Искрено јас никогаш не би ја читала некоја книга два пати, па незнам колку да била интерсна за мена, може ќе ја запамтам подобро и подолго ќе ми остане во сеќавање отколку некоја книга која ми била досадна и глупава, нама логика и резон да читаат книгите по два пати се разбира доколку не е научна или ако ти е потебна да научиш за работата нешто, на пример медицинарите навистина им е поребно не два пати да читаат туку повеќе пати.
Јади,моли се и уживај.Ќерката на чуварот на спомените- многу убава содржина но премногу опширно раскажувано за некои не толку важни работи.
Без да размислувам, дефинитивно тоа би била „Петтото Дете“ од Дорис Лесинг.А баш се сеќавам дека пред да ја купам доста ми ја фалеа..
Алхемичарот од Пауло Коелјо. Многу фалена, ама со недела сум ја читала... не ме заинтересира, беше необична на начин кој што не ми се допаѓа.. Ааа, да, и сите тие од Александра Потер. Првите две беа интересни како за прв пат, а другите... !!
Би прочитала книга повторно, некоја која не сум ја сфатила добро, некоја на која не се сеќавам на содржината или некоја која ми оставила добар впечаток, па би се навратила пак на чувствата што ми ги предизвикала. Но, не би прочитала книга која ме убила од досада и која едвај сум чекала да ја завршам. На пример, „Процес“ од Франц Кафка и „Тврдоглави“ од Славко Јаневски. „Процес“ беше многу досадна, тој ликот само некаде одеше ни сам не знаеше каде, нешто бараше, кој знае што. Пукнав дури ја дочитав. Имав една професорка во средно која секогаш ја препрочитувала „Дервишот и смртта“ од Меша Селимовиќ. Велеше дека при секое ново читање откривала нови работи и старите ги сфаќала и доживувала поинаку.
Се сложувам,леле умрев од досада додека ја читав,ама ај си реков ќе и дочитам и . А и би ја додала Децата на капетанот Грант (Les Enfants du capitaine Grant) Романов е напишан во 3 книги со по 260 страни,и е заморувачко,го читав цел месец.Како капетанот мислеле дека е мртов па неговите деца го бараја низ цел свет,па кај оделе шо имало таму,па имиња на сите места (ни едно не запаметив) и бла бла бла
Јас би ја читала пак "Прв за умирање" ептен добра книга, за сите што сакаат криминални трилери зачинети со малку љубов му ја препорачувам книгата, нема да згрешите, јас ја прочитав во еден здив. А исто така пак би ја читала и "Повикот на судбината" нешто слично на шпанска серија ама интересна ми беше така лесна книга.
Ниедна книга не би читала по втор пат. До сега едниствена книга што умеела да ме допре до толку е „Сама“ од Г. Петрески. Таа книга ја имам читано 3 пати и никогаш нема да ми стане досадна. Сега кога на полицата стојат книги со по 700 страни, никако бре, што сум ви ја тука, машина?! Можеби кога ќе остарам ќе ми се појави некоја желба да ги препрочитам омилените книги. И до сега немам сретнато некоја досадна книга. И во најдосадното пронаоѓам интересен елемент.
Никако ама никако не би ја читала повторно "Собибор"(не се сеќавам кој е авторот)се работеше за евреите и холокаустот.Не најдов почеток и крај, нешто се раскажува,завршува,а после пак од ново (истото). И секако "Сребрените снегови" тие се топ 2, ама има и некои други како Робинзон Крусо, Белото циганче (мајка ми ги прочита за мене )
Осаменоста на простите броеви-Паоло Џордано. Ја купив по препорака на една од вработените во Матица демек ќе сум се воодушевела -.- . Мислам дека не сум сретнала книга со толку досадна содржина и никаков крај.
Последниот чај од Винка Саздова, очекував малку повеке од книгата ама ја завршив со мало разочарување, со тоа што до негде сака очигледно да го долови стилот на Пауло Коељо ама слабо. Интересна книга ама ..... одвај чекав да се врати од таа Индија ,,, бла бла блаааа
Калуѓерот што го продаде своето ферари - Роберт Шарма и првиот пат едвај ја прочитав а не па да ја читам по два пати... Појадок кај Тифани - Труман Капати и оваа книга не би ја читала по втор пат бидејќи и првиот пат не ја сфатив како што треба
Иаку ја имам прочитано два пати, единствената книга што не сум ја разбарала и не ја сакам ич е Малиот принц. Незнам за таа воздраст толку ме збуни, ме искара наставничката и морав јас да си ја прочитам втор пат зашто се нервирав кога ќе ме искараат и јас да незнам нешто , ама ја запамтив како книга што не сум ја сватила и не ми се допаѓа. Никогаш повеќе Друга нема стварно, сите би си ги читала втор пат. И чудна работа книги кога ги читам на српски, незнам ама ме боли глава и неможам да ги читам, на англиски што се вика со леснотија ги читам а со српскиов си имам проблем Ретко читам книги на српски.
Калуѓерот што го продаде своето ферари - Роберт Шарма почнав еднашка да ја читам книгава и не ја дочитав. секако немам намера некогаш пак да почнам : ) Исто и Моќта на потсвеста не би ја читала пак..