. Прва која ја прочитав по втор пат беше „Сенка на ветрот“.
    Кога ќе завршам една книга веднаш земам друга, па трета итн. А кога пак ќе ми дојде веќе прочитана книга в раце веднаш го знам крајот и немам желба да ја читам.
    Не велам дека тоа важи за сите книги. Секако дека има исклучоци. Можеби и мојот број на книги прочитани два пати ќе се зголеми, но за тоа да се случи делото треба да биде навистина добро и да не ми создава досада ни при првото читање.
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Тематиката што ја обработуваат тие две книги, не е тешко да се препознае или спореди со други книги, кога реков слични, мислев општо, не конкретно.
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Зошто некоја книга да не се прочита по вторпат?
    Тука се согласувам со Ливинг Глам, книгата може различно да се доживее од второ читање и во различен период од животот.
    Пример, кога ја прочитав Читачот првпат, не ми остави некој посебен впечаток, мислев дека е малодушна и помалку глупава. После неколку години ја прочитав пак - и ми се допадна.

    И обратно.

    Еве сега во моментов, повторно би ја земала в рака Долг пат до дното, зашто премногу ме развесели и насмеа додека ја читав во автобус, а сметам дека не и посветив достојно внимание. :) Некако пребрзо ми се лизна низ раце.

    А дефинитивно не би ги поземала - Захир, и некои од типот на Која е таа девојка? или Афера на Аманда Квик.
    Одвај ги дочитав првиот пат, не би се подложила на таква тортура одново.
     
    На QueenElena и LivingGlam им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Јас би прочитала книга по втор пат само доколку сметам дека првиот не сум ја разбрала како што треба, не сум проникнала доволно во книгата и така само сум ја прочитала колку ради реда.
    Овие лесниве книги, чик лит, или некои лесни бестселери нема потреба втор пат да се читаат. Книгата нема ништо друго да понуди.
    Јас по втор пат Оркански височини ја читав и среќа што беше така. :)
    И од Хемингвеј За кого бијат камбаните ја читав два пати од кои секако, вториот пат ја засакав книгата.
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Секоја книга која навистина ми се допаднала и ми оставила траен жиг во меморијата, јас би ја читала по вторпат, во период од една декада отприлика разлика. Некои книги кои сум ги прочитала на многу ниска возраст, како на пр. Степски волк, ќе ги препрочитам за да го доживеам повторно дејството, низ сегашното и читачко и животно искуство.

    Прва што ми паѓа на памет на листата книги кои не би ги прочитала по вторпат е Ќерката на чуварот на спомените и првиот пат прилично се изнамачив со неа, заморно дејство сосила и непотребно проширено на толку страни и толку неинвентивен стил во секој поглед. Исто тука ги вбројувам и малубројните самопомагачки книџиња кои сум ги прочитала, од типот на Моќта на сегашниот миг и не се ни сеќавам на насловот на таа од Ог Мандино.
     
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Поголемиот опус на Пруст. Ме уби човекот. :x

    Памтам дека кога полагав некои дела од него, на ливчиња пишував, од пуста мака. Абре ме извади од такт, толку спора текстура, никаде фабула, ќорсокаци во пишувањето. Аман си реков, што му било на човеков вакви чудесии да испишува?

    Сум се изначитала најразлични измачувачки дела, но барем имале некаква поента. Но Пруст... Леле. Кога ќе ми текне на Комбре и Потрага по изгубеното време, си викам, ооо мој драги Прусте, какво време само ни трошиш нам сега, пусти студенти на компаративна! :rofl:
     
  7. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Хихихи и мене Пруст ми беше ужас. За среќа не ми се падна на испит кај Маја :D Ах и тој Џејмс Џојс со Улис ми го збрка мозочето. Пробав да ги читам, се натегав, ама тоа пустото тешки книги ко планина да поместиш за да ги разбереш. И Томас Ман со Волшебниот рид ми зададе напор, ама морав да ја читам на српски јазик, па ја баталив. Отпосле излезе во превод на Табернакул, 2 тома, си ја купив и еве ме чека на полицата за да ја грабнам да видам што има да ми понуди :D
     
  8. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Никоја. Не читам книги по втор пат. Без разлика колку е добра книгата. Исклучок, премногу млада, да не речам мала :$ , прочитав одредени книги. Једино на нив би им се навратила за едно 7-8 години. Мислам дека сосема поинаков впечаток ќе добијам. Не е исто да читаш книга како адолесцент и како зрел човек. Ќе ја почувствувам разликата. :)
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    56.711
    Пол:
    Женски
    Гордана се извинувам што пак ќе ти реплицирам, само те прашав поради тоа што ете јас не сум ја препознала таа тематика во други книги. Затоа те прашувам пак, да ми споменеш наслов ако може.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Значи, си кажав дека не ми се допаѓаат тие книги, иако сум ги прочитала и дека не би ги прочитала повторно,кажав и зошто.Секако дека би прочитала книга која навистина ми оставила впечаток, проблемот не е за јас да го верифицирам своето мислење со кажување на наслов на книга, реков дека и би можело да се спомене која книга не би се прочитала.Тука сите мислења ги почитувам, не навлегувам во детали зошто и како, секако што е во однос на темата.Така што јас го кажав претходно моето мислење.
     
  11. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    35 мај - глупава ми беше, па макар било и за 4-то одд
    А да и за Илијада велев така бидејќи многу ми беше пренатрупана со тие боговите, ама ја прочитав уште еднаш бидејќи ми се измешаа настаните :)
     
  12. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Порта на солзите - Абрахам Вергезе.

    Приказната е прекрасна, трогателна.. Но мноооогу го отупе со небитни работи.
    Да кажеме опишува некој човек, па се навраќа за целиот негов живот, па животот на татко му, па на дедо му, па за мравката што ја видел дедо му, па за семејството на мравката, па каде живее, па почвата од која домот на мравката е изграден, па што се садело на таа почва и пак доаѓа до дедото, па раѓањето на таткото на човекот и повторно се враќа на човекот. Се така во круг, забораваш дури што си прочитал претходно.

    На моменти навистина ми беше напорна за читање.
     
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Јади, моли се , уживај. Ептен ми беше досадна.
     
  14. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Па што ако имам некој килограм повеќе-Мег Кебот...Не е толку до книгава, колку што писателкава не ја поднесувам.Имав прочитано претходно и некоја друга книга од неа, не се сеќавам која, ама се сеќавам дека ми беше исто толку тапа колку и оваа.Прво, насловот воопшто не одговара на главното дејство во книгата.Второ, книгата немаше да биде толку лоша, да не беше толку развлечена во милион описи и непотребни детали...Дефинитивно не би ја прочитала по втор пат...
     
  15. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Книгата која штотуку ја ,,завршив,, Калуѓерот што го продаде своето ферари - Роберт Шарма.
    Немој луѓе да ви текнало да ја читате, подосадна лектира ВО ЖИВОТ НЕМАМ ПРОЧИТАНО! Секако после Пеколот од Данте Алигиери :!:
    Толку е развлекувано за глупости. Една иста работа ја има претставено во милион страниии.. |(

    Едноставно Шарма не го бидува за книги |( , барем јас така мислам....

    Темата што е обработувана мислам дека досега се има обработувано многу подобро, во други изданија.

    Мене воопшто не ми се допадна.. Прочитав многу критики и пофални зборови за книгава на нет.. И викам ајде да ја прочитам.. Стигнав до средина и јок брееееее, неможам натака... Ќе се отруев :doh:
    И оставив.. неможев веќе....
    Ма и филмот ми беше мене досаден. |(
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Во животот ни една книга немам прочитано 2 пати.Ниту пак имам намера.
    Големо браво :clap: за тие што по два пати знаат да прочитаат една иста книга.
     
  17. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Девојката со бисерна обетка |(
     
  18. SABAH

    SABAH Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    26
    Еквинокс од Мајкл Вајт. Па попредвидливо нешто не постои. |(
     
  19. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    Војна и мир

    Никогаш повеќе... :shake: :shake: :shake: :shake: :shake:
     
  20. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    Појадок кај Тифани- Турман Капоти и Девојката со портокали-Јустејн Гордер :puke: