Гуливеровите патувања од Џонатан Свифт досадна и воопшто не ми беше така интересна како другите книги уште за лектира е
Мислам дека се викаше Вини пу(не сум сигурна). Не знам кој е авторот. Ја читав (но не ја дочитав) во трето или четврто одделение и премногу беше досадна...
Жената на патникот низ времето-Одри Нифенегер Воопшто не ми се допадна, ја влечкав 2 недели, изгубив волја за читање од неа. Не ја препорачувам.
`Љубовта за Ана`-Иле Милевски! Значи на моменти си мислев,леле,како е можно вакво нешто од наш автор а веќе во другиот се разочарував.Катастрофа!!! Не вреди да се купува,ама добро,поклон ми беше. Всушност,што друго и да се очекува од нашите авторчиња од тој тип? Секојачест за Евгениј Хоуп и Коста Петров,ама другите....
Гуливеровите патувања,Чекајќи го Годо..едвај ги прочитав. Инаку во оваа категорија размислувам дали да ја ставам и Шагринска кожа..Интересна книга,малку тешка за перцепција,но вистинска порака носи во себе.
Ова не би ја читала по втор пат, не мора секогаш да биде сфатено како критика кон самата книга. Едноставно, има филмови што не се гледаат и книги што не се читаат по втор пат. Јас во оваа категорија би ги ставила трилерите да речеме, затоа што овој жанр е малку специфичен и неопходно е да те држи во состојба во која само ќе претпоставуваш што ќе се случи понатаму. Тоа ја дава целата магија на книгата. Нема да го доживувам истото чувство како првиот пат кога сум ја читала таа книга, затоа што ќе изостане неизвеснота што ме држела. Таквите книги знаат да воодушеват при првото читање, а да бидат крајно досадни ако ги читаш по втор пат.
Книга која не би ја читала никогаш повеќе е "Победникот е сам" од Пауло Коелјо. Неверојатно досадна книга која не успеав да ја дочитам до крај. Ми се допадна она за кое раскажува, но забегува во многу дополнителни објаснувања од кои го забораваш важното.
Сребрените снегови и Земјата на снегот овие две книги се тоталноо најдосадни, до сега шо имам читано.
ОЛИВЕР ТВИСТ! не, не, не Страшно досадна ми беше, а и покрај него исто така и Двојната лота, Улави години, Хакалбери Фин и уште многу други
Незнам зошто не ти се допаѓаат овие книги, мене ми беа доста интересни. Точно од одамна ги имам читано, а и на толку многу не прочитани не претпочитам да ги читам пак, но баш беа забавни особено Двојната Лота и Хаклбери Фин!! Инаку во стветот има толку многу книги што не ми се прочитани, па затоа не претпочитам да се повторувам... единствено ако премногу ми се допаѓа и нешто во внатрешноста на содржината ме тера да се враќам повторно и повторно на истата книга..!!
Чекајќи го Годо-баш чекаш нешто интересно да се деси,ама џабе Чевлите на другата жена,Адел Паркс-толку глупаво нешто,едвај ја дочитав првиот пат,не па за втор. Девојката со бисерна обетка-безлична книга,ич не ми се допадна. Автостоперски водач низ галаксијата(не знам точно како се викаше)-ја почнав оти сакам вакви книги,ама без врска е оваа,ја довршив едвај,не оставам никогаш книга,без разлика каква е.
Господарот на мувите... Книгата е до некаде реална за тоа што се случува кога човек е препуштен сам на себе ама толку гнасотии и насилство од страна на малолетни лица никаде не сум прочитала!
Будење од Антони де Мело. Сакав да прочитам некоја книга од тие самопомагачките, и наидов на оваа. Не очекував да е нешто посебно, ама не беше ни близу до тоа. Темата беше добра, будење и спознавање на светот околу нас, ослободување од прангите на општеството и слично, ама цело време се чувствував како некој да ми соли ум. Вака треба-така треба. Едвај ја дочитав. Не знам, можеби на некој што го сака овој тип на книги ќе му се допадне, ама сепак нема добра оценка од мене.
Сенка на ветрот, Играта на ангелот, Заточеник на небото, Mарина - Зафон Брокер - Гришам Изгубениот симбол, Кодот на да Винчи - Ден Браун again and again and again ...........
Јас искрено книги по 2пати баш и не препрочитувам Може да ми се случи тоа ама книгата треба да биде ептен исклучок или да не сум ја разбрала. По втор пат би ја читала Никаде без ќерка ми а по втор пат НЕ би ја читала Америкаснки Дервиш
Покрај ваква листа на книги, искрено се надевам дека погрешно си го прочитала насловот на темава - Книга која не би ја читале по втор пат. Зафон не очекував дека ќе го прочитам овде