Преценетата Ромео и Јулија што е поим нели за романтични лигавења и изговор на девојчиња од 13 години да се мажат и да сечат вени по машко, ми ја крева косата. Најверојтано интелигенцијата ни е за потценување доколку не воочиме дека многу работи овде едноставно не пасираат. Како прво, Ромео е во годишната граница на своите 20. Сите знаеме што сакат машките на тие години од девојче. Љубов, а? Ај ти се молам. Второ, се знаеа 3 дена. Некој ми го појасни ова само без изговорот љубов на прв поглед жити се. Можеби нешто не е во ред со моето размислување со оглед нели, дека драмава е култ, ама нема да има следеќи пут.
Педесет нијанси сиво и те посакувам(продолжението од три метри над небото) зашто многу ми е глупа, а три метри би ја прочитала уште еднаш!
Еквинокс. Од што ми беше глупава 10 пати ја почнав и никако да ја довршам. Првите 30 страни можам да ги рецитирам. До тоа ниво ми е смотана што не можам да се сетам на крајот.
Јас лично никоја книга не би ја читала вторпат ! не од причина што ни една книга која сум ја прочитала не ми се допаднала туку некако тоа би ми било неповратно загубено време.... едноставно ми е чудно книга вторпат да читам...
Ниту една.Воопшто несакам да читам книга која што веке сум ја прочитала и ја знам содржината.Не е интересно.
Во принцип не сакам да читам книга повторно која еднаш сум ја прочитала. Но дефинтивно книга која никогаш повторно не би сакала ни в раце да е фатам е драмата Александар Македоснки- Жан Расин.
Ќерката на чуварот на спомените - Ким Едварс Никогаш не би ја прочитала по втор пат јас еднаш едвај ја прочитав а не пак
"Белиот чад" - Оливера Николова, очекував повеќе од книгава ама на крај ништо. Слаба содржина и нема нешто што може да те привлече да ја дочиташ. Јас ја прочитав цела се со цел и надеж дека ете може нешто ќе направи да ми залупа срцето силно ама за жал остана само надеж. "Кокински ноќи" - Џејмс Греам Балард. За разлика од првава оваа книга има многу добра содржина ама некако како недоразработена. Имал авторот добра замисла ама некако како после да имал недостаток на идеи за продолжението на книгата. И почнува интересно, ама 200 страници се влече се едно исто, ама баш се едно исто е. И не те задржува да ја читаш. Ме нервира тоа што секогаш ги памтам само глупавите книги, а тие што ме оставиле без збор не ми текнува точно на насловот и авторот. И да, секогаш кога јас со мои пари ќе си купам и одберам книга, неизбежно е да ја утнам, ама утка правам од светски размери.