Хм... кога добро размислим мислам дека не постои книга која ја имам прочитано повеќе од еднаш , освен Библијата и Малиот принц. Не сакам да читам книги кои ги веќе имам прочитано, без разлика колку да е добра.
Малиот принц, ни беше лектира во 4 одд, таа лектира би требало да ја читаме во поголеми одделенија бидејќи има порака во себе, а што може дете од 9 години да разбере во оваа лектира?!
Мојот господин совршен - Александра Потер Книгата е многу глупава, ефтина и глупава приказна, нема некој големи пресврти, се едно исто се врти, предвидлива е до самиот крај. Не би ви ја препорачала.
Не би ја читала Свештеникот од Метју Грегори Левис.... Многу ретко ми се случува да не завршам книга но оваа ме уби со нејзината монотонија...
Сите ама буквално сите не би ги читала по втор пат не дека несакам да читам туку едноставно не ми се интересни.
Пат околу светот за 80 дена Многу ја замразив Ми беше многу несватлива за читање, имаше некои случки кои неможиш да ги сватиш Па и тоа имињата никако да се разберат, многу глупи имиња: Филеас Фог, Паспарут имаше некои имиња кои едвај ги изговрав.. Пат околу светот за 80 дена- НИКОГАШ ПОВЕЌЕ !!!
Достоевски-Злостор и казна Не ми е досадна книгата, баш интересна беше, ама не би зела да ја читам повторно. Балзак-Шагринска кожа НИКОГАШ ПОВЕЌЕ! Се премачив..
Токму така. Па толку непрочитани книги има, што е бесмислено да се чита по вторпта, освен ако се мора (ако е учебник, на пример). Светот е полн со убави книги, треба да се земе барем една капка од тоа море...
Сметам дека читањето по втор пат ни малку не е интересно како првиот пат. Досега немам читано книга по втор пат. Можеби некогаш после години би препрочитала некоја која стварно ми се допаѓала, но само ако ја подзаборавам и сакам да се присетам. А, тоа сигурно не би била Дух-Даниела Стил, едвај ја дочитав, многу досадна ми беше.