„Странствувањата на Чајлд Харолд“ - Бајрон... Па поглупа, побесмислена, подосадна книга немам видено, а и нема ни да видам СИГУРЕН СУМ! Милиони да ми нудат ни кориците не и ги отворам... :ЅЅЅ
ана каренина ја прочитав 2 пати ама џабе губев време предолга е,100 години самотија не 2 туку 3 пати ја прочитав ilent:...рингишпил не би ја читала по 2 пат,папокот на светот,раскажи ми ги соништата,затоа што те љубам,руска зима,некои книги од агата кристи...толку
Чекајќи го Годо !!! Умрев читајќи го, бавно умирав, иако е околу 80-90 страни. Повеќе не си го изложувам паметот на таква работа, не, не
Краеви и почетоци од Нора Робертс. Знам дека се работи за вкусови, ама оваа книга ми беше ептен глупа, типична американска приказна.
Темава се претворила во „ Која книга не би ја прочитале по втор пат“ Волја за моќ од Фридрих Ниче, концизна книшка за постојано потчитнување
Последната Нова година - Николо Аманити Вечерва и засекогаш - Нора Робертс Краеви и почетоци - Нора Робертс Прашање на избор - Нора Робертс Италијанскиот секретар - Кејлеб Кар Дневникот на Сузана за Николас - Џејмс Патерсон Првобитен град - Елмер Леонард .. И доста други. Некои од книгиве се толку површни и лошо напишани што не знам дури како некој се согласил да ги издаде. Особено трите горенаведени од Робертс. А секако ќе ја прочитам по втор пат Страв од летање - Ерика Јонг. Книгата ме воодушеви, но треба уште доста да се запознаам со психоанализата и егзистенцијализмот за да се решам да ја прочитам повторно.
Книги кои ми се досадни: -Оливер Твист -Хаклбери Фин -Хајди -оние од 1 до 4 одд.лектири. -Мајчин Споменар-Горјан Петревски.
Не би читала книга по втор пат. Можеби за многу години во иднина да се потсетам на некоја која многу ми се допаднала и ми оставила трага. А доколку се одлучам да прочитам некоја по втор пат, тоа сигурно би бил некој роман со содржина во која сум се пронашла самата себеси.